Покрај сите оние работи за RIFT на овогодинешниот Pax Prime кои ја расплакаа заедницата од среќа, Runic Games извадија и трејлер со кој го најавија датумот за Torchlight II. Играта официјално ќе биде објавена на 20-ти месецов, така што има време да се испазарат неколку резервни маусови.. мауси.. Мауси е?
Како и да е, се надевам дека ќе се исплати чекањето, зошто мене ми е нарачана уште пред два месеци. А, ја чекам од првиот момент кога ја најавија. Две години. Runic одложуваа неколку пати, со оправдување дека ќе добиеме исполирана игра, далеку подобра од оргиналот. Тие што ја пробаа бетата, тврдат дека се во право, па ете за три недели прилика сите да се увериме.
Мислам дека видеава ги немам постирано, па еве ги. Класите во Torchlight II: The Outlander, The Embermage, The Berserker и The Engineer.
Него, мене и друго почна сериозно да ме занима. Guild Wars 2. Другар ја донесе на работа и од тоа што видов, делува како да го оправдува хајпот. Језиво добро изгледа.
EDIT: Ова е 600-тиот пост на Crapwerk. :)
EDIT: Ова е 600-тиот пост на Crapwerk. :)
3 comments:
Три недели до стомачен вирус :)
Bojan Nikolov likes this.
Torchlight II - дефинитивно интересен наслов, со оглед дека првиот дел беше супер, поготово во време кога имаше дупка од наслови како Diablo. Сега за сега сум преокупиран со D3 ама дефинивно вреди да се одвои време за Torchlight, затоа што првиот дел беше страшно добар.
Честито 600 постови!
Post a Comment