December 31, 2010

Exposé

Се мислев да пишувам подолг рикеп на 2010, ама некако не. Догодина.

December 30, 2010

Бета-тестирање на RIFT (трет дел)

Денес е третиот ден од затворената бета на RIFT. 15 level, собрав супер опрема (имам закон rare staff), ја прошетав скоро цела слободна зона достапна во бетава и стигнав до главниот град на мојата фракција, Меридијан.

Меридијан е огромно место, поголемо од градовите кои сме ги виделе во другите вакви игри. Раскошни градби, купола во која од спрат на спрат се стига со телепортер, полно со магија и технологија, а и интересни квестови. Имам уште малку време за играње, па ќе гледам да стигнам до инстанца или PvP.

Веќе почнав да фаќам achievement-и, а покрај нив се собираат и различни артефакти, книги и други ситници кои се чуваат на посебно место, во фина колекција. Ќе пишам до после повеќе.

December 29, 2010

Бета-тестирање на RIFT (втор дел)

Ајде уште еден RIFT муабет... Скоро 10-ти левел. Се тргнав од зоната кај што бев претходно, сега сум на друго место. На што налетав? Во Телара честа појава Рифтовите, дупки во небото кои доаѓаат од друга димензија, најчесто неповолни. Се појавуваат на различни места низ целиот свет, има повеќе видови, а до сега сретнав два. Освен тоа што се интересен елемент во светот на Телара, нудат и посебно гејмерско искуство, кое досега не сум го видел во друга MMORPG игра. Рифтовите, како што спомнав, се појавуваат на различни локации повремено, и во зависност од нивниот вид, прават различни ствари.

Налетав на Death Rift, баш во зоната во која бев претходно. Од Рифтовите излегуваат чудовишта кои играчите треба да ги сопрат за да не предизвикаат хаос во Телара. Всушност, суштествата што излегуваат од Рифтовите се 'босови' кои може да ги победат повеќе играчи, даваат некои интересни бафови, а целата борба се бодува со поени, во зависност кој играч колку придонел во борбата. Ако си во близина на Рифтот кој се отвара, во случај да не го видиш (што е малку тешко, зошто е огромен и свети) има известување. Во тој момент сите трчаат под Рифтот, излегуваат суштества неколку пати по ред и на крај секој од играчите си добива по нешто. Под Рифтот е масовна тепачка, неколку пати пробав и ја, едвај се стига на ред да удриш, освен ако не е главниот бос.

Налетав и на друг Рифт (скриншотов горе), не можев да отидам блиску да видам што точно се случува, зошто бев премал левел (натака видов 18-ти левел мобови). Веројатно беше Air или Water. Како и да е, Рифтовиве се стварно инвентивен PvE елемент, зошто на играчите им се овозможува тимска игра без да чекаат рејдови или помали инстанци. Ги има и нив, ама за тоа покасно, уште не дошле на ред.

Не ми се верува колку е добра играва, а уште е во бета фаза. Има мал проблем со anti-aliasing, па некогаш графиката не е баш како што треба, но и тоа е еден дел што отсуствува во бетава. И сега е добра, а тек каков ќе биде финалниот производ.

December 28, 2010

Бета-тестирање на RIFT (прв дел)


Како што веќе спомнав пред некој ден, добив клуч за третиот RIFT closed-beta настан што почна пред два и пол саата. Од тоа што го видов до сега (level 7), можам да кажам дека конечно World of Warcraft ќе си добие вистинска конкуренција на пазарот. Играта ги исполни сите мои очекувања, па дури и повеќе од тоа. Можеби избрзувам со заклучокот, меѓутоа сигурно е дека RIFT не е една од многуте MMORPG игри паѓаат во сенката на WoW.

Да не го тупам многу уште на почеток, да видиме што е RIFT. Се случува во светот наречен Телара, свет исполнет со магија и необична технологија, каде што се борат две спротиставени фракции, The Guardians и The Defiant. Првиве имаат три раси, Dwarves, High Elves и Mathosian, додека вториве ги имаат Bahmi, Eth и Kelari. Јас се одлучив да играм Kelari, и тоа mage.

RIFT има интересен систем на спојување на класите. Има неколку главни класи, стандардни за овој тип на игри, познати ни се на сите. Е, сега, тука има еден уникатен момент (немам видено слично во друга игра, можно е и да има), а тоа е комбинацијата на 'души' (souls). Јас како мејџ, можев да изберам три додека се левелирав, избрав Pyromancer, Elementalist и Stormcaller. Секоја од 'душите' си има посебни магии и таленти и можни се многу комбинации. Нешто слично како талентите во WoW, само што тука постои можност за разно комбинирање и навистина интересно функционира.

