April 2, 2007

Linux: Инсталација на OpenSuSE 10.2

Инсталацијата на openSuSE 10.2 (последната верзија до сега), е прилично едноставна, па секој кој инсталирал Windows XP пред тоа би се снашол. Дури и тие што првпат сами инсталираат оперативен систем. openSuSE 10.2 е нормално, бесплатен за симнување. Инсталацијата е на 5 CD-a, или едно DVD. Нормално, ако имате DVD-ROM/RW, симнете ја DVD инсталацијата, да заштедите време и нерви. Инсталационите дискови можете да ги симнете тука. Да почнеме.

Значи, потребна ви е слободна партиција. Не е потребно да имате креирано Linux партиција претходно, бидејќи при/пред инсталирањето на openSuSE 10.2 има можност да се избрише старата (пр. FAT32, NTFS) и да се креира нова, со Linux file system. (пр.ext2, ext3)

Првиот чекор би било ставање на DVD/CD-то во соодветниот оптички уред (hint: не е флопи драјв). DVD/CD-то само ќе се boot-ира, и ќе излезе едно мени со неколку точки. Избирате installation. Следи подесувањето на јазик (има и македонски) и прифаќањето на license agreement-от. Потоа следува подесувањето на временската зона, и на крај работната околина. Двете најкористени Linux работни околини се GNOME и KDE. За ова планирам посебен текст, до тогаш пролистајте нешто сами. Јас користам KDE.

Потоа следи, Installation Summary. Самата инсталација предлага да го форматира целиот хард-диск, и да направи свои партиции. Внимавајте, зошто ако стиснете next, отиде другиот оперативен систем (доколку го имате) заедно со податоците. Има опција да се избере празната партиција, другите да останат недопрени, додека таа партиција можете да ја избришете и да направите нова, како што спомнав погоре. Откако ќе го направите ова, проверете дали под Partitioning стои дека партицијата ќе биде форматирана во Linux file system, па стиснете next.

Почнува инсталацијата, но пред да почне, ќе бидете прашани, кои софтверски компоненти да ги инсталира. Ако не сте сигурни, или ви е првпат, оставете како што е, и притиснете next. Инсталацијата трае пократко од инсталирање на Windows XP. Откако ќе заврши инсталацијата, следува сетирање на root лозинка, вашиот акаунт, сетирање на интернет конекција, online update (оставете го ова за подоцна), креирање на други акаунти/users, конфигурација на хардвер (проверете дали се е препознаено од вашите хардверски компоненти, но, веројатно се ќе биде) и тоа е тоа.

Системот се reboot-ира, а за тоа време извадете го DVD/CD-то од уредот. Доколку имате два оперативни системи, ќе ви понуди да изберете (избирате openSuSE 10.2, нормално), а ако не, директно ќе се подигне. Тоа е тоа. Запознавајте се со новиот оперативен систем. :)

За видео туторијал на openSuSE 10.2, клик тука.

No comments: