Ах, еве ја. Тука била најдобрата комедија за годинава. Другите две за кои се надевав останаа само на добри трејлери и ништо повеќе. Casa De Mi Padre беше досаден до смрт, а The Dictator е полн со глупости и хумор наменет за луѓе што своеволно го гледале Epic Movie повеќе од десет минути. Два пати.
Се сомневав во Ted. Си дозволив да помислам дека Сет Мекфарлејн нема да успее да го пренесе неговиот генијален хумор на ваков начин. За среќа, не бев во право. Мекфарлејн работи со ќеф, си прави ствари што на него му се интересни, а во исто време допираат до публиката. И, знае како оние работи што некако влијаеле на неговото детство симпатично да ги вклопи во неговата бизнис идеја. Мекфарлејн е огромен фан на поп-културата и не се плаши тоа да го покаже. Го сакал Флеш Гордон во филмот, ете го Сем Џонс како шмрка кокаин со плишано мече. Дури го викнал и Рајан Рејнолдс за да го трола. Страста на Мекфарлејн и љубовта кон она што го прави среќен се гледа и во интервјуто со Џорџ Лукас, каде што буквално му светат очите на секој кажан збор од дебелиот врат.
Ted е одличен. Забавен, смешен и полн со душа. Има трејдмарк Family Guy хумор, дури и по некоја референца чат-пат. Мекфарлејн одлично ја пренел симболиката за она плишано мече што не те пушта да пораснеш. Мечето со кое на триесет и кусур ќе седнеш со бонг на каучот и ќе гледаш Флеш Гордон. И, она кога ќе си дозволиш неодговорно да се распуштиш дури и кога најмалку треба.
Марк Волберг успеа да ме изненади позитивно, а не сум некој фан. Дали дека упорно бирал улоги кои не му одговарале, не знам. Мила Кунис е срце, си блеска со шармот кај и да се појави. Сет Мекфарлејн покрај тоа што е сценарист и режисер, го позајмува и гласот на Тед, мечето што оживува во осаменето детство на Марк Волберг, нели.
Го чекаме следното од Мекфарлејн. Откако го скрши мразот со филмови, верувам дека нема да застане тука. Докажа дека може, нека продолжи понатаму.
Еј, да. И ова.
Еј, да. И ова.
1 comment:
Доколку ги отфрлиме оние типичните плачипичкарско лепешкарски холивудски ствари, во филмо има ќеф. Има и заебанции шо насмеваат навистински, шо е реткост во последниве години, години на праење на римејкови на римејковите и бесрамното крадење од страна на Холивуд и преработување на култни парчиња од европско тло.
Post a Comment