Квестовите на почеток се стандардни. Се тепаат различни суштества, си собираат разни предмети, черепи, некои квестови што бараат нешто повеќе, како на пример да изгасиш пожар или да отидеш таму и таму и да направиш тоа и тоа. Мислам дека тоа е стандардот за секоја MMORPG игра, како и да вртиш, тие се квестовите, а финтата е да си инвентивен и да се обидеш да убациш нешто уникатно. Приметувам дека RIFT се стремат кон истово и добро им иде. Светот е огромен, преубаво изгледа, не е копи-пејст, а видов само две зони до сега и сум пријатно изненаден.

Единствен проблем во моментов, е тоа што има премногу луѓе кои ќе се погодат на истиот квест, па неможеш на ред да дојдеш да утепаш тоа што ти треба за да го завршиш квестот, и се случува цела толпа да оди во исто време да враќа квест, што на моменти е стварно смешно. :) За среќа, нема проблеми со лаг, освен неколкуте кратки паѓања на серверот во првите триесетина минути. Во зонава кај што сум сега, дојдоа и излевелирани играчи (VIP среќници кои можат да играат на сите бета-настани) од спротивната фракција, па видовме и PvP како функционира, кога почнаа да фрштат стрели, мечови, фајрболтови и глави наоколу.

Тоа би било тоа за сега. Имам три дена за тестирање, до сега не наидов на баг или нешто што треба да се пријави, и имам само пофални зборови за Trion Worlds. Допрва ќе се слушa и за RIFT и за компанијава.

Скриншотите инаку, се такви шашави, зошто уште нема опција за правење скриншоти, па морав windowed mode + snipping tool.

Call of Duty: Black Ops

Во ноември годинава, гејмерскиот свет го затресе најновото продолжение на една од најдобрите FPS игри воопшто, Call of Duty: Black Ops. Малку поспоро од претходните, конечно го изиграв ова и тврдам дека ова е најдобриот шутер во последните десетина година, а и најдобрата сингл-плеер игра во 2010. Treyarch успеале да создадат совршенство, кое се издигнува над се во жанрот.

Call of Duty: Black Ops е сместена за време на Студената Војна (конкретно, перидот од 1961 до 1968), раскажана преку фиктивни главни ликови и мисии, на познати локации низ светот. Играчот, во поголемиот дел од играта е во улога на Алекс Мејсон (гласот го позајмува Сем Вортингтон од Avatar и Terminator: Salvation), оперативец на тајна американска служба кој по настаните од играта е заробен и испрашуван од луѓе чиј идентитет е непознат скоро до крајот на целата игра. Всушност, играчот ги игра мисиите кои Мејсон ги раскажува, а каде што се појавуваат и личности како Фидел Кастро, Џон Ф. Кенеди и Роберт МекНамара.

Првата мисија на Мејсон е во Куба и целта е елиминирање на Кастро. Уште на оваа мисија, бев убеден дека Black Ops е најдобриот наслов во целиот серијал. После тоа што следува е уште подобро. Бегство од Советски затвор, Виетнам, саботажа на Руската вселенска програма во космодромот Бајконур, и што уште не. Сето тоа е сколопено феноменално, со филмски воведи пред секоја мисија, така што моменти изгледа како да играш филм, а не игра. Баш тоа ја двои Black Ops од останатите игри, има стварно интересна приказна, а не само колку да има нешто. Последната мисија на Русалка и станицата од каде се емитуваат бројките кои се појавуваат секогаш кога ќе го видиме Мејсон заробен, е нешто досега невидено во една ваква игра. Нема многу да ја коментирам, да не правам спојлери, ќе кажам само дека нешто толку моќно и реално немам видено во ниеден друг шутер. Истото важи и за мисиите во Виетнам, кога се прикрадуваш низ река со нож. На мисиите Мејсон е често поддржан од Виктор Резнов (гласот е на Гери Олдман), лик познат од Call of Duty: World At War.

Гејмплејот во Black Ops е стандарден, како во последните неколку CoD игри. Нема некои големи измени, но има доволно нови ситници што навистина се освежувачки и интересни. Оружјата се разновидни, достапни за сечиј вкус (некогаш сакаш со два пиштоли, некогаш со снајпер) и секаква ситуација. За графиката немам коментар, преубави локации, светла, сенки. Се' е некако живо и делува реално, до тој степен што ја доловиле горештината во Виетнам и студот во Русија.

