April 9, 2009

Welcome back, Frank!

Одамна немам направено пауза која траела повеќе од еден месец, па ми беше навистина чудно (а и драго) кога кликнав на "New Post" копчето. X причини ме спречуваа да објавам било што, иако изминатиов месец се случуваа и добри, интересни ствари кои сакав да ги споделам. Ќе ми треба неколку дена да се ре-адаптирам, да најдам малку време неделава во тесниот распоред, за конечно Crapwerk да си продолжи како што си тераше.

Само што ја изгледав новата Lost, "Dead is Dead". Феноменална епизода, конечно серијата почна да се движи кон кулминацијата која ќе се случи догодина, во последната сезона. По катастрофалниот почеток на петтава сезона, Lost успеа да се врати на вистинскиот пат и повторно да ми го привлече вниманието како некогаш. Да, сосема е изменета, но мислам дека ова е вистинската тема на серијата. Нормално, не е ништо толку добро како првите две сезони, но е далеку поквалитетно од трета сезона, која да бидеме реални, служеше само за да пополни место додека продуцентите размислуваа што всушност ќе претставува серијата. Серијата моментално стои на цврсти темели кои почнаа да се градат уште во претходната сезона. Изнајдоа формула која ќе даде одговор на сите прашања кои ги поставуваа фановите, која ја конечно ја прифатив каква што е, и решив да уживам во серијата. Последнава епизода ми покажа зошто сеуште гледам Lost.

Љубиша пред некое време ми даде теорија која објаснува буквално се во врска со Lost, и иако е неофицијала, секој збор напишан има смисла. Ја прочитав и чекам да видам колку од напишанато ќе испадне точно.

Покрај Lost, редновно следам The Big Bang Theory и The Office, моментално најдобрите хумористични серии кои се прикажуваат. Одамна се спремам да напишам нешто повеќе, па повеќе за нив во некоја друга прилика. Од South Park се откажав по ужасната 12-та сезона каде што го допреа дното и не гледам начин да се извлечат. Доволни беа десет сезони, веќе се прегазија и станаа крајно монотони. Family Guy сега ми е омилено нешто за гледање од овој тип. Со последната епизода "Not All Dogs Go To Heaven" уште еднаш ми докажаа колку се над истрошените South Park.

Без размислување, аниме за месец март е Ghost in the Shell: Stand Alone Complex, серија базирана на најдобриот аниме филм некогаш снимен. Првата сезона има 26 епизоди, дел се секоја за себе, додека друг дел следи поврзана приказна од која ми останаа уште неколку епизоди кои никако да ги догледам бидејќи ми треба посебно расположение кое некако периодов неможам да го подесам.

Бидејќи веќе не симнувам нови филмови и серии, решив интернет сообраќајот (покрај upload-от на RapidShare) да го искористам за PS2 игри. Играм Black деновиве, според 90% од рецензиите, најдобриот first person shooter за PS2. Ги изиграв првите две-три мисии и сосема се согласувам со рецензиите. Баш штета што ја нема играва за PC. Кога сум веќе кај игри, на World of Warcraft сум 60 level на OmegaWoW серверот. Јебига, очигледно нема откажување од WoW, туку само апстиненција...

Magic: The Gathering
немам играно повеќе од месец, исто колку што немаше нов пост на Crapwerk. Се враќам наскоро, плус Wizards of the Coast вчера конечно ми ги испратиле пластичната DCI членска карта + некои други поклони кои ми ги должат со години. Се надевам дека ќе стигнат наредната недела.

Наскоро почнува NBA плејофот. Дебелиот иде у Далас?!

2 comments:

Љубиша Сулимановиќ said...

Welcome back to the land of the living ;)

Losteech said...

Нема откажување од WoW, ти што мислеше, така е тоа?? =))
Едвај чекам лето да дојде па да се ставам на оригиналниот сервер. :D

- Lost (ИМА СПОЈЛЕРИ)
Стварно феноменална епизода, мислев дека Бен ќе умре, ама можеби вака е подобро - така ќе беше ептен предвидливо!!! :)
Сега засега мислам дека оваа сезона е подобра од втората и четвртата, ама сепак да почекаме до финалето...тоа би требало да биде најдобрата епизода сезонава! (или бар се надевам)

- South Park
Не сум ја гледал 12та сезона, ама очигледно беше дека некогаш квалитетот ќе почне да паѓа... :(

-The Big Bang Theory ја оставам за летово, слушнав пофални критики за оваа комедија. Скрабс ја чекам да ни пристигне кај нас на ТВ, ме мрзи да ја гледам. =)))

Ме мрзи за другово да коментирам. Во секој случај WELCOME BACK TO THE LAND OF THE LIVING!!! :D