Не знам колку стварно го цениме тоа што имаме толку лесен пристап до пиратерија, поради кој не ни се закануваат казни и ќорка. Да требаше да платам за ова што го изгледав, веројатно ќе беше најлошата инвестиција после аналната затка со ликот на Џар Џар Бинкс. Batman: Assault on Arkham воопшто го нема Бетмен, освен на омотот и неколку минути кои тотално не прават разлика. DC, од некоја причина, решиле баш вака да продадат Suicide Squad/Task Force X анимиран филм, на оние четворица во светот на кои им е гајле за ова генеричка заебана банда. Очекував приказната да е таква како во описот, сместена помеѓу Arkham Origins и првата игра. Дури и кроасаните внатре изгледаат поверно на сликата од опаковката од ова.
Пред да задремам, последно што се случуваше, Suicide Squad беа испратени во Аркам по Ридлер, веројатно поради некоја клише причина, колку да го оправдаат вистинскиот мотив на Харли Квин. Со помош на генераторот за сценарија на DC, постигнати се сите можни клишеа на дијалог и ситуации, од првата сцена со Ридлер, до моментот кога не почнав да размислувам за животот и погрешните постапки кои упорно ги правам. На неколку моменти кога ќе го слушнев гласот на Кевин Конрој, ја вртев главата од таван кон монитор, со надеж дека конечно Бетмен ќе дојде да го спаси ова што го гледам. Но, набргу се враќав на тоа дали бојата на плафоњерките воопшто одговара со нијансата на ѕидот и која година е флеката од комарецот таму кај испуканото.
Страшно е што е пропуштена ваква шанса, баш во момент кога игрите се толку популарни. Не го следев разовојот на филмов, ама еве, да претпоставиме дека одлуката да се залепи Бетмен во Suicide Squad приказната (која можеби оргинално се поклопувала некако со приказната од игрите) дошла кога некој се сетил дека апсолутно немаат никакви шанси да продадат нешто вакво. Мислам, ху д фак ар Suicide Squad? Еве ја сум чул, Љубиша ваљда читал, Петко, Станко некој друг разбрал... Како се битни? Зашто имаат посебен филм? Не се толку интересни како тимови со ракун што збори и ебано дрво, а и тие до пред некое време беа закопани по стрипови. Како и да е, го платиле Кевин Конрој за една минута вкупно дијалог, и тоа е веројатно најдоброто нешто тука. Кога веќе не го собраа за Son of Batman, мада и на тоа ќе му требаше многу повеќе од седум Кевин Конрои да го кренат на нозе. Кога сме кај Кевин Конрој, да пуштам оглас дека би го сменил било кој здрав внатрешен орган од телово за тој глас. Цело време ќе си ги нарирам постапките гласно.
Не знам што е следно од DC анимираниве освен Batman VS Robin, ама овој пат дефинитвно одам попретпазливо. Штета е што последниве им се толку срање, а имаат такви ко Year One и The Dark Knight Returns. Толку ли е тешко да искуцаш убава оргинална приказна (која и не ти е баш оргинална, извини вака) или да адаптираш нешто веќе потврдено страна по страна? Успеваше до сега DC, аман. И, онака очигледно Assault on Arkham не е за мали деца (секс сцени, голотија, пцуење), дајте им нешто на возрасните деца да згризат. Еве, ја тука во провалијава сум го симнал од торент, ама некој платил со пари за ова срање. Не е кул. Скроз не е.
No comments:
Post a Comment