November 21, 2011

Години на Суперхерои

2012-та ќе биде занимлива година, барем поради филмовите кои треба да се појават тогаш. Адаптациите на американски стрипови стануваат се поквалитетни, публиката е побројна од било кога, па така што сосема има место и за три во една година. Нема да згрешам ако кажам дека Iron Man и The Dark Knight го однесоа овој жанр на едно друго ниво, вбризгувајќи му доза сериозност, муда и реалност, во која комплетно е замисливо постоењето на одреден лик/суперхерој. Доволно е само да се погледнат двете Марвелови адаптации од оваа година и останато е јасно. Нема потреба да зборувам колку се над Daredevil (Бен Асфлек, Колин Фарел) или Fantastic Four (ја памти некој Џесика Алба? Ни јас), кои повеќе беа парада на (тогаш) популарни актерски имиња отколку суперхеројски филмови или па адаптации на стрип. Примери има уште, дури и ако го заобиколиме неонскиот Batman & Robin од 1997.

Покрај The Avengers следната година, најмногу сум загреан за The Dark Knight Rises. Според Нолан, ова ќе биде неговата последна адаптација на Бетмен и веројатно последен Бетмен филм за оваа генерација. Не верувам дека некој во следниве неколку години ќе се обиде да направи нов филм, откако Нолан ќе ја заокружи неговата трилогија. А, верувам The Dark Knight Rises воопшто не е лесна задача, ако земеме во превид дека сеуште се осеќа влијанието на претходникот.

Иако сосема имав верба во Нолан и проектов на кој работи моментално, лично, не ми се допаѓа неговиот избор на негативци, а уште помалку изборот за актерката во улога на Кетвоман. Како и многу други, мислев дека ќе оди со Ридлер, негативец кој комплетно би се вклопил во универзумот. Со Ридлер како негативец и Нолан како режисер, верував дека ќе добиевме џам акционен-трилер, кој фино ќе се надоврзеше со The Dark Knight. Покрај тоа, Хит Леџер требаше да има cameo во филмот, меѓутоа се случи тоа што се случи. Бејн и Кетвоман како негативци ми се некако мали за да бидат во фокус, но ете, до некаде му успеа тоа со Скеркроу. Лошото чувство околу The Dark Knight Rises ми е најмногу поради вестите и сликите од сетот што се појавија, сепак, ги ставам парите на "Нолан нема да заебе".

Иако рано, Спајдермен ќе си добие нова адаптација. После оној третиот дел, јасно беше дека таа екипа со Тоби Мегваер и грозната Мери Џејн, Кирстен Данст, нема веќе што да каже. The Amazing Spider-Man го враќа Питер Паркер на самиот почеток, почнувајќи од ново. Ендру Гарфилд не ми е баш некој избор, ама па од друга страна Ема Стоун е супер, иако она тотално не прави разлика за тоа дали филмот ќе биде добар или не. Има трејлер, од таму може да се види дека ќе гледаме посериозен Спајдермен, дури и помрачен од вообичаено, нешто што знам дека ќе е различно од оној трет дел што го спомнав погоре. Уште неможам да се помирам со тоа колку беше ужас, а имаа шанса за добра приказна со Веном. Еве им свеж почеток, нова шанса да видиме добра адаптација, па и во неколку продолженија.

2013 е годината на Супермен и неговото враќање во Man of Steel. Кога спомнав враќање, ќе ја искористам оваа прилика да кажам колку беше погрешен оној Returns од 2006. Толку работи не чинеа во тој филм, што би ми одзело многу време да ги набројам сите. За чудо, Брендон Рут и беше толку лош колку што јас мислев дека ќе биде, ама... Тотално лош избор за Лекс Лутор, како прво. Кевин Спејси ми е во топ десет актери, ама не е за Лекс Лутор, особено не за Лекс Лутор како што беше напишан во лошото сценарио. Друга работа, никаква хемија помеѓу Лоис Лејн (исто тапа избор) и Кларк, повеќе личеа како да се четврти братучеди кои првпат на 30 години се запознаваат на селска свадба кај заеднички роднина. Дно. Приказната беше ужас исто и тука некаде приметувам дека повеќе го тупам со ова, него со тоа со кое имав намера. Man of Steel. Го режира Зак Снајдер, човек кој знае како се прави стрип адаптација (300, Watchmen). Приказната ја пишува Кристофер Нолан. Математиката е лесна нели? А, кој е Супермен? Хенри Кавил, дечко што претходно не го знаев, а сега го знам, и ми личи на тип што ќе може да се носи со улогата. Плус, ќе ги има Зод и Џор-Ел. Man of Steel мириса на добар филм уште сега.

