May 20, 2010

Lost 6x16 - What They Died For

Претпоследната епизода Lost. Колку чудно ми звучи ова, не можам да замислам како ќе се осеќам следната недела. Ќе го скокнам делот кај што мрчам за претходната епизода, тоа ќе го направам по финалето кога ќе сум убеден дека се што гледавме нема смисла. Во секој случај, Lost беше феноменално искуство и вакво нешто, телевизијата нема долго да види.

Интересна епизода. Успеаа да вметнат еден куп работи што требаше да ги видиме претходно. Пак умреа многу луѓе, некои дури и прерано и преглупо. Видмор? Што беше неговата улога? Веројатно не била толку значајна како што мислев. Ричард? Зошто Ричард? Кјуз и Линделоф изгледа стигнале да напишат нешто повеќе само за Џек, па решиле сите други да ги убијат на брзина и да не се замараат со нив. Мотивите на MiB се јасни и очигледно никој неможе да го сопре (освен Џек во последната епизода, нели?), Бен е сеуште себично манипулативно копиле, а другиве... другиве што? Освен Џек, претпоставувам сите ќе умрат, нели наједноставно да им се завршат приказните.

Џејкоб конечно прозборе пред Кандидатите, им објасни неколку ствари што требаше да ги знаат уште одамна. Многу исфорсирано и површно. Као ајде, дај да ја завршиме серијава, еве ви. Зошто Хуго не го праша Џејкоб како бројките биле добитна комбинација за лотаријата или сите го заборавија тоа? Јебига, има ситници што носеа на грб цели сезони и сега ни трага од нив. DHARMA толку? Египетските мотиви што го преплавуваат Островот, не а? Има уште милион прашања што нема да бидат одговорени, а наместо тоа во финалето ќе видиме како Џек ќе ја чува магичната жолта пештера што ги претвара луѓето во црн чад. Fail.

2 comments:

Losteech said...

Dislike. Многу работи за кои се прашуваш ни се одговорени, директно или индиректно.

Ама ОК, секој си има право за свое размислување. :D

Бојан Николов said...

Точно, се согласувам. Одговорени се. Но, побитните се одговорени смешно, недоволно или воопшто не се. :) Ако нешто е океј одговорено, тоа се мечките. :)