March 23, 2011

Турбулентен месец за RIFT

Изминува еден месец откако започна хед-стартот на најголемата закана за World of Warcraft, RIFT. Ги следев случувањата околу играва уште од минатата година, кога се изгледаше сјајно, а и од официјалниот почеток кога работите неочекувано тргнаа во сомнителен правец.

Што се случи? Trion ги отворија серверите за претплатниците (кои ја купија играта пред да излезе) неколку дена пред официјалниот први март, со цел да се избегне гужва во почетните зони која ќе предизвикаше огромен лаг и ќе ја направеше играта комплетно неигрива. Тоа резултираше со огромни редови за чекање на серверите, па за конектирање на истите беа потребни и по неколку часа. Ова си повлече цела разбеснета толпа на играчи кои не сконтаа дека тие неколку дена им се дадени бесплатно, па уште во старт, играта почна да губи луѓе.

Нормално, на први март, на официјалниот старт работата се среди, зошто голем дел од играчите се излевелираа доволно за да се тргнат од почетната зона. Десетина дена подоцна, започна безобразен хак-фест, па огромен процент од играчите останаа без своите карактери, опрема, платина и останати предмети во торбиците и банките. Повторно се појави толпа која што се жалеше, овој пат со право. Пред некој ден, испадна дека серверите и базата на RIFT, имаат дупка во безбедноста, која им овозможила на група хакери да прават буквално што сакаат со акаунтите на играчите, на кој покрај другото, се наоѓаат и осетливи информации, како на пример, броеви на кредитни картици (за тие што нарачувале од официјалниот сајт). Компанијата зад RIFT, воведе нов безбедносен систем, coin-lock, кој го заклучува акаунтот и ги ограничува in-game актвиностите и испраќа мејл со кој отклучуваат заштитените акции. Сепак, ни тоа не се покажа којзнае колку корисно, па сега се чека автентикатор кој ќе испраќа код на мобилен телефон.

И тогаш, се појави "месијата" на RIFT, white-hat хакерот познат под псевдонимот ManWitDaPlan. Типот е исто така играч и жртва на нападите, кој решил да ги превземе работите во свои раце и да им помогне на Trion да ја вратат довербата кај играчите. ManWithDaPlan го најде exploit-от пред неколку дена, го прати кај што треба и за неколку часа дупката беше успешно закрпена. Сега е безбедно да се игра RIFT, меѓутоа штетата остави трага. Баш читав дека ќе ги враќале хакнатите акаунти од некаков ран бекап, и тоа и се случува, само што се одвива некако споро. ZAM имаат фино интервју со дечкото, клик тука, објаснето е речиси се.

Третата работа е навалата на WoW фановите кои ги полнат форумите на RIFT со негативни коментари и го валкаат името на конкурентот. Се појавија и блогери кои се кренаа против RIFT, со текстови како овој. Моментално се случува интернет војна помеѓу двете страни, распаднатите WoW гилдови кривицата ја префрлија на RIFT, поради тоа што голем број играчи се префрлија на новава игра. Јас со месеци наназад зборам дека RIFT е подобра, ретко кој ми веруваше. :)

За крај, не е се толку катастрофално. RIFT си држи одреден број на играчи кои се претплатени на неколку месеци, а до крај на март, ќе добие уште еден, авторот на овој блог, кој конечно собра нешто во ќесето, за да може радосно да го одврзе. Сеуште е рано да се отпише игра која пројде низ неколку темни фази. Сега откако успешно застана на нозе, не верувам дека ќе згасне во брзо време, или па ќе ја снајде истата судбина како AION. Прерано е.

No comments: