Ретко се случува некоја игра да успее насилно да те растури на парчиња за да те склопи назад емотивно оштетен. Затоа, пред да продолжам понатаму со животот, мора да го направам муабетот за Spec Ops: The Line. Навидум обичен воен шутер, Spec Ops: The Line од 2012 е едно од најинтензивните гејмерски искуства што било кога сум ги доживеал. Иако бев предупреден дека ме очекува нешто поразлично, не можев ни отприлика да претпоставам на каков начин ќе ми се сервира тематика која претходно другите слични игри некако ја занемарувале.
Oсновата на приказната е прилично едноставна. Дубаи е разрушен од песочни бури и напуштен од политичарите и богатата елита во тајна евакуација, а остатокот од населението е оставено да се удави во песок и жед. Полковникот Џон Конрад и неговиот баталјон кои тогаш се враќаат од Авганистан, одлучуваат да волонтираат за помош во Дубаи спротивно од наредбите на армијата на САД, која ги прогласува за дезертери. Евакуацијата е неуспешна, Дубаи е набргу прогласен за ничија земја, па неколку месеци подоцна капетанот Мартин Вокер е испратен со мал Делта тим да бара преживеани.
Ти играш со капетенот Вокер, кој меѓудругото, се осеќа должен кон Конрад бидејќи му го спасил животот во Кабул, давајќи посебен личен тон на неговата мисија. Кога Делтите пристигнуваат во проклето сончевиот Дубаи, играта не може да изгледа погенерички. Учиш неколку основи за како да се движиш низ песокот и рушевините, пукаш во неколку непријатели, учиш како да ги командаш Адамс и Луго за и тие да го неутрализираат она што пука во вас, собираш муниција и бомби... Класична херојска воена игра, нели? Пау-пау.
Откако кога ќе ги препознаеш сите карактеристики на жанрот, Spec Ops: The Line ќе ти фрли песок во очи и ќе те сопне на земја. Играта има низа пресврти и најбитниот доаѓа на крај кој нуди и неколку различни завршетоци, ама најпаметен избор е да ги заобиколам како не би расипал нечие доживување. Баш поради тоа и маркетинг кампањата на 2K Games била толку воздржана што директно се има одразено на финансискиот успех на играта. Затоа и шест години нема продолжение ниту најава за било што ново во таа насока. Не е лесно да продадеш игра што изгледа како секоја просечна пуцачина и притоа да се обидуваш да сокриеш таква неочекувана моќна приказна.
Spec Ops: The Line прво ќе си поигра со твоите очекувања. Потоа ќе почне да се заебава со твоите морални вредности и сè она во кое веруваш, ќе те соочи со избор помеѓу ужасно лошо и катастрофално, присилно ќе те прошета низ последиците од твоите дискутабилни постапки и на крај нема да знаеш дали тонеш во лудило или мрак. Во повеќето игри обично играчот има прилика да се поврзе со ликот кој го игра и практично да ја превземе неговата улога. Овде иако ги гледаш работите од перспектива на Вокер, во повеќе наврати ќе се најдеш во ситуација каде што ќе сакаш да повлечеш линија, ама играта не секогаш ќе ти дозволи. Во моментот кога нема да сакаш да си Вокер, веќе ќе биде предоцна и тука забележуваш само еден од многуте мета-концепти кои се насекаде.
На второто играње имав прилика да го видам ова. Фасцинантно е. Кога првпат играш, во главно си фокусиран на други работи и не можеш да забележиш некои битни детали или па дури и ако ги приметиш нема ти значат многу. Приказната, симболиката и општо целата тема на играта е распространета низ секој нејзин сегмент, некогаш мајсторски суптилно. Од главното мени, низ билбордите и написите по ѕидовите во Дубаи, па до лоудинг скриновите - играта постојано го рефлектира тоа. Дури и изборот на самиот саундтрек. Иако првото играње засекогаш ќе биде незаборавно, следните нудат уште поголема забава доколку сакаш да анализираш како ти влијае изложувањето на трауматски настани.
Играта црпи инспирација од книгата Heart of Darkness на Џозеф Конрад по која е снимен Apocalypse Now филмот. Освен тоа што ликот на Конрад е именуван според авторот има и други точки каде што се допираат, но воглавно материјалот е доволно различен за цврсто да опстои самостално. Тоа што опкружувањето е воено и не е можеби најпресудно, но секако е ефективно и придонесува кога сакаш да потенцираш свирепи човечки инстинкти.
Во тој контекст има една страшно вознемирувачка сцена која покрај тоа што е наградувана, ја има поделено публиката и критиката околу потребата за нејзиното постоење. Девелоперите решиле тука да не ти дадат вистински избор, туку само да те разгневат. Изборот е всушност дали воопшто ќе продолжиш да играш понатаму и колку далеку си спремен да одиш. Одеднаш воените игри веќе не се толку забавни. Ова е и една од директните критики кон серијалите како Call of Duty кои често ја глорифицираат тематиката. Наградата од оваа сцена е една низа пост-трауматски растројства, се разбира.
А, кога сме кај тоа, приметив дека и оргиналниот саундтрек е исто ефективен во таа насока. Додека трае акцијата едвај го приметуваш, ама кога ќе го слушнеш надвор од играта веднаш ти се враќа целиот хорор. Не ми е јасно како успеале да го постигнат ова, нема шанси да е само до мене. Се разбира, има и песнички како онаа од The Black Angels што ќе ти биде хитче на неделата, ама другото се претежно свирепи слики кои те потат навечер во кревет.
Низ Spec Ops: The Line има и некои ситници кои и на други начини ја предизвикуваат природата на приказната. Поголемиот дел што ќе го искусиш веројатно е ист за повеќето, но сепак ти е оставен доволен простор за сопствена интерпретација на одредени работи. Она што мене ми го приреди направи да се осеќам како најголем мизерник. Не го избирав секогаш свесно полошото, понекогаш мислев дека ја правам вистинската одлука, а за некои трети се осетив добро без да знам дека последиците ќе се вратат да ми се насерат на постоењето. Како кога ќе скршиш некои работи и ниедно извинување нема да ги поправи. Не е секогаш твојата перспектива најважна и најдобра. Не ти ни треба војна за видиш каков гомнар можеш да бидеш. Па, затоа и мислам дека си ги заслужив сите овие грозни чувства.
Не можам доволно да ја препорачам Spec Ops: The Line. Потресна е, ама понекогаш вреди да се изложиш на вакви работи, макар и за тест. Тест на кој што јас очигледно неколку пати паднав. Иако е кратка, она што следува после ќе те демне долго. Можеби е добро што серијалот не успеал да продолжи понатаму. Реално, каде после ова? Има и други Spec Ops игри претходно, ама се само обични воени шутери како и многу слични. Оваа го зема цел жанр и целосно го редефинира. Те редефинира и тебе како играч и личност.

No comments:
Post a Comment