May 13, 2013

Најава: Agents of S.H.I.E.L.D.

Филмската франшиза на Marvel се сели на телевизија оваа есен. Agents of S.H.I.E.L.D. (клик тука за промо видео) ќе се врти околу група агенти на... кхм.. S.H.I.E.L.D. предводени од Фил Колсон кој веќе го видовме во неколку претходни филмови. Последен пат во The Avengers нели, заради што серијата прво ќе треба да појасни како преживеал. Но, ова е стриповски универзум, а објаснувањето ќе го добиеме од никој друг, туку Џос Видон кој уствари стои зад серијава. 


Повеќе фактори укажуваат на тоа дека од есен ќе уживаме во квалитетен продукт кој би требало подлабоко да ги чепне активностите на S.H.I.E.L.D. и она што го прават кога не се расправаат со суперхерои и нивните душмани. Со самото тоа што е серијата е сместена во истиот универзум, се остава огромен простор за помалку познатите херои на Marvel, пред сè зошто "големите" се скапи. Во секој случај, јас сум веќе задоволен од тоа што го знам за серијава и тоа ми е повеќе од доволно за од септември да ја следам редовно. Видон е мајстор на занаетот и мило ми е што пак доби телевизиска шанса која сигурен сум дека ќе ја искористи како што најдобро знае. 

Приказната ќе биде сместена по настаните во The Avengers и Колсон ќе го придружуваат уште неколку агенти кои изгледа се смислени специјално за серијата. Никаде не видов дека се појавуваат во стриповите, а тоа и не е баш битно во моментов. Значи, ете серија за гледање од есен, таман нешто што би пополнувало време до продолжението на The Avengers и стварите од истиот универзум што треба да излезат во меѓувреме. Серијата ќе оди на ABC и твојот омилен торент тракер.

А, да. Уште една работа за која треба да е човек среќен што е Marvel фан... Уствари две работи. Avengers Assemble и Hulk and the Agents of S.M.A.S.H. летово. Одлично одиграно, Дизни, одлично.

No comments: