November 16, 2007

Kôkaku kidôtai [Ghost in the Shell]

Во 1995 Мамору Оши го режира трансценденталното сајберпанк ремек дело наречено Ghost In The Shell (правено според истоимената манга), кое ги поместува границите на разумот, и отвара дополнителни прашања околу смислата на човековото постоње. Тука е сместено и влијанието на технологијата, како битен фактор за она што некогаш било човек.

Убавината на
Ghost In The Shell е тоа што со секое гледање, се откриваат некои нови работи, различно се доживува и дозволува гледачот да го засака уште повеќе. Цртаниот од гледачот бара само малку повеќе внимание, отворен ум и активирање на мозокот, во замена за едно незаборавно луцидно патување, надвор од границите на нормалата и секојдневието.

Анимацијата е преубава, а тука е и хипнотизирачката музика на генијот Кенџи Каваи.


Го немав гледано подолго време. Ноќеска го гледав пак. Сфатив дека секојпат, се повеќе ме ежат овие неколку реченици:


"
It can also be argued that DNA is nothing more than a program designed to preserve itself. Life has become more complex in the overwhelming sea of information. And life, when organized into species, relies upon genes to be its memory system. So, man is an individual only because of his intangible memory... and memory cannot be defined, but it defines mankind. The advent of computers, and the subsequent accumulation of incalculable data has given rise to a new system of memory and thought parallel to your own. Humanity has underestimated the consequences of computerization."

Не би зборувал многу за приказната. Тоа е нешто што треба да се види и да се доживее. Во кратки црти, во футуристичко општество, каде што постои компјутерска мрежа на која се приклучени луѓето/киборзите, се појавува мистериозен хакер кој почнува да манипулира со приклучените на мрежата.


Ghost In The Shell, има извршено огромно влијаније врз The Matrix, кое е повеќе од очигледно. Hint: дигиталниот дожд.

Следува серија, а по неа и уште два други дела. Се зборува нешто и за филм, кој не бил сакал да го гледам.

7 comments:

Losteech said...

Не сум го гледал...изгледа нема ни да го гледам.... :)

Бојан Николов said...

Зошто да не го гледаш? :)

Losteech said...

Како прво, незнам дали ќе најдам добри торенти, а како второ од школото време имам само преку викенди :(

P.S. http://blog.com.mk - како не им е срам само?!
„БЛОГОТ Е ПРИВРЕМЕНО ИСКЛУЧЕН ПОРАДИ ОДРЖУВАЊЕ“

Anonymous said...

Аман бре што учиш ти за да толку немаш време? Криминологија, вовед во право? :D
Ако си паметен не ти треба учење. Мислам во основно, на факултет еве пробувам така но резултат си го кажува спротивното. :D

Losteech said...

Па така и учам, само што...имав малце „катастрофални“ резултати на тромесечие а не сакам да ми го снема интернетот :)

Ivana said...

Jас учам вовед во право...и не е ни лесно, ни интересно :( Полагам за 1 недела :(

Losteech said...

Чорба :))