May 22, 2010

30 години The Empire Strikes Back

Поминаа цели триесет години од премиерата на The Empire Strikes Back. Често пати кажувам дека ова е мојот омилен Star Wars. Од почеток до крај, филмот блеска од совршенство. Од дете, до денес, сцената со АТ-АТ вокерите на Хот го предизвикува истото чувство на воодушевување кај мене. "Do, or do not... there is no try" ми е омилена филмска реплика со години... Вејдер му открива на Лук дека му е татко, врв моменти на Хан Соло ("I know"), го има Лендо, нема Евокси, нема Џар Џар... Цели генерации се облежани со ситниците кои би набројал.

The Empire Strikes Back е можеби и врвот во филмската индустрија и пример за како се прави блокбастер. Интересна приказна, која иако е дел од трилогија, функционира и независно. Интелигентно сценарио, милион реплики за памтење, и неверојатна хемија меѓу ликовите. Нема елемент од филмот што би можел да го одвојам како најквалитетен, зошто се има придонес во крајниот резултат. А, најфасцинантно е тоа што и после триесет години, The Empire Strikes Back е свеж, како да почнал да се прикажува пред недела. Да направиш нешто толку безвременско воопшто не е лесно, а малкумина успеваат. Покрај тоа, филмот го нуди истиот жар секое гледање и никако не здосадува. Вакви филмови се прават еднаш и остануваат за генерации. Каков Avatar - ова е тоа. Ремек дело. Фак оф.

Деновиве ја анализирав новата трилогија. Паѓа на најбитната работа - нема душа. А, мала споредба на било што од старата со новата, вади уште низа други недостатоци. Не дека не го знаев ова, туку упорно игнорирав некои ствари кои се баш слон у соба. За ова ќе зборам повеќе, откако маратонски ќе изгледам пак.

4 comments:

Losteech said...

Кој е овој Џорџ Лукас за кој зборуваш? Јас колку што знам Харли го има напишано сценариото? :))

Бојан Николов said...

Харли не стигна да го напише. :)

Losteech said...

Уствари најсмешно во целава ситуација е што воопшто во постот го немаш спомнато Џорџ Лукас. Изгледа време е да си легнам. :D

Бојан Николов said...

Хаха, да. :))