June 22, 2007

Елементарна непогода

Мислам дека ако уште излезам од дома на топлово, ќе се ничкосам на асфалтот. Климатизеров едвај постигнува, а ако го изгасам, за пола саат почнува да ми се топи матичната на компјутеров.

Отидов по цигари прееска, ќе умрев, а на 20 метри од дома ми е продавницата. Мора камила да си набавам, под итно.

Исто така, сериозно размислувам да почнам да одгледувам кактуси во двор.

Не помага ни туширање два пати дневно, ни +5 испиени литри вода, ни ништо. Ќе почнам да праќам омоти од Пепси, за она награднана игра, пошто ми се собраа еден куп шишиња.

June 21, 2007

Огледало на човештвото

Барајќи нешто сосема друго, налетав на серија слики коишто претставуваат дел црната историја на светот. Од линчувањето на црнците во 1930, Ана Франк, Хирошима и Нагасаки, па се до 9/11. Сепак, меѓу сите овие слики на ужасот, во текстот насловен како "Слики кои го променија светот", има и портрети на Ајнштајн, Черчил, првиот лет со авион и други слики кои ја обележуваат поновата историја на човештвото.

Со кликање на некои од сликите, може да се погледне и документарец кој е поврзан со сликата. A, за секоја слика има и посебно објаснување. Повеќето од сликите се прилично грозоморни и сајтот не ги препорачува на секого. Кој е заинтересиран, може да погледне на овој линк.

June 13, 2007

Анализа на Блогерај

Го следам Блогерајот од самиот почеток. Пред тоа, а и сеуште, го користам сервисот на Blogger.com кој комплетно ги задоволува моите блогерски потреби. Мојата приказна на Блогерај, почна минатата година.

Идејата за македонски блогерски сервис е феноменална. Реализацијата, може и подобро. Додуша, колку што можев да приметам, во почетокот се си функционираше нормално, се додека не настана промена на поставата која го одржуваше Блогерај. Како и да е. Нема да тупам за тоа што било, туку за тоа што е сега. 

Кои се, според мене, главните проблеми на Блогерај? Океј, ова си е мое мислење, знам дека не сум компетентен да зборам, ама ќе си кажам. Како што растеше популарноста на Блогерај, доаѓаа се повеќе и повеќе нови луѓе, нови блогови и слично. Дојде и една голема маса на луѓе, која начека бесплатен веб-простор и навали со својата ретардираност и злоупотреба. Ова е проблемот на самите луѓе, не на Блогерај, но нели, заедницата ја прават луѓето. Ретко кога може да се прочита нешто квалитетно, корисно и интересно, нешто што ќе го задржи вниманието на читателот да го посети истиот блог повторно. За жал, се наоѓаме на сервис каде што секој сака да блогира, без разлика дали воопшто го знае значењето на терминот блог или не. Знам, не сум тој кој што треба да каже кој знае/не знае и треба/не треба да блогира, ама ете, да си изнесам што ми пречи. Како и да е, одамна престанав да обрнувам внимание на ова. Останати се малку асални луѓе што пишуваат овде, така што, моите омилени македонски блогови се на некое друго место. Квалитетот е опаднат, и тоа е тоа. Толку за луѓето, за повеќе, разгледајте 90% од блоговите.

Функционалноста е друга приказна. Има некои работи што воопшто не работат кај мене (Google Analytics), некои скрипти неможат да се убацат во HTML кодот (ги класифицира како сомнителни), има неколку други ситни багови, неможност за измена на некои наслови во полињата на блогот, како на пример она, блог-пријатели (океј, може, али треба неколку линии код да искуцаш), недостатокот на категории и неможноста за додавање свои (ко што е labels на Blogger.com). Има уште, ама ме мрзи сега. Повеќето од овие работи што ги набројав не ми ни требаат, се може и без нив.

Ако некој некогаш реши да направи нешто за Блогерајов, имам неколку предлози. Нови темплејти. Досадни се веќе овие што се тука, а многу малку блогери (бар тие што јас ги читам) имаат уникатен изглед. Не сакам да споредувам со БлогерМК, ама стварно имаат подобри темплејти. Треба да се решат некои ствари како проблемот со најавување, кој некогаш се јавува и без никаква причина.

Најпозитивната страна на Блогерајов, е самата блог-заедница, ако може така да се нарече. Дури и најлошиот блог си има своја публика, и кој да му го плука/фали блогот. Има прилично добра комуникација меѓу блогерите, некои блогови си имаат свои редовни читатели, и еден куп потенцијални.

Пак ќе се навратам на содржината. Освен тоа што 70% од блоговите се слични, повеќето почнуваат со шаблонски прв пост, па имаме дури и апел за оставање на коментари (ajde sega da pi6ete komentar4inja), меѓусебно линкање од типот на ако ти мене, тогаш ја тебе, блогови кои рекламираат нешто, блогови кои имаат еден запис кој зборува за сексуално општење со близок член на семејството на X, блогови за иста тема кои сите се со никаков квалитет и така натаму... Ме мрзи да набројувам.

