Разочаран од образовниот систем и државните факултети, решив да отворам свој факултет. Како што немало никогаш досега. Факултет за гејмери. И онака голем дел од луѓето кои завршиле на државниве факултети кај нас, можат да си го избришат газот со дипломата (читај: нема вработување), така што со дипломата од мојот Факултет за Гејминг (ФГ) бришењето на вашиот задник, е 100% загарантирано.
Друга работа, се семестрите. ФГ е двосеместрален, превидено е дипломирање за една година, со други зборови – полесен е и од Факултетот за Општествени Науки. Во план е и формирање на Универзитет “Супер Марио”. Би ставил “Super Mario Bros”, ама ептен би потсеќало на “Кирил и Методиј”. Модулите, начинот на студирање, ќе се прошируваат пропорционално со бројот на студенти и бројот на нови актуелни компјутерски/конзолски игри. Сега за сега, има само еден смер, а тоа се Професионалните Студии по Гејмерство.
Сигурно се прашувате, што занимање добивате со дипломата. Факултетот е за оние кои поголемиот дел животот го минуваат во играчница, или играат игри дома. Станувате професионален гејмер. Ќе го прават истото, само што ќе имаат и диплома за тоа. Брилијантно, мора да се сложите.
Да не должам многу, да ги видиме предметите во првата и единствена година на Факултетот за Гејминг. Во заградите е истакнат дел од материјалот кој ќе се изучува.

Семестар I
1) Историја на компјутерски игри (текстуални игри, ADVENT/Colossal Cave, 2D игри од 80-тите)
2) Применета стратегија во реално време (Command & Conquer, Age of Empires, Warcraft, Civilization)
3) Он-лајн патологија 1 (првиот дел се состои од browser-ски игри, OGAME, Space4k, Monster Game)
4) Конзоли (Atari, Nintendo, Sony Playstation, X-Box)

Семестар II
1) FPS игри (Half-Life, Doom, Quake, Counter Strike)
2) Гејмерски Методологии (cheat-ови, кракови, IDDQD)
3) Он-лајн патологија 2 (World of Warcraft, Conquer, Silkroad, Thang)
4) Емулатори (емулатори за Atari, Nintendo, Sony Playstation)

Во секој од семестрите ќе има и по еден изборен предмет, лабораториски вежби (мрежно играње DotA), колоквиуми (мини-турнири) и испити (теорија и “покажи-што-знаеш”).
Од изборните предмети, би ги спомнал предметите Симулации, Досадни Flash Игри, Тетрис Архитектура, итн. Од литература ќе се користат познати светски гејмерски списанија, а за домашни ќе даваме демо-игри за играње.
За малку ќе ги изоставев семинарските, кои ќе се состојат од пишување есеи (дванаеска фонт, 5-15 страници, иначе нема потпис!) за игра по сопствен избор. Со среќа!

No comments:
Post a Comment