July 14, 2007

Transformers конечно!

Конечно го дочекав, и конечно успеав да го глеам. Кино-снимка, ама доста солидна. Се мислев да пишувам рецензија како за Casino Royale, ама ме мрзеше за се посебно да пишувам, освен тоа, и нема што повеќе да кажам од ова подолу.

Филмот ептен ми се допадна, бев со подотворена уста тие два саата. Готово, си викам, ова иде во најомилени филмови. Сега, кога ќе подрасмислам со ладна глава, не иде баш во најомилени филмови, ама тука е некаде. :)

Е, сега. Мислењата за филмов се поделени, како кај фановите, така и кај оние што првпат се среќаваат со Трансформерс. Некои се разочарани, други задоволи и го гледаат по четврт пат...

Мене лично, ми е прилично океј. Како и повеќето, ќе се фатам за ефектите, ама тоа е она што го вади филмот. Добро де, и Меган Фокс.

Точно е тоа дека во филмов многу работи се изменети во врска со самите Трансформери, како на пример Бамблби, или чудниот изглед на Мегатрон и неговата трансформација. Штознам, освен за Бамблби, другово донекаде е и оправдано. Ај, замислете колку е глупаво таков џиновски робот, да се претвара во пиштол. :) Баш од овие причини го немало Саундвејв во филмот (се трансформира во мала аудио касета). На цртан би успеало, ама не знам колку на филм.

Уште една голема маана, е тоа што повеќе се застапени луѓето во филмов, отколку Трансформерите. Друг недостаток на филмов е неконзистентната приказна и празното сценарио, кое донекаде го вади хуморот на Трансформерите. Ама, ху гивс а фак абаут сценарио/приказна во Трансформерс. :)

Ако треба да го опишам филмов со еден збор, ќе кажам дека е интересен. Очекував лош филм, а добив интересни два саата. Тоа е тоа.

За крај, ќе кажам дека филмов или ќе стане класика или ќе биде заборавен летен хит.

July 12, 2007

Re-Animator стрип

Re-Animator ми е еден од омилените филмови. Ги сакам сите три дела, и се надевам дека гласините за четвртиот ќе се претворат во реалност.

На кратко, за што се работи. Херберт Вест е студент по медицина кој работи на "лек" што ре-анимира мртви организми. Филмовите се правени според одличниот расказ на H.P. Lovecraft, а во улога на лудиот доктор е неверојатниот Џефри Комбс (Star Trek фановите ако не го знаат нека си пукаат у колено).

Денес случајно налетав на стрип, еден број е, издаден од Dynamite Entertainment. Го симнав, го прочитав набрзинка, барав уште - нема. Има неколку Army Of Darkness VS The Re-Animator, ќе ги симнам кога ќе ги најдам. Тоа е тоа, одлично (кратко) стрипче, штета што нема уште.

July 6, 2007

Samsung SV4002H Помен

Ех, една година откако ми цркна стариот хард-диск, со 40GB податоци и без никаков бекап, зошто пред да цркне, цркна и DVD режачот. Дента кога купив нов режач, цркна хард-дискот...

Битно научив добра лекција, и сега си правам бекап најмалку двапати месечно, и не оставам битни податоци да стојат неизрежани повеќе од еден ден.

Вратив (симнав пак) само дел од музиката и филмовите. На хард-дискот има еден куп работи кои ми се битни, и единствен начин да ги вратам, е да се поправи хардот.

Го носев на неколку "мајстори" низ градов, некои викаат дека цркнала електрониката, други нешто друго... Битно е сеуште во кома, и ако некој знае некој чудотворен јунак што се разбира во ре-анимација на хард-дискови, нека ме исконтактира. Барам чаре веќе една година. Работава е ептен критична, ќе идам и кај Анета Кочишки у емисија ако треба. :(

Моделот е Samsung SV4002H.

July 3, 2007

Излезе Transformers!

Конечно почна да се прикажува во САД. Transformers филмот го чекам уште откако беше најавен. Трејлерите скроз ме мрднаа. Штета што ќе мора да чекам долго да дојде и тука во кино, или па за подобра снимка, пошто сакам феноменалната анимација на Трансформерите да ја гледам на убава снимка.

Побарав на Mininova, повеќето од фајловите се фејк, па еден тип во коментарите го прати овој линк. Го симнав видео семплот, стандарна кино-снимка, со лош звук, малце се тресе... Ако не издржам (а нема), ќе го симнам.

Иначе, си ги имам оние старине Трансформерс цртани, што ги даваа на МРТВ на времето, и си гледам повремено.

Што се однесува до филмот, се изначитав еден куп негативни коментари за сценариото и приказната, ама сепак ќе се уверам сам. За анимацијата на Трансформерите, никој не смее ништо лошо да каже, затоа што е веројатно најдобрата 3D анимација било кога направена.
Останува да чекаме да дојде во кино, или за копија со подобар квалитет. А кога ќе го гледам, ќе пишам на блогов.

Divine Moments of Truth

dmt, dmt, doo dee doo dmt, lsd doo dmt, lsd doo dmt...divine moments now, divine moments of truth, total and utter cosmic stuff...
Bе here now... I love everybоdy...