Допрва ќе има новости околку филмовиве, па ќе се трудам да им посветам повеќе внимание тука.

7 comments:

Darko said...

Јас лично сум задоволен од изборот на Bane (Бејн) за негативец. Селина Кајл не ја обожавам, ама мислам дека со неа се правата комбинација за третиот дел од трилогијата. Еве зошто:

1. Бејн е еден од негативците што лесно може да се вклопат во трилогијата без потреба за предходно запознавање (исто како што беше направено со другите тројца главни негативци - non Harvey Dent).
2. Интелектуалец е (значи ке имаме повторно изненадувања низ приказната), хард кор тепач е (значи и тие што се палат на тоа ке бидат задоволени) и можно е да ја смениме приказната за организираниот криминал на Готам со „разузданите“ криминалци од Аркам.
3. Селина Кајл наместо Талиа ал Гул - До сега се гледаше развојот на Бетмен/Брус Вејн низ оддлените процеси во неговиот живот. Параноја/несигурност (адолесцент), заштитничка улога од тие што се силни како него (постар брат - Орвелски според начинот на кој што го најде Џокер) и сега партнерска улога со некој од негов ранг.
За негова партнерка се добри и Селина и Талиа ама како што не беа поврзани првиот и вториот дел така не треба да бидат поврзани почетокот со крајот. Истото го мислам зошто Бејн место Two Face. Плус ако ја има Селина ке се очекува да се направи простор за Дамиен во продолжетоци.

Уште ова.
Не забушавај. Имаш време за 2012 во филм - проширена и подобрена.
Тоа за трејлерот на The Avengers не врши работа. :)

Бојан Николов said...

Ќе видиме. :) Мене најмногу ме секира изборот на Селина Кајл/Кетвоман, зошто неможам да ја смислам онаа Ен Хетавеј. Ко запотена да е цело време, така ми делуе. :)

У третата точка, скроз ја гаѓаш поентата и се согласувам. :)

Има време за 2012 филмовите, не само за овие. :) Авенџерс излегоа тизер постери пред некој ден, ете заборавив да ги стаам. :)

Darko said...

ВОЛ!!!!
Сега ја прочитав третата точка - Не е Селина. Мајка му на Дамиен Вејн е Талиа!
Еве зошто го сакам Google+.

Инаку исто ко тебе мислам за Ен Хатавеј ама не заборавај што напиша за Натали Портман.... :)

Бојан Николов said...

Те сконтав, нема фрка. :)

Еј, да. Чудо како и Натали Портман не е у филмов, пошто у СИТЕ е! :))

Инаку, доколку има продолженија, не верувам дека ќе се надоврзат на TDKR. Ако има, ваљда би било за десетина години. Мада, чим кастингот за америчката адаптација на Akira е у тек, све е можно и секоја лоша опција може да стане реалност. :) Ете идеја за следен пост: Да измрчам за Akira америчкиот. :)

Влатко said...

КОга сме кај суперхерои има ли поголем од Чак Норис :))) и на 70 ќе тамани лоши чичковци у Експ2.

За (Џаџ) Дред ме изнервираа, го сменија режисерот насред снимање ради креативни разлики т.е. на публиката нема да им се свиѓа ова она... дрн дрн јариња. А после Д Дарк Најт сите се изнајадоа бурек коа видоа колку пари изналапаа од тој филм дека и другиве стрип екранизации ќе бидат помрачни, побрутални, демек...блеххх

Затоа и не ме интересира Авенџерс коа знам дека ќе биде "мек" филм и обавезно некој, како Скарлет у трејлерот, нема да гледа у експлозија зш мисли дека е кул а таките сцени станаа такво досадно клише.. тотали анкул дууд!

nikola said...

фасциниран сум од ликот на bane како е прикажан во prologue-то и trailer-от. Изгледа како покомплексен лик од Joker-от. Само и мене криво ми е што riddler нема да го видиме во оваа верзија на batman ќе треба да го почекаме во нареден reboot :s

Бојан Николов said...

Тоа е. И ја сакав Ридлер да го видам у Нолан универзум. :)