August 15, 2008

Why so mysterious?

Од тоа што до сега успеав да го прочитам по форуми, блогови, сајтови и што и да е друго, фановите на The Dark Knight би сакале да го видат The Riddler како негативец во следниот Бетмен филм, се разбира, доколку воопшто го има. Лично не би ми пречело, но незнам дали би можел да помине во "сериозен" филм како што беше The Dark Knight. Ликот ми е премногу стриповски за да би можел лесно да се оживи на филм. Да, Џим Кери беше Ејс Вентура meets Џокер во Batman Forever и беше ужасен.

Како и да е, налетав на постер направен од фан за евентуалниот трет филм, со The Riddler како негативец. Супер е постерот, само што изгледа како Џокер и Зодијак да го правеле (ч'кртаниот прашалник и криптограмите). Ама, на прв поглед е делува симпатично, нели?

Останува да почекаме уште некое време, сигурен сум дека за брзо ќе има некоја официјална информација. Во секој случај, би сакал да го видам Two Face пак.

П.С. Пост број 200. Машала.

3 comments:

Љубиша Сулимановиќ said...

Johnny Deep е првиот избор на Warner. Исто и Hoffman дебелиот за Пингвин, само не се поистоветувај со ликовите како што ги знаеме. Ако се нафати Нолан ан филмот може да ги изведе перфектно. Ридлер денес во стриповите е само кодош и квази детектив во Готам, а Пингвин е богато копиле кое држи бордел кафана. Изводливо...

Влатко said...

Ако го остават истиот режисер и другата група од Dark Knight на чело на новиов филм можам да кажам дека било кој лик да го земат ќе успеат да го вклопат во новиов Gotham што го создаде Џокерот. Единствено да се надеваме дека ќе има трет дел, и дека тој трет дел ќе биде сниман од истата клапа :).

Ivana said...

Дејвид (Брајан Остин Грин) од Беверли Хилс сака да го глуми Ридлер =)