July 24, 2012

Batman: Year One (2011)

Анимираниот филм Batman: Year One е баш онака соодветно средство за загревање пред премиерата на The Dark Knight Rises кај нас. Ќе го прескокнам делот каде што би објаснувал колку се кино Милениум сељаци и дали имаа очаен обид за маркетинг фора и ќе се сконцентрирам на овој фин цртан за големи деца.

Филмот е адаптација на стрипот на Френк Милер од 1987 година. Она што го прави толку добар (и веројатно најквалитетен анимиран филм за Бетмен после Mask of the Phantasm) е неговата прецизност при пренесувањето на приказната на Милер. Иако стрипот ми имаше помоќен ефект, ова во никој случај не е за потценување. Напротив. Приказната е таа, атмосферата е задржана максимум што може, текот на настаните е запазен, па дури и сценариото е отприлика тоа. Онолку колку што можело, се разбира.

Year One, како што е очигледно од насловот нели, ја раскажува првата година на Брус Вејн откако се враќа во грозен и сјебан Готам по дванеасет години навежбување низ светот. Паралено со почетокот на Бетмен, во градот доаѓа Џим Гордон од Чикаго. Двајцата се соочени со валкната ситуација во која се наоѓа Готам и се обидуваат да ја спастрат, секој на свој начин. Нема Џокер, нема супер-вилани, има корупција, мафија и млада Селина Кајн.

Стрипот си ужива култен статус, а добар дел од неговото влијание може да се осети и во Batman Begins. Дури и The Dark Knight. Кога го линкав вториов, сфатив дека поминале четири години од тогаш. Фак.

Да забележам дека изминатава недела успеав да се исхајпам тотално за Rises и секој сомнеж што го имав за филмот некако се изгуби. И, некако ме радува што ќе го гледаме во кино, а не на кино-снимка синхронизан на некој таму индоариски.

П.С. Тоа Кетвоман шортот од омотот го немам гледано.

Види такоѓе:

2 comments:

Влатко said...

кетвоман краткиот е добро направен, обавезно глеј го, Кетвоман мислам дека беше одлично портретирана.
А цртаниов треба да се вика Џим Гордон Year 1 :))) повеќе е за него

TDKR е тапа бај д веј. Втор оверхајпуван филм после Прометеус кој ме разочарува оваа година. Имаат нешто заедничко со Прометеус ;)

Бојан Николов said...

Ќе видиме во петок за TDKR. :)