Колку е добро кога ќе се воодушевиш од нешто за кое си имал минимални очекувања. Баш тоа е случајот со TRON: Legacy. Веќе се навикнав да гледам лоши продолженија, римејци, оптеретување на CGI, аватари и слични други глупости без малку душа и сјај во нив, така што воопшто немаше да бидам изненаден ако ова беше случај и тука. Сигурно некој и за Legacy ќе го каже истото, немам ништо против, затоа што целата работа околу доживувањето на филмов е тоа како ќе си се спремиш за него. Плус, после напорна недела, ДВД рипот ми дојде како 10-ка по Математика 2.
Веројатно предуслов за да бидеш импресиониран од овој филм е љубовта кон оргиналниот TRON од 1982. Мене TRON: Legacy ме доби на носталгија. Уште од самиот почеток, филмот на крајно наивен начин, директно чепка во детството на неколку генерации, без многу да се труди да биде она што некогаш претставувал неговиот претходник. Затоа и TRON: Legacy не е никаква револуција во жанрот или начинот на кој се прават филмовите денес, туку само ја користи топлата вода за да прикаже еден свој, освежен, уникатен стил.
Друг услов е да се сконта светот во кој се случува. Ако фатиш да бараш логика во технологијата која се користи во приказната, заеби. Не е ништо пореален од било кој друг филм каде што физички влегуваш во факин виртуелна реалност! Затоа, нема смисла да се доведуваат во прашање тие "ситници". Филм е, научна фантастика се вика жанрот. Плус е за деца. И за големи деца.
Покрај тоа што TRON: Legacy е визуелно ремек-дело, на мое големо изненадување, има солидна приказна и фино сценарио, кога ќе се земе во предвид дека главната моќ на филмов се токму специјалните ефекти. За нив нема што многу да се збори, треба да се види. Отишле до таму, што го има и Џеф Бриџис компјутерски подмладен, баш така како што би изгледал неколку години после оргиналниот филм. И, што е уште поневеројантно, сеуште е истиот Флин, дури и во повозрасната "верзија". Тој е ликот, и е одлично развиен, во склоп на ситуацијата во која се наоѓа во TRON: Legacy, односно заробен со години во Гридот по инцидент со програмите кои егзистираат во тој свет, предводени од Clu.
Овој пат, главниот херој во игрите на Гридот, е неговиот син, Сем Флин, опен-сорс софтвер ентузијаст и искусен моторџија. Сем завршува во виртуелниот свет, откако ќе добие порака од татко му, дваесетина години од неговото исчезнување. Гридот не е ништо како порано, сосема е обновен и многу поопасен од што бил. Сем, заедно со програмата Кора (Quorra) ќе се обиде да го извлече стариот Флин од срањето во кое е западнат. Да не пишувам спојлери, ќе се префрлам на музиката...
За музиката во филмот задолжени се Daft Punk, кои и не ги варам баш најдобро. Сепак, франзуциве успеале да направат саундтрек кој инстантно влезе во мојата топ листа на најдобра филмска музика. Денес е цел ден ми е на рипит, а верувам дека така и ќе остане во наредниве неколку денови. Совршенство. Одлично се вклопиле во целиот концепт на филмот, а дури и се појавуваат во една сцена. Сериозно, браво.
Не верував дека баш TRON: Legacy ќе биде еден од најдобрите филмови што излегоа во 2010. Забавен, опуштен, ќеифски за гледање и со закон музика. Искрено, сакам да видам (нова, стариот TRON на страна остајте го) трилогија од чудово, се разбира доколку е во духот на овој филм, без непотребни забегувања. За среќа, наредната година ќе излезе и серија, TRON: Uprising, со дејствие сместено помеѓу двата филма. Таман ако укинат The Clone Wars, ова супер ќе ми дојде. Ќе пишам нешто повеќе, кога ќе има детали.
"The Grid. A digital frontier. I tried to picture clusters of information as they moved through the computer. What did they look like? Ships, motorcycles? Were the circuits like freeways? I kept dreaming of a world I thought I'd never see. And then, one day... "

4 comments:
Празен филм. Три работи вредат у филмов -
1. ефектите
2. Дафт Панк саундтракот
3. Оливија Вајлд <3 :P
Заборавиле на содржината и на ликовите. Првиот дел е каде каде подобар од овој.
Ја ради тоа го глеав (и од љубов према кецот) и топ ми беше. :)
Ти ги читам рецензииве супер ти се. Камо ја да можев да напишам добра рецензија, блог ќе направев. :D А бајги филмови гледам... само (по)истенчен укус иам; од новиве филмови ретко кој да ми се допадне. Ама је*и га, за рецензија не ме бидува. :)
Хаха, фала. :))
Не ги викам ја рецензии овие, него муабети у пишана форма. :))
Post a Comment