За жал, приморани сме да играме пинбал на компјутер, зошто времето на вистинските пинбал машини одамна пројде. Пинбалите умреа заедно со аркадните игри уште пред години, барем кај нас. Незнам кога последен пат сум видел негде пинбал во Скопје, најверојатно нема.
Pure Pinball 2.0 Redux е најдобрата пинбал симулација што сум ја играл до сега и сигурен сум дека е најдобра што може да се најде за PC. Сум играл неколку и никогаш не сум сретнал нешто волку реално. Детално изработено, куглата се однесува реално, па некако можам да ги оправдам скршените Shift-ови на тастатурава.
Има вкупно три различни машини, секоја со куп мисии и разни фори за правење милиони. Не е вистински пинбал, ама кога се нема...
Играва ја има по Репидшер и торенти, лесно се наоѓа и е околу 200 мегабајти.
15 comments:
Постов е пропорачан на насловната страница на Пинг.
Е фала ти за ова :))) Сакав да најдам old school pinball, и све заборавам, а ова постов ко кец на десетка ми е :D
Тоа што рече Наум. :)
Фала за пинболчево, едно време се утепав од барање добар пинбол.
Друже, претпоставувам дека го играш пинбол емулаторов Virtual Pinball, или дека некад си го играл. :)
Имам ПРОБЛЕМ, пинболиве, некои делови се матни и самиот пинбол изгледа "евтино".
Се утепав од барање вчера некое решение по форумиве пола ден ми отиде. :) ВИкаат у preferences>videos
да се изменат некои опции АМА која верзија и да ја симнам, чудна работа, ги немам тие фантомски опции, само за резолуција, многу е помало прозорчето отколку што треба да биде.
АКо знаеш што може да биде проблемот и имаш време, помагај... :)
Уф, го неам играно тој. Ги играв оние за ПлејСтејшн шо беа и Pure Pinball. :S Така што не би можел да ти помогнам со тоа, али ако најдам нешто, ќе го постирам тука. :)
Поздрав!
Пишав и на Kајгана па да видам дали ќе се јави некој...
Ако си по пинболи, емулаторов ти е must. Не знаеш што пропушташ. :))
Лесно се мести.
Мислам дека ги има скоро сите пинболи што искочиле од 50-60-ти некои првобитни верзии, па се до 2003-та.
Нaјдов еден пинбол Black Rose што го играв(мe) у средно на голем одмор. :)
Pozdrav
Нааајс! Обавезно ќе го пробам! Фала! :)
Ова е тоа :
http://en.wikipedia.org/wiki/Visual_Pinball
"VISUAL" е, ме буни тоа што кога ќе го отпакуваш, на .exe фајлот пишува Virtual. :)
Еј, закон е ова! Индијана Џонс ROM има ли?
Нема тоа али најдов The Empire Strikes Back! :)))
Уште прашуваш! :))
http://www.youtube.com/watch?v=_7l-w8NeCsQ
Индијана Џ., Стар Трек, Остин Пауерс, Твајлајт ЗОун, итн... а тек ГНР пинbолот да го видиш!
http://www.youtube.com/watch?v=dHpDdQTZULg
Ако си по ГНР :)
Закон! Индијана Џонс! :))
Иначе, не сум по ГНР. :)
Симнав понова верзија 9.1 и сега ги има тие додатни видео опции како ХД рендеринг, го уклучувам ама џабе, пинболиве некои делови не се рендерираат како што треба и мутни се...се игра ама не е тоа тоа, како што треба да биде. Пошто комјутеров ми е стара крнтија ќе пробам попосле и на лаптопот. Беља работа. 2 дена симињам штракам по опции ама јок. :)
Па кога ќе моеш/имаш време да испробаш чим те интересира, пиши дали и тебе ти се мутни пинболите :)))
Баш ќе видам. Цел ден се спремам да симнам и све некако одлагам, средувам некои други ствари демек. :))
Чим пробам ќе пишам. Мада може и кај мене да е чудно, освен ако не поддржува 1920x1080 резолуција.
Ма не (ми) е итно, кога ќе моеш, тогаш. ВО меѓувреме ќе се користат некои други емулатори (PCSX2, да се потсетам на некои PS2 игри :)))
Иначе поддржува секаква резолуција, се мести у видео опциите.
Пробав се што можеше еве ина лаптопов нејќе...иако не е тоа, некои пинболи можеш да ги играш ама па некои како Бетмен Форевер само зелени линии гледаш, многу е ружно.
2 дена се заебавам, дигам раце. :)
Post a Comment