May 12, 2010

Lost 6x15 - Across the Sea

Lost изминативе години имаш еден куп моменти каде што бев решен да прекинам да гледам. Сепак, некако успеваа да ги наместат работите и да ме задржат, иако серијата претрпуваше огромни промени од сезона до сезона. Се сеќавам кога се збореше дека сценаристите немаат претстава каде одат со серијата и дека се е измислено по пат и во зависност од реакцијата на публиката. Прекинав да верувам во ова, кога точките почнаа да се сврзуваат и да се решаваат мистериите. Сега кога дојде најбитното за објаснување, Островот, изгледа дека е точно.

Океј, што е сега Островот? Извор на живот? Затка што го држи злото затворено? Временеска машина? Очигледно, Островот е од се по малку. Верувам дека кога ги пишувале последниве епизоди, претходните сезони не ги гледале ко што треба. Кога ја видов пештерата (види слика) со светлината, мислев дека гледам некоја ефтина серија од 90-ти. И како MiB станува чадот? Така е, Џејкоб го фрла во пештерата! А, како функционира тркалото што ги телепортира луѓето надвор од Островот? Што е битно, MiB е "посебен" и така го направил. Зошто Островот патува низ време? Каква врска има тоа со пештерата и светлината? Што е злото на островот? А, дали некој го памти Светилникот?

Дали сега сакаат да се задоволиме со ова? Сега гледам колку е рендом цела серија и колку ништо нема смисла. Моментот со Адам и Ева на крај беше исфорсиран, зошто сум сигурен дека во прва сезона немале идеја чии се и како дошле скелетите. Да ги немаше камчињата, сигурно и ќе ги заборавевме. А, останаа како мистерија зошто во прва сезона правеа мистерии од се.

Не знам што ќе видиме во последните две епизоди. После ова, некако не ме ни интересира, нека праат што сакаат. Веројатно Џек ќе остане да ја чува пештерата (секогаш кога ќе ми текне ќе се смеам, затоа и ја стаив сликата), MiB ќе умре, уште некој ќе умре и така...

Жалосно. Мизерен завршеток за серија што ја сметав за најдобра.

4 comments:

Losteech said...

И си заборавил да ставиш "Lost" пред 6x15 :)

Losteech said...

Сепак, не е „завршеток“. Имаат шанса да се извадат од кашава. :)

Бојан Николов said...

За мене е завршено. :) Нема како да се извадат, толку е и за Џејкоб и за Островот. Верувам дека не очекувале негативни критики за епизодава, а касно е за да поправаат, зошто завршено е снимањето. :)

Losteech said...

Прочитај ми го најновиот пост, го велат токму спротивното, ама колку е ова за верување не знам. :)
Јас мислам дека НАМЕРНО оставија митолошки прашања и за финалето, инаку за што би посветиле цели 2 и пол часа?! ОК, тука се Џек и компанија, ама тука е се’ уште и Флок...

Би бил многу разочаран ако ОВА Е ТОА. Мора да има продолжение на оваа приказна, затоа и изгледаше како мини-филер епизодава. (барем на мене ми фалеше пола епизода..?!)