Изгледа како на филмската индустрија полека да ѝ снемува ознаки за реанимирање на мртви франшизи. Третиот втор дел на Halloween не е римејк, не е ни рибут, туку ова сега го нарекуваат "рекалибрирање"... Точно четириесет години по култниот прв дел на Џон Карпентер, Џејми Ли Кертис се враќа како Лори Строуд за реванш со Мајкл Маерс. Сигурно ќе си речеш, нели ова веќе се случи во Halloween II, Halloween H20 и Halloween: Resurrection? Па, не баш. Новиот Halloween ги игнорира сите седумдесет филмови во серијалот и директно продолжува онаму каде што запира првиот дел од 1978.
Според филмот, Мајкл Маерс никогаш претходно не избегал од санаториумот, Лори Строуд не е му е сестра, Џош Хартнет не ѝ е син, Џејми Лојд не постои и сите траги од боречките вештини на Баста Рајмс се избришани и заборавени. Општо намерата на ова продолжение е да го скроти распламтувањето на митологијата околу Мајкл Маерс и да го сведе на неговата затаена основа и мотиви, што всушност и ја прави оригиналната инкарнација на Мајкл Маерс толку ефективна. Но, колку навистина успева во тоа? Ајде, со ептен ситни спојлери.
Првиот впечаток од Halloween ми беше дека филмот не е глуп. Не излегов разочаран и навреден од кино, тоа ми беше важно, ама па покрај толку шкарт филмови во цел серијал ќе развиеш имунитет. Сепак, иако овој не е лош, малку не успеав да фатам што точно се труди да биде и која функција сака да ја има. Не само како продолжение, рибут или римејк, туку и општо како концепт. Затоа што се раскомотува со многу теми, а ниту една од нив не е целосно или барем доволно подготвена.
Во некои моменти се обидува да ги истражи мотивите на Мајкл Маерс и што му ги придвижува нагоните за убивање, па се труди да ја разложи траумата на Лори Строуд поради која е уништен нејзиниот живот и оштетен спојокот на нејзините поколенија, а некогаш само сака да дејствува како едноставен тинејџерски слешер филм. Во еден наврат дури изјавува и дека убиствата на Мајкл Маерс не се ништо во споредба со тоа што денес се случува низ САД, некој пука низ ходници низ школи секој месец, па што се пет-шест заклани луѓе во 1978?
Ниеднаш не успеав да му го одредам точниот тон на филмот баш поради тоа што често e на различни страни. Често пати настапува со различни приказни кои не само што го тргаат фокусот од Мајкл туку некои од нив воопшто не ни имаат разрешница. Некои ликови едноставно ги снемува од филмот без објаснување, иако претходно сценариото се обидува да ги поткрепи. Други ги има, но недоволно. Ете на пример, наместо досадната тинејџерска Халовин забава можевме да видиме повеќе од малото смешно црнче. Благиот повремен хумор во Halloween функционира многу подобро од шаблонските тинејџерски романси.
Сепак, за славење 40 години од почетокот на франшизата, Halloween е донекаде соодветен како таков омаж. Има има бројни референци кон претходните филмови и се забавував додека ги ловев, но сепак главната замерка ми е што не се потрудиле доволно за да ја доловат заканата која е Мајкл Маерс. После четириесет години не е лесно да ја убедиш публиката да се плаши од одамна демистифициран лик, а почетокот на филмот беше солиден чекор натаму, меѓутоа уште до средина веќе ја изгуби цела тензија.
Големото "обединување" на Мајкл и Лори страдеше баш од тоа. Додека ги дочекаме тие неколку минути, филмот веќе го испушти моментумот недозволувајќи му на амбиентот да пркне. Затоа и сметам дека Halloween H20: 20 Years Later е многу поефикасен во самото соочување на Мајкл и Лори. Не се растегнува низ премногу непотребни ликови и мини-приказни и постојано те држи на штрек со присуството на Мајкл. Ако веќе ликовите се соочени со такво неконтролирано зло, фино е како публика да осеќаш дека е постојано таму некаде во позадина, без крути дистракции.
И, како и со секој друг филм во овој серијал, крајот останува одврзан и со простор за следното неизбежно продолжение. Не верувам дека некогаш ќе дозволат франшизава да умре, можеби е веќе касно за тоа, ама барем се надевам дека последниов ќе послужи како нова основа кон свежи идеи, концепти, па и ризици.
Види такоѓе:

No comments:
Post a Comment