Инаку, на што се смеам највеќе. На тоа како нашите блогери се палат на бугарите и нивната пропаганда. Мислам, кои се они бе така на наш сервис? Чекај бе, ти брани некој да идеш на нивен блог-сервис/форум/што-и-да-е и да сереш? НЕ! Слобода на говорот, ок? Ти што си ретардиран никој не тe прашал што бараш тука. Во контекст на ова, има и такви што се жалат дека биле цензурирани. Да , Трендо нема друга работа, па ќе ве цензурира. Вас, опасните блогери, заканата за Блогерај, Македонија и човештвото! Најверојатно се работи за некаков баг, кој ете, случајно се појавил во тој момент, или па ако не сакал да ви се објави (цензурираниот) текст, сигурно се дисконектирала интернет врска, и сесијата во која сте биле најавени прекинала.

June 12, 2007

Мобилен што пушта Nintendo NES игри

Додека деновиве размислувам во која канта за ѓубре да го фрлам мојот Sony Ericsson K300i, кој е веќе во фаза на распаѓање, налетувам на Gionee S20. Дали воопшто некој слушнал за Gionee претходно? Ни јас.

Што е Gionee S20? Покрај тоа што е стандарден мобилен телефон, Gionee доаѓа во вграден емулатор за NES rom-ови. Значи, може да се играат сите игри што сме ги играле на Nintendo NES.

Освен тоа, може да се приклучи со обичен телевизор, и на тој начин да уживате во игрите.

Gionee е кинеска фирма за мобилни телефони, чии производи не верувам дека некогаш ќе може да се набават кај нас, без разлика колку се интересни, практични, квалитетни (хм?) и слично.

June 7, 2007

Добро (хиперактивно) утро

Одамна не сум бил буден ова време. Тотално ми е изреметен биоритамот, така што не заспав цела вечер. Планирам да не спијам цел ден, за да си легнам во 22:00. Преку глава ми е да легнувам во 06:00 и да станувам попладне.

Нејсе. Знае од време на време да ме спука ваква несоница, и после тоа да добивам напади на нарколепсија во текот на денот, пропратени со психоделични халуцинации.

Го редизајнирав Crapwerk, и не го мењам ова, па што сака нека е. WoW ми скурчи вечерва, не играм денес, нека се ебе. 45lvl, доста е за овие денови. И онака коа ќе дојдам до 70 се откажувам.

Хиперактивен сум сабајлево. И чудно ми е што сум буден во 10:00, башка се погоди сончево - мерак. Им мафтав на ѓубреџиите од тераса, онака окезен што сум буден. Не ме отпоздравија. Си направив кафе, ќе ме држи некое време, па после уште едно, и уште едно.. Мора да си го средам биоритамот, да си легнам порано, и утре пак да сум буден ова време. Добив на време денеска, имам еден куп работи што треба да ги завршам и ова супер ми дојде.

Ќе го мрднам г'зов сеа, ќе идам бурек да си купам или пица.

Ах, да. И коа веќе се распишував, ќе бидам серко и ќе се пожалам дека Блогерајов смрди, има 379 работи што треба да се средат за да функционира нормално. Мада, ги разбирам луѓево што се/биле одговорни за него. И ја би прекинал да се грижам коа би видел какви све луѓе го злоупотребуваат (користат е погрешен термин) сервисот. Треба да се направи некој филтер за ретарди, зошто добрите блогови се губат во морето од дебили. Не знам кога последен пат сум налетал на асален блог. У почетокот подруго беше...

June 3, 2007

World of Warcraft: Најдобриот пиратски сервер (WoWscape)

Памтам дека само што го пишав постот за Thаng, почнав да играм World of Warcraft. По некои две недели, испробување на разни класи, раси и приватни сервери, завршив на WoWscape. Се играше 1.12.x верзијата, се до пред недела дена кога го апдејтуваа серверот во The Burning Crusade, со 2.1.0 верзија. Поради стабилноста и големиот број на луѓе на тој сервер, не сакав да сменам друг, симнав TBC, апдејтував и моментално сум Blood Elf Warlock (името на карактерот е Boyan, играм во The Legion гилдот.


Што го прави WoWscape подобар од сите други сервери? Имаат нов емулатор кој може да врзе до 1000 играчи на серверот без никаков лаг. Тоа е кул, пошто памтам на другиве приватни сервери, има најмногу до 150-200 луѓе (и тоа ептен ретко) или па 50 во просек. Така што треба да се шеташ пола саат, за да налеташ на “жив” играч.

WoWscape е поделен на два дела, на fun сервер (со висок XP rate) и blizlike (за тие што сакаат да осетат како е да се игра оргиналот). На fun серверот, рекордот вчера беше околу 700 луѓе. Предлагам сите што играат на пиратски сервери, да го пробаат WoWscape, зошто е најдобар од сите до сега. А пробав над 15 различни сервери. Овој има минимален број на багови, има доволно луѓе (може да се оди на рејд, и со 15 други), океј Гејм-мастери (моментално се двајца, али океј се), не лагира... единствена маана е тоа што овие денови често паѓаше, но за минута го креваа пак.

Да, знам. Не е исто на оргинален и пиратски сервер, и пред да почнете да ми предлагате да ја играм оргиналната, донирајте некој денар на мојата “Помогни му на Бобо да собере пари за WoW” жиро-сметка.