March 13, 2010

Аниме на месецот: Bleach

Bleach ме купи уште со првите епизоди. Ветувачка приказна, интересни ликови, јапонски хумор што им е смешен само на јапонците (посмешно е кога ги замислуваш како се смеат на тие финти) и фина анимација. Приказната почнува со Ичиго Куросаки, млад дечко што откако знае за себе, може да гледа духови. Еден сосема нормален ден, се сретнува со Рукиа, Шинигами (death god), која доаѓа од Soul Society, каде што живеат останатите од нејзиниот вид и се борат против злите духови, познати како Hollow. Силата на Шинигамите е поврзана со нивните мечови (Soulslayers) кои имаат сопствен идентитет и моќ. Инцидентно, моќтта на Рукиа е пренесена на Ичиго и самиот тој се здобива со силата и целите на Шинигамите.

Првите дваесетина епизоди приказната се развива во градот на Ичиго кој е под постојани напади на лоши духови кои можат да ги видат само оние со некакви спиритуални моќи. Паралелно со борбите, се развива и силната пријателска врска помеѓу Рукиа и Ичиго, дознаваме повеќе за ликовите, и тука веќе се убедив дека се работи за многу поквалитетно аниме од што мислев. Борбите на почетокот ми делуваа како да се излезени од глупостине правени за реклама на играчки, грицки и подлажување деца, но развојот на приказната и ликовите некако ми го докажуваа спротивното.Околу 20-та епизода, се случува голем пресврт, откако Рукиа е уапсена од нејзините претпоставени од Soul Society, бидејќи пренесувањето на моќи на човек, се смета за најголем криминал казнив со смрт.

Оттука, приказната се сели во тој свет таму, и во наредните 20 епизоди, Bleach станува подосадно и од Dragon Ball Z. Никаков развој на приказна, комплетна трансформација на ликовите и идиотски борби од кои една трае по неколку епизоди. Нормално, пропратени со лош дијалог меѓу ликовите кои учествуваат во борбата, односно вербално мерење на.. хм.. мечови. Од аниме што навистина го засакав и ми стана навика да го гледам пред спиење, се претвори во катастрофална бљувоштина од која не можам една епизода до догледам до крај. Прекинав со гледање на 40-та епизода, Рукиа не успеаа да ја спасат од затворот, зошто нешто што можеше да се разреши за 10 минути, го влечат 15 епизоди.

Тука веќе ми стана јасно зошто Bleach до сега има повеќе од 250 епизоди и сеуште се снимаат нови. Незнам во кој правец се движи понатаму, ниту кога завршува приказната што не стигнав да ја догледам, а и не ме интересира сега за сега. Штета, почнува супер, а понатака е толку многу напорно за гледање. Од што е досадно, да...

4 comments:

Random nobody said...

Не пропушташ ништо .. Ја „прочитав“ серијата уше од први 15 епизоди (сеа сум негде до 66).

Али има кул стереотипи на карактери.
Ај за 1ви април косплеј? :))

Бојан Николов said...

Рукија ќе ја спасат ли? :) Не стигнав тоа да го видам.

Random nobody said...

Како што тоа СЕКОГАШ бива у СЕКОЕ аниме - Тој шо се бори за да спаси/заштити некого СЕКОГАШ победува. Одсеа ќе почнам драми да глеам , бар таму нема тепање и нишо не е извесно :)).

*Спојлер-или-не-баш*
Да , ќе ја спасат.

Бојан Николов said...

Јас како замена за Bleach, сега гледам Wolverine and the X-Men, новава анимирана. Таман е. :)