July 9, 2010

ЛеБрон во Мајами

Се збореше многу за ова периодов, а сега е официјално. Вест што ми го направи денот. ЛеБрон и Крис Бош одат во Мајами, заедно со Вејд да го склопат тимот кој очекувам да направи растур следната сезона. Повторно имам верба во Мајами и едвај чекам да почне сезонава. Цело време зборев како на Вејд му требаат солидни играчи околу него, ама никогаш не помислив на ЛеБрон. Некако ми беше неверојатно да заврши баш тука. Тројкава Вејд-Бош-ЛеБрон ветува многу и сигурен сум дека ќе ги оправда сите очекувања.

Реакцијата на Ден Гилберт, сопственикот на Кавс, да не беше смешна, ќе беше мизерна. Да, го загуби ЛеБрон, но нема потреба од толкава театралност...

4 comments:

Architect said...

Има да се гледа NBA следнава сезона и тоа како ... MIAMI FTW !!!

Бојан Николов said...

Ја не го соблеков Вејд дресот од вчера. :)) Пак ми се врати духот! :))

Наум said...

Честито тимот :D Никад не помислив дека ЛеБрон ќе дојде во Мајами. Ни на крај памет не ми беше, очекував во Нетси да заврши. И сега после ваквиот потег, Рајли нека земе добра клупа, пошто без тоа не бива. И очекувам да му го растурат гзот на Коби :D

Laf said...

Мене не ми се допажаат вакви зделки, каде се формираат Dream Team-ови за да се освои титула по секоја цел. Иако Мајами и те како можам да ги разберам - секој клуб сака да се засили максимално - сепак ме зачуди одлуката на ЛеБрон за ваков потег. Не викам дека титулата сега им е гарантирана (треба уште многу да се работи да се создаде победнички тим), но сепак ЛеБрон го намали количеството на одговорност што ќе го има во наредниве сезони, што е многу чудно за суперѕвезда во врв на својата кариера. Мислам дека со ова, колку и титули да освои во Мајами, никогаш нема да избие пред еден Коби Брајант или Мајкл Џордан. Но, најверојатно на човекот тоа е не му е толку важно, колку што му е важно да биде шампион - а тоа треба да се почитува. Само што, велам, не очекував тоа да биде случај.

А начинот на кој ја одигра целата претстава, е тука треба и те како да му се замери, и поради тоа ја рабирам реакцијата на газдата на Кливленд и делумно ја оправдувам.

Како и да е, честитки до навивачите на Мајами кои ќе имаат возбудлива сезона, а јас и понатаму ќе си навивам за Далас, каде целиот товар и понатаму ќе биде на плеќите на една суперѕвезда... :)