May 23, 2011

Destiny Found

Пред некое време маратонски ја изгледав шестата сезона на Lost. Заедно со финалето. Можеби носталгијата си го направи своето, а може и само требаше да изгледам сè во еден здив. Година дена не прекинав да плукам по последната епизода, сега ќе признаам дека имам сосема поинакво мислење. Изгледа дека после година дена, мистериите по кои со години се залетував не се баш толку битни на крај. Кога ќе ја погледнеш приказната од аспект на ликовите и убаво ќе го воочиш нивниот прогрес, се добива тотално различна слика, многу подлабока од бунарите на Островот каде што се наоѓаат магичните тркала. Финалето само ја закружи нивната приказна.


Влијанието на Lost сè уште го осеќам на мене. И сега кога ќе погледнам назад, Lost е уште на првото место на листата на моите омилени серии. Ниедна друга серија не била секојдневно присутна кај мене како Lost, за ниедна друга серија не сме собирале дестина луѓе на кафе за дискусија после секоја емитувана епизода и ниедна друга серија не ме инспирирала да размислувам во толку различни правци. Да се радуваш ко дете на секој нов сник-пик, секоја теорија која ти прави смисла и да ги броиш деновите до секоја нова сезона и епизода? Lost е многу повеќе од сите објаснети и необјаснети мистерии, повеќе од сите ликови. Дури повеќе и од самиот Остров.

Не знам дали некој од тимот зад серијата бил свесен какво наследство остава. За среќа, тоа ќе доаѓа уште повеќе до израз во годините кои следат.

Ти благодарам Lost што ме научи толку многу работи изминативе неколку години.

6 comments:

Losteech said...

Се’ уште се прашувам дали сум тука и дали LOST навистина заврши. Не знам дали е до денот, или до духот кој го носи овој ден поради фановите, но 23-ти мај повеќе никогаш нема да биде само уште една обична дата...

R.I.P. LOST, и да додадам уште: одличен пост, на исто ниво размислуваме... :)

Бојан Николов said...

Тачно, 23 мај, ден на Lost. :)

Јас реков, скроз променив мислење откако го гледав финалето пак, на раат. :)

Влатко said...

Крајот разочара. Тоа е факт. ПОкренаа премногу прашања на кои не одговорија . Крајот, кога очекувавме епик борба/евент, се се сведе на двајца како се рваат на карпа. FAIL. :)
Сепак не можам да бидам незадоволен затоа што мојот омилен лик Соер се спаси јеееее :)))) I miss him :(
Иако беше лош крајот (и 5-тата сезона непотребна, тегни ја серијата додека има висока гледаност), серијата е супер и не жалам што ја гледав.Воопшто.

Исти ку*ац - Галактика. Одлична серија, лош крај.

Бојан Николов said...

Штознам, ко целина Lost е супер. Само што ја повеќе ќе се радував доколку забегаа у друг, 'научен' правец.

А, Галактика не догледав. Првите две сезони се супер, баш пролетоска пак ги гледав. Се откажувам негде у трета сезона.

Darko said...

Мене уште ми значи оваа серија иако после 25ти мај немам изгледано ни една епизода.
Ја немав таа среќа да имам пријатели што ја гледаа толку фанатично за да можам да одам на кафе со нив :)

Но од друга страна активно читав Лостпидиа уште многу други форуми и блогови. Можам да кажам дека со оваа серија го изградив мојот поглед кон светот и филозофијата, економијата, социјалното уредување, па и чепнав малку и во религијата.
Не знам дали на Линдхоф и Кјуз им било тоа планот ама успеаа мене да ме направат повеќе од гледач.

Но бидејки иако бев воодушевен од начинот на кој што приказната се развиваше и како ја раскажуваа на крајот делото беше уништено со заокружувањето, нема да ја гледам Алкатраз на Џ.Џ. Абрамс.

П.С. и јас да додадам:
Мило ми е што има луѓе во МК што вака мислат и што постои блог за Лост. Камо да го знаев ова пред 4 години :)

Бојан Николов said...

Alcatraz ќе биде интересна, само проблемот е тоа што е најавена како MID-SEASON REPLACEMENT! Тоа малку сумњиво делува. Што исто така значи, дека нема да почне во брзо време. :)

Поздрав. :)