December 9, 2011

Skyrim: Ден 27

Skyrim инсталирав само колку да можам аргументирано да мрчам колку е тапа. После еден месец ме убеди дека е најдобрата RPG (сингл-плеер) игра која сум ја играл до сега, а сум играл доволно. Секако, не можам да зборам зошто токму оваа игра е најдобрата и за 2011, без муабетот да ми содржи по некој спојлер. Така да, полека надоле. :)

Овој заклучок ми го потврди средбата со Paarthurnax, водачот на Редот Greybeards, господарите на Гласот. Внимателно ја следев приказната која ме доведе до тука, и како напредуваше стануваше подобро и подобро. Верувам дека понатаму има уште вакви запрепастувачки изненадувања, но до сега, ова беше најмоќното нешто што го видов во целата игра. Развојот од обичен селанец во Dovahkiin, учењето на Патот на Гласот и Змејските моќи, не беа ништо во споредба со откривањето на мистеријата за Alduin (змејот кој ги буди останатите змејови) и потрагата по скролот. Кога брадестото братство ме испрати кај нивниот "главен", во никој случај не бев спремен за тоа што ќе биде тој всушност и што ќе ми открие. Браво за приказната, Bethesda, ниедна друга игра го немала овој ефект кај мене!

Не е само овој квест, речиси повеќето имаат комплексна приказна која е уникатна за сличните вакви игри. А, тоа е најмоќниот аспект од Skyrim со кој во целост се оправдува оној дел од името на жанрот наречен role-playing и е занемарен во многу нови игри кои си лепат RPG етикета. Нормално, за да биде комплетна формулата, тука е и огромната слобода на играчот и минималните ограничувања во таа насока.

Пред да излезе Skyrim, имаше едно видео каде што авторите кажуваа дека се стремат кон создавање на игра која ќе овозможи секој играч, да има врвно искуство во одбраната "област". Па така што ако имаш склоност кон магија, Skyrim ќе ти го понуди најдобриот мејџ гејмплеј. Прикрадување со лак и стрела, од зад грб? Воин со секира? Буквално секоја класа одлично функционира. Лично јас, повеќе преферирам оган и мраз од двете раце, отколку лак и стрела. Како кастер во повеќето игри, можам да кажам дека ќеифот бил најголем во Skryim. :)

Музиката е посебно доживување кое заслужува и посебен пост. Деновиве излезе саундтрекот од играта сместен на четири дискови и неможам да прекинам да го слушам. Инаку, мојата лоша пиратска верзија имаше и проблеми со звукот, не слушав ништо од околината, ни стапки, ни вода, ни ветер... Среќа, има начин да се среди, треба да се симне фајлот со звуците што фалат, лесно се наоѓа на нет. Е, сега, има неколку багови што изгледа немаат решение моментално, како на пример Esbern, лик кој игра многу важна улога, а нема глас, туку само титлови кои одат премногу брзо. Плус, едвај го извадив типот од ќумезот, за да го однесам до Ривервуд.

Многу има да се збори за Skyrim, така да ќе се уклучувам вака од време на време со некој неврзан муабет за добрите моменти од играта. Споро играм, не планирам да сум готов со главниот квест во брзо време, и сигурно сум многу послаб од сите што почнаа јас кога почнав, ама тоа е. Не се брзаме нигде, така? :)

4 comments:

NaumN said...

И ја споро играм, само пошто месец дена отидоа до сеа, планирам да ја завршам во брзо време, пошто ипак нели, Ноември имаше еден куп добри игри :) Инаку да, и јас сум воодушевен од играта и квестовите, од комплетното искуство. Го барам скролот сеа :D

Бојан Николов said...

Е, имаше куп игри, ама остануваат за догодина. :) Ја планирам и дипломска да одбранам за недела-две. :)

И јас сум до скролот, ама ќе напраам некој сајд-квест успат, чисто да се исхајпам уште толку.

Ова ќе го играм уште некое време, а тек после Бетмен, Modern Warfare 3 и другото. :)

Random nobody said...

Нарачана, одмор испланиран, дипломска одамна одбранета ... :)

Бојан Николов said...

Кој како си ја наредил. :)))