February 7, 2011

Најава за Captain America: The First Avenger

Имам некое чувство дека Captain America: The First Avenger ќе биде филмот за оваа година. Судејќи по постерите, сликите што се вртат по интернетов и тизер трејлерот кој беше прикажан на Super Bowl-от, верувам дека ќе гледаме добар филм.

Крис Еванс делуваше крајно сомнително како Стив Роџерс/Капетан Америка, меѓутоа од ова што досега до видов, и не е така лош избор, напротив. Дечкото некако се вклопи во улогава и ми ги тргна сите негативни мисли што ги имав за кастингот. Покрај него, улогите ги толкуваат Томи Ли Џонс и Хуго Вивинг како Ред Скал, главниот негативец во филмот и главниот непријател на Капетан Америка. Дејствието ќе се одвива за време на WWII, па тоа може да пројде како уште еден индикатор за интересна адаптација. Marvel покажаа дека можат да понудат квалитетен филм базиран на нивни херој уште со првиот Iron Man, така што не се сомневам ни во ова.

Време е да се пролиста уште некој стрип како загревање за филмов. Captain America: The First Avenger ќе ја има премиерата во јуни оваа година.

Види такоѓе:

1 comment:

Nikola said...

очекувам филмов да има барем малку подобро сценарио од претходните катастрофални филмови на марвел посебно ајронмен 2 па и марвел да може некако да им конкурира на дисиeвите batman,watchmen v for vendetta