Драг Дедо Мраз,
Знам дека е рано за писмово, ама решив сега да ти го напишам, зошто знам дека во Декември имаш многу повеќе работа и си зафатен сo читање други писма. Знам дека сега си слободен, и дека ќе го прочиташ ова. Овие три недели од 2007 сметам дека бев добар и дека заслужувам да ми ги исполниш желбите. Те молам, направи да положам ВВИ во среда. Мислам, стварно. Знам HTML (глеј блогов како си го средив), така да ако можеш, бар малку да ја гурнеш работата, да ми се падне нешто полесно. Нека е нешто со помалку фрејмсетови, помалце код, и без глупи слики. Првиот колоквиум го положив (ете глеаш, добар сум бил и лани), и сакам да го положам овој, за да не идам на испит. Да не требаше да учам Структуирано програмирање, немаше воопшто да те напнувам со овие глупости.
Успат, ако можеш (знам дека можеш, не си Дедо Мраз за џабе), овозможи ми барем бесплатен дајал-ап после 02.02.07, бидејќи ми истекува две-годишниот АДСЛ договор со МтНет. Океј, знам дека згрешив што потпишав две-годишен договор со нив, ама се надевам дека направив доволно попаметни работи од тоа, за да можеш да ми простиш. Ми треба интернет Дедо Мраз, немаш појма колку многу.
П.С. Извини што јадев гомна за тебе во еден претходен пост на блогот, знам дека често сум серко. Извини.
No comments:
Post a Comment