November 5, 2007

Holy retarded trap, Batman!


"Batman" серијата со Адам Вест и Бурт Вард ми беше омилена кога бев мал. Ја даваа на МТВ, ја гледав секогаш, дури и ги снимав епизодите на VHS. Пред некоја недела, си ја симнав втора сезона, онака, од носталгични причини.

Лоша серија, човече! Мислам, мене да ми се избаци некој облечен како овие Бетмен и Робин, ќе му се згазам од смеење.

А, да не зборам за формулата по која е правена серијата. Значи, се дешава некоја провала, Гордон му се јавува на Бетмен, па со Робин се спуштаат во пештерата, влагаат во Бетмобилот и одат до полициската станица. Таму им објаснуваат што се случило, и наоѓаат негативецот и неговите луѓе. Се тепаат, негативецот бега, и нешто покасно - Бетмен и Робин се заробени (види слика, ги ставија под огромни лупи за да изгорат на Сонце) во најглупите можни стапици! Скари, мети за стрелање, жешки подови и слично. Епизодата завршува оставајќи го негативецот да ја проследи разврската in the same bat-time, on the same bat-channel! [sic]


Во продолжението, на само момент од нивната смрт, негативецот кој ги заробил го снемува, оди некаде, оставајќи ги Бетмен и Робин да се испржат на скарата (или слична ретардирана стапица). Тогаш Бетмен и Робин се ослободуват, и одат по негативецот.

Ако сте гледале една епизода, сте ги гледале сите. Незнам како издржала серијава три сезони. Сепак, има и некои интересни моменти, како појавувањето на Брус Ли во улога на Като од Green Hornet, како и незаборавното batusi на Адам Вест! (еве уште еден batusi линк)

Тука е и култната најавна шпица (танананананана... Бетмеееен, Бетмеееен, Бетмееен!), црвениот телефон, бркот на Цезар Ромеро (Џокер) и "BANG!" моментите. Нормално, и "Holy _____, Batman" фразата на Робин, искористена точно 352 пати во трите сезони.

13 comments:

Anonymous said...

Па сеа незнам што очекуваш од серија снимена у 1966 година. Можда и затоа толку издржала :)

Можам само да замислам што ефекти имало :P

Бојан Николов said...

Не зезај, и Стар Трек е од тогаш, па не е уопште смешна. Освен некои грешки, ваму/таму, како кога се мрдаат тоа карпите. :)

Разбирам јас и низок буџер и све, али толку ли бе лош вкус за естетика? Види му ги ушињата на Бетмен и све ти е јасно. :)

Rogi said...

Баш и јас сакав да ги спомнам Star Trek, како пример за серија од тоа време. Апсолутно се сложувам.

Е сеа јас не се секавам дека сум ја глеал серијава, поише се секавам дека сум ги глеал цртаните од истиот тип :D.

Али според мене и најстање серијата (ко оваа на пример) од тоа време е далеку боља од новиве срања што ги исмислуваат секојдневно. За цртаниот боље и да не почињам. Beats Fifi или телетабиси у секое време :D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D

Бојан Николов said...

Ги имам и цртаните на Hanna-Barbera. Четири епизоди на VHS, со Џокер, Кетвомн, Ридлер и Мистер Фриз. :)

Ама се знае.. најдобра екранизација на Бетмен се филмовите на Тим Бартон и анимираната серија од 1992 + "Mask of the Phantasm". Другото е горе/доле тапа. :)

Anonymous said...

"Мислам, мене да ми се избаци некој облечен како овие Бетмен и Робин, ќе му се згазам од смеење"
ХАХАХАХА!!! :D

него, ми текна на серијава човече, стварно ретардирана- мислам кога ќе видиш воопшто не ни личат.

страшно! :)

Un said...

Абе видете го времето(годината) во кое овие стории биле напишани. Тоа е показател за се. :)

Anonymous said...

Не, убедливо најсмешен у контекст на ефектите е јапанскиот оригинален Годзила т.е. "Gojira [1954]"!

филмов е газење! :D

Бојан Николов said...

Нено, абе не ми ја закачај Gojira, алооо? :)

Сериозно, Gojira серијалот ми е еден од омилените. Од 1954, па се до последниот филм од 2004, "Gojira: Fainaru uôzu".

Anonymous said...

Стварно?
хехе

мене "Dracula" :)

Бојан Николов said...

Дури и "Dracula 2000" и "3000"?! :D

Anonymous said...

3000 не сум го глеал, а 2000 добар е бе. :)
мада не мислев на него :D

А кога сме веќе тука, what about "Dracula: Dead and Loving It"? :D

Бојан Николов said...

Најдобар после оној со Кристофер Ли. :) Лесли Нилсен владее.

Anonymous said...

ej dali znae nekoj kaj da gi simanm ovie epizodi od betmen 1966 od internet???? pisete na filip_stallion@hotmail.com