March 30, 2011

Официјално Рифтање

Ја купив RIFT во саботата, digital download, зошто ме мрзеше да чекам да стигне во кутија. Исто како и во бетата, играм Kelari Mage, на истиот сервер (Cloudborne) под име Zearth. Деновиве успеав да стигнам до 23-ти левел, левелирањето сега оди побрзо, зошто не е толку преполно како во бетата. Малку ми беше чудно на почетокот, ама се навикнав. Рифтовите се поинтересни со група од шест-седум луѓе, отколку со дваесетина, кај што некогаш едвај се стигнува на ред да удриш.

Земав и две професии, Outfitting и Butchering за да можам да правам cloth опрема. Меѓу другото, вчера ми го дропна и единствениот epic pet, Harbinger of Regulos и сум еден од ретките што го имаат во играва. :)

RIFT владее и тоа повеќе од било која друга MMORPG игра. Доколку во бетата личеше на таква, сега истото може да се потврди. Ќе пишам нешто повеќе, до 27-ми април има доволно време за играње. :)

7 comments:

Losteech said...

Подобра е од WoW? Seriously?!

Бојан Николов said...

Па, пре би играл RIFT, него WoW. :) Си има некои недостатоци, ама уште е тазе. Верувам дека понатаму ќе биде дури и подобро. :)

matej said...

izvini no od kade da ja kupam? vo jugoton ja nema, kade na drugo mesto bi mzoel da ja pobaram?

matej said...

od kaj bi mozel da ja kupam? vo jugoton ja nema taka da neznam od kaj bi mozel da ja kupam.. a nemozam preku internet

Бојан Николов said...

Здраво Матеј.

Ја нема во Југотон, може да се нарача од нет, јас ја купив од Offgamers.

matej said...

dokolku naracam od offgamers, nema da cekam da stigne kutija tuku bi go dobil samo kodot za aktiviranje na igrata? i dali e sigurna stranata?

Бојан Николов said...

Да, добиваш само код и си ја симнуваш играта од официјалниот сајт.

Страната е сигурна, можам да ти гарантирам, зошто и јас од таму ја купив. И лично знам уште неколку луѓе (кои и ми го препорачаа Offgamers) што редовно купуваат игри и картици од тука.

Само еден совет, ако купуваш, немој со PayPal, плаќај со дебитна/кредитна зошто има заебанција со PayPal, треба да потврдуваш идентитет со скен од лична карта или пасош.

Со дебитна, добиваш код на мобилен, го внесуваш, купуваш, симињаш и играш. :)

100% ти гарантирам за ова.

Поздрав.