Со последниот трејлер за Man of Steel, време е да почне да се одбројува до 14-ти јуни. Сите сомнежи дека е тешко да се пренесе Супермен во денешно време паѓаат во вода некако, нели? Уште еден доказ дека имињата на Кристофер Нолан и Зек Снајдер стојат за квалитет. Во моментот кога се појавија во целава приказна за рибут на Супермен, некако осетив сигурност која ете, веќе е оправдана.
Ова е втора шанса да се создаде Супермен за новите генерации, после она промашување со Superman Returns кај што уствари пропуштија океј Кларк Кент/Супермен со катастрофална приказна. Колку што Брендон Рут беше добар, толку Кевин Спејси остави дамка со можеби единствената лоша улога во неговата кариера. Овој пат имаат исто така солиден актер, Хенри Кавил, (одлично изгледа како Кларк Кент/Супермен), поткрепен со уште неколку имиња во соодветни улоги. Кога го видов Мајкл Шенон како Зод, ми стана јасно. Единствено не сум сигурен за Лоис, за тоа ќе мора откако ќе се изгледа филмот.
Режијата изгледа фантастично и некако е во склоп со целиот темен тон што се осеќа од трејлерот. Браво ако успеат да изведат посериозен Супермен филм. Транзицијата на ликот во денешно време никако не е лесна, а трејлеров укажува на тоа дека екипата дала сè од себе. Очекувам барем трилогија ако успее ова, а ќе успее. Убеден сум дека Man of Steel ќе биде меѓу најдобрите филмови годинава. Супермен заслужува достојно враќање.
"It's not an S. On my world it means hope."
2 comments:
so ovoj film ko sto najavija pocnuva dc comics cinematic universe
Коренити промени се гледаат у трејлеров за origin приказната за Супермен, можеби тоа на многу луѓе ќе им пречи. Сепак, Нолан што фати у злато се претвора :D, така да очекувам многу од филмот. Уште малце остана :)
Post a Comment