Почна шестата сезона на Californication. Зошто претходните пет ги средив за една недела пролетоска, си почекав повеќе од пола година. Првава епизода не беше ништо посебно, сосема си е таман, меѓутоа имам некои ситни забелешки. Следуваат спојлери подоле.
Очигледно ќе гледам уште една сезона каде што срањата на Хенк ќе доживуваат нов максимум. Последната епизода од минатата сезона можеше многу лесно да биде фин крај на серијата, да не се случеше тоа се случи, нормално. Мислам, секоја сезона е така. Кога работите меѓу Хенк и Карен ќе тргнат во добра насока, секогаш нешто се испрчува на средина и дава повод за уште една сезона. Опцув кога во финалето на петтата сезона опсесивнана девојка (не ми текнува како се викаше) го отру Хенк со апчиња, зошто знаев дека настаните ќе се ресетираат.
Еј, па и тоа не беше толку лошо до сега. Пет сезони и тоа супер сезони. За жал, во првата епизода од новава сезона, серијата се соочува со замор. Дури ни Духовни не ми е некако во форма. Делува подостарено и како не ми е на иста линија со ликот. Само што овој пат ќе биде во центар за лечење од алкохол. И една од неговите книги ќе ја адаптираат во мјузикл (не може пак филм сега, нели?) Пак ќе се случуваат ствари, ќе почне да се чачка со некоја од таму овој пат и пак ќе го гледаме истото што го гледаме пет сезони наназад.
Во секој случај, сеуште ми се драги ликовиве и серијава, па ќе ја гледам сезонава каква и да е. Можеби нема да е на ниво со претходните, ама верувам дека ќе ја извозат како што заслужува.
No comments:
Post a Comment