Благодарение на тест публиката за која бил "преинтелектуален" и "прекомплициран", студиото го избрка Annihilation надвор од кино салите. По неколкуте проекции низ помали кина во САД, филмот деновиве започна да се дистрибуира преку Нетфликс. Филм што е создаден за големо платно сега е приморан да ти живее во дневна зашто некој можеби не се ни потрудил да го разбере. А, всушност потешко за разбирање е тоа како воопшто ваква дистрибуција е финансиски поадекватниот потег.
Секако, студиото побарало од Алекс Гарленд да го измени филмот и да го упрости за генерацијата која секое следно суперхеројско остварување го смета за најдобриот филм некогаш направен, ама добиле само среден прст назад. Annihalation е адаптација на истоимената научно-фантастична книга на Џеф Вандермир од 2014, која додека филмот е во продукција прераснува во трилогија. Не сум читал ништо од тоа, па на филмот му пристапив без никакво предзнаење и без претстава колку е близок до тој изворен материјал. Бев пријатно изненаден и среќен што конечно гледам солидна, квалитетна научна-фантастика.
На јужниот брег на САД се појавува некаква меуреста аномалија која ја менува тамошната флора и фауна со мутации на молекуларно ниво и интензивно се проширува, станувајќи закана за целиот свет. Владата тајно работи на справување со феноменот, испраќајќи експедиции чија мисија е да истражат што се случува и евентуално да најдат начин како да го спречат. Експедициите се губат и не се враќаат, додека еден ден војникот Кејн (Оскар Ајзак) мистериозно не се појави назад. Не само што не може да се сети каде бил и како се вратил, туку завршува и смртно болен.
Лина (Натали Портман), неговата жена која е врвен биолог и поранешен припадник на армијата, заминува со следната мала група со намера да најде спас и за Кејн. Отприлика тоа е генералната влезна струја на филмот која подобро да прекинам да ја дискутирам пред текстов да го испратам на експедиција во спојлерска територија. Annihilation вреди за вниманието и доживувањето. Не потклекнува на студиските правила за раскажување и не се обидува да ти ги принесе идеите во уста со лажиче. Мрачен е, понекогаш и вознемирувачки, но ниту еднаш не почуствував дека пристапот му е присилен. Тече природно, дури и кога превзема малку поартистички тон и решава да пренесе ситуација без дијалог, ослонувајќи се само на аудио-визуелна нарација.
Овде ли студиото наишло на проблем? Во спорото темпо, во тоа што често пати филмот заобилокува директна интерпретација на настаните, во недостатокот на акција? Разбирам досадни плитки крпеници како The Cloverfield Paradox или некохерентни потраги по стилски и жанровски идентитет како Mute да завршат на Нетфликс, ама како може филм од ваков крој да заврши до нив? Дали филмскиот мејнстрим во САД прифаќа само шаблонски препознатливи брендови, франшизи, суперхеројски филмови и повремени јадици за Оскар? Ако вакви неправди како во случајот со Annihilation се следниот чекор во индустријата, тогаш ситуацијата е попоразителна отколку што мислев. Кога еден Ридли Скот ќе го посочи времетраењето на Blade Runner 2049 како кривец за финансискиот неуспех на филмот, јасно ти е дека други работи полнат кино сали.
Последниве години жанровските филмови како да се сведени само на лесна забава со пуканки. Не успевам да го лоцирам главниот кривец, веројатно е тоа средната точка каде што се среќаваат понудата и побарувачката. Можам само да го погодувам одговорот на дали студијата се адаптираа на публиката или пак е обратно. Еден од последните примери ми е адаптацијата на Tomb Raider играта, каде што иако потешко се приметуваат конците видливи кај Justice League, повторно се присутни предвидливи клишеа и тропи карактеристични за големите блокбастери за кои студиото претпоставува или барем се надева дека функционираат кај широката публика. Овој тип на двочасовна забава одамна е веќе излитен. Tomb Raider ме погреба со досада.
Со филмови кроени на таков начин се ограничува и самиот медиум, не само просторот во кој е презентиран, а креативноста се потиснува со некакви очекувани "стандарди". Проблемот е кога некој ќе одбие да се прилагоди на нив, па од платното бидува исклоцан на дигитална платформа. Annihilation сега е најцврстиот пример дека таа платформа е можеби цената на креативната слобода. На крајот, може и подобро така. Којзнае каква верзија на филмот ќе гледавме во кино.
Види такоѓе:

1 comment:
Навистина добро филмче. Не дека се прам паметен, не сум сигурен дека го разбрав скроз, ама па не мора све да биде на тацна стаено.
Во врска со јајцето и кокошката, сметам дека публиката и студијата заедно еволуираа во нешто што им годи на студијата, а навидум им годи на публиката, но не баш. Војна на ѕвездите новата(преновата) трилогија е најкатастрофа филм на столетието, ама си прави кеш колку буџетот на европска унија, па шо му е гајле на карикатурно дебелиот продуцент од холивуд колку лоши коментари има на iMDB? Се додека мнозинството дава пари на кино за да го гледа римејкот на следниот просечно популарен филм/франшиза/реклама од 80-тите водени од помислата „Абе можда овај е добар“, ќе си тераме вака со комплетна деградација на квалитетот.
Post a Comment