Со 17-тиот број, се заокружи големото враќање на Џокер во новиот универзум на DC, познато како Death of the Family. Бетмен конечно доби прилика да се соочи и тука со неговиот најголем душман, кој Капуло и Снајдер мајсторски го претставија во неговата најгрозоморна варијанта. Самото финале на оваа прилично тензична приказна, мене лично повеќе ме изнервира отколку било што друго.
Замисли, градиш феноменален плот, го имаш можеби најболниот лик во историјата на стриповите (можеби мислам на Бетмен, можеби не) и шанса да направиш пресврт кој засекогаш ќе остави трага во стрипот. На крај, го ресетираш сето тоа во духот на старана Бетмен серија. Од онаа историска приказна што јас ја очекував, испадна класичен цртан филм. Сите шокантни моменти се испозаебаа на само неколку страни. Штета е кога таков потенцијал ќе ти падне во вода (pun intended).
Џокер, Пингвин, Ридлер, па дури и Мистер Фриз на едно место, Фамилијата (сите Робини, Бетгрл и Алфред) во длабоки лајна и ни малку муда за да "оштетиш" некој лик кој до сега упорно бил безбеден. Кога Фамилијата беше седната на маса со главите во завој и траги од крв, мислев дека тоа е тоа. Снајдер собрал храброст да ги сруши границите, да видиме уште еден R.I.P... Можеби и не е одлука на Снајдер, но секако требаше да биде нешто поголемо од "класична шега на Џокер".
Врската помеѓу Бетмен и Џокер беше одлично разработена, но тоа мислам дека веќе и не е тешко да го склопиш квалитетно. Дури и тука имаше простор да се чепне нешто што до сега не сме го виделе, но и тоа беше "класична шега на Бетмен", нели? Сепак, се остава простор за Џокер, нормално, прерано е да отиде прерано, меѓутоа мислам дека приказнава имаше невиден потенцијал малку да ги размрда работите од шини.
Доколку крајот беше таков каков што претпоставував, пардон, сите претпоставуваа, можеби и ќе ги читав поврзаните приказни од другите наслови. Вака, некако и ми нема поента, освен некогаш кога ќе ја ги проаѓам броевиве на Бетмен пак. Сега очекувам филери во следните број, два и се надевам за добра Ридлер приказна. Уште стојам на тоа дека Снајдер и Капуло се легендарен тим, и ете, не губам доверба.
1 comment:
Па нов RIP нема да добиеме набрзо со сигурност, таков мастерпис ретко :D Малце повеќе го исхајпаа Death Of The Family, и јес дека делуе без поента, ама веројатно ќе има улога оваа "смрт" натаму. Ја продлабочија врската меѓу Џокер и Бетс, а и фамилијава изгледа ќе врти нов лист. А тоа со Ридлер и ја го очекувам дури и повеќе отколку ова, дефитивно заборавен лик стана...
Post a Comment