January 29, 2012

Најава за Prometheus

Годинава сакам да видам добар СФ. Високобуџетен добар СФ, значи муабетите за ептен добри инди филмови што тепале на фестивал во Андора и колку Холивуд е поган, не ме занимаат нешто посебно во моментов, иако со второво често се согласувам. Prometheus изгледа како Ридли Скот да е решен да му даде малку живот на жанрот.

Филмот кој требаше да биде сместен во Alien универзумот, во раните фази на продукција се оформи како засебен ентитет. Екипажот на бродот Prometheus трага по потеклото на човечката раса, и успат се соочува со напредна вонземска цивилизација во некоја вселенска вукојебина. Иако далеку од иновативно, мојата верба во Ридли Скот веќе ме осигура дека ќе гледам добар филм. Тизер трејлерот кој и не кажува баш многу, сепак има неколку сцени кои ако ништо друго, ветуваат културно искористени компјутерски ефекти и амбиент кој овој режисер знае како да го прикаже. За сценариото е задолжен Дејмон Линделоф, па една уште една причина која може да гарантира за квалитетот на Prometheus. Кастингот е фино одбран, без многу звучни имиња, што мене лично ми е сосема океј.

И да се надоврзам на муабетот за Alien од погоре... Мило ми е што филмот ќе биде независен од тоа. Изминативе години, толку се извалка таа франшиза што некако е ризик да се прави било што поврзано со тоа. Ако ништо друго, има гневна топла на фанови што ќе собира плунка два месеци пред излегувањето на филмот. Prometheus премиерно ќе биде прикажан на почетокот на Јуни. За сите новости поврзани со филмот, обратете се на овој линк.

2 comments:

Влатко said...

Да се надеваме дека ќе го донесат во Милениум и ќе го гледаме у 3Д. *хајп*

Ако не е на ниво на Елиен(с) ќе барам од Ридли да ми ги врати парите после. :)))

Бојан Николов said...

Ја би го глеал и Episode I 3D. :)