Од морето генерички Star Wars новели кои се штанцаат во енормен број секоја година, конечно нешто попримамливо да исплива на површина. Книгата е објавена во 2009 година, потпишана од Џо Шрајбер, непознат автор за мене, како и останатите кои работат на Star Wars ракописи сместени во 'проширениот универзум'.
Death Troopers се разликува од остантите Star Wars книжулиња по тоа што нуди една сосема поинаква перспектива на целиот тој универзум. Ова е првата хорор новела после Galaxy of Fear серијалот, сместена во Галаксијата и веројатно една од ретките Star Wars книги кои не се препорачуваат на малолетната публика.
Главните ликови во Death Troopers се дел од затворениците и екипажот на бродот-затвор Purge, кој ги пренесува најопасните убијци, крадци и сличниот олош собран од цела Галаксија. Purge ќе претрпи проблеми со нормалното функционирање, па екипажот ќе биде приморан да го сопре во ненаселен дел од вселената. За да биде уште полошо, единствената надеж е во Star Destroyer-от кој исто така лебди расипан и изгледа напуштено, а скенерите на Purge не покажуваат знаци на живот таму. Дел од екипажот заминува да истражи, меѓутоа се враќа со вирус кој ги зомбифицира заразените во Ромеро стил, правејќи ги гладни за живо, незаразено месо. Заразата се шири брзо и буквално станува пекол за преживеаните на бродот заглавен во шупакот на Галаксијата. Затворениците се пуштени од ќелиите, кој зомби, кој растроен...
Приказната се концентрира на двајца браќа, дел од затворениците, чиј татко е убиен од говедото од капетан на Purge, Сарторес, кој исто така има значајна улога. По сплет на околности, браќава завршуваат во исто срање со докторката на бродот, Захара Коди и нејзиниот дроид Вејст. За да биде уште поинтересно, некаде на почеток, онака како тиз, од ќелиите се слуша урлање на Вуки. Нормално, Вукито е Чубака кој е заглавен на бродот со Хан Соло. Не е спојлер, пошто и они се дел од малата група на преживеани, на која ќе се приклучат нешто подоцна. Ова ме збуни малку, зошто не очекував да ги видам во толку голема улога, во книга која е survival horror. Како што се намалува бројот на преживеани, така повеќе се откриваат детали околу вирусот, од каде доаѓа и што навистина е, и зошто некој решил да зомбифицира толку многу Стормтрупери.
Ја препорачувам аудио верзијата на Death Troopers. Како прво, ова не би го читал на хартија меѓу толку добри други книги кои чекаат во ред, а како второ, доживувањето е сосема поинаку со аудио верзијата. За разлика од многу досадни аудио книги кои ги чита мрзлив глас, со тронка емоции, тука се е фино спакувано со предобра дарк амбиент музика, автентични Star Wars ефекти и одлична глума на дијалогот, од самиот автор. Зачудувачки добро го скинал гласот на Хан Соло, на пример. За ваква лесна книга, пре би се одлучил за високо-квалитетно аудио издание, отколку за хартија. Трае неколку саата, добра е за пред спиење и има неверојатно супер атмосфера со печат од жанрот на кој припаѓа. Не е ништо ново, ама е фино да се доживее Star Wars приказна на ваков начин.

No comments:
Post a Comment