Крајот на играта ме изненади скроз. Не очекував таков зомби-мод со Кенеди, штета што после тоа не може да се игра сингл плеер офлајн. :) Значи, чиста десетка за играта, здравје во иднина ќе се потрудам да набавам оргинал копија со функционален мултиплеер, да видам и тоа како е. Успеаа да ја надминат Modern Warfare 2, рекордната продажба е сосема оправдана и сега останува да видиме што е следно.

December 27, 2010

League of Legends Log #3

Вчера ја изиграв најдобрата ranked партија на League of Legends. Во кратки црти, губиме уште од самиот почеток, прво се гаси еден од нашиот тим, па друг и остануваме тројца. Мaster Yi лагира цело време, па го снемува и него. Остануваме двајца против цел тим од пет луѓе кои се веќе влезени во нашата база и кршат што стигнат.

На крај останав да го бранам сам нашиот Нексус и во рок од една минута успевам да направам четири убиства, иако еднаш гинам во меѓувреме. Еве ги скриншотите, за успомен и дуго сеќање. :)

Double kill и во исто време гинам и правам скриншот. :)

Го убивам Gangplank, а Ashe гине од Malefic Visions спелот. Втор double kill.

Good job, Malzahar. :)

Нема врска тоа што изгубивме партија, што реално, дури и со четворица од мојот тим можевме да ја добиеме. Ќеифот се убиствава на крај, без никаква опрема. Дефинитвно една од најдобрите партии што сум ги играл. Покољ.

December 24, 2010

Покана за бета-тестирање на RIFT

Мејлот што го чекав со месеци, конечно стигна денес!

Неколку пати пропуштив VIP клучеви на Тwitter, пропуштив неколку други шанси за добивање на клуч, и ете, денес на мејл стигна поканата. Моментално ја симнувам играва и конечно ќе ја пробам за некој ден. Повеќе за RIFT на официјалниот сајт, а деновиве следува обемен пост со сите детали околу играва. Бетата почна месецов, и само од скриншотите и видеата ми потекоа лиги.

December 21, 2010

Флешбек: Home Alone

Дваесет години се пројдени од Home Alone и Home Alone 2: Lost In New York, и успеаа до денес да останат свежи. Вакви филмови, за жал, денес не се прават веќе. Ги гледав вчера првиот и вториот дел, и ми текна дека во периодот кога секој ден ги гледав на VHS, бев помал од Кевин. Првиот дел е еден од ретките филмови од кои секоја втора реплика ја знам на памет. И, после толку години ми е се уште интересен и би го гледал во било кое време.

Ме утепа носталгија вчера. Ме потсетија колку бргу лета времево...

December 17, 2010

Толку од Stargate: Universe

Последниот Stargate спин-оф е укинат и ќе заврши со втората сезона која моментално е во тек. Серијава конечно ја загледав пред некој ден и ме зарази уште со пилот-епизодата. До пред некој ден верував дека серијава ќе опстои уште неколку сезони, и еве, вестиве како непријатно не изненадија сите.

Stargate: Universe е нешто сосема различно од претходните инкарнации на оваа франшиза. Станува збор за модерна, мрачна, СФ серија која повеќе наликува на новава Battlestar Galactica отколку на Stargate SG-1 и Atlantis. Овој пат наместо SG тим, приказната се врти околу еден куп луѓе, преживеани од напад на базата Икарус. Групата, составена од војници, научници и цивили е приморана да пребега (преку Старгејт, нормално) на вселенски брод, Destiny, изграден од самите Ancients, кој се наоѓа оддалечен неколку милијарди светлосни години од Земјата. Бродот покрај тоа што има Старгејт, има и дисфункционален систем за кислород.

Луѓето на Destiny се од различни бранши, па така што заедно мора да фукнционираат научникот Николас Раш, командантот на Икарус базата, Еверет Јанг, младиот член на SGC Мејту Скот, згодната докторка Тамара, а меѓу нив е и гикот од MIT, Ели, кој во SG програмата е регрутиран преку играта Prometheus. Сосема неспецифични ликови за Stargate серија, меѓутоа одлично функционираат заедно. Е, сега, да се вратиме на приказната. Знам дека на прв поглед делува како Star Trek: Voyager, но е далеку поразлична од тоа. На Destiny не е се толку убаво како на USS Voyager, и освен тоа што немаат фенси холодек, немаат ни основни ресурси за да преживеат.

Деновиве ќе ја догледам првава сезона, па ќе пишам. Стварно штета, серијава вреди многу повеќе од две сезони, и е една од најдобрите СФ серии во последниве десет години.

December 14, 2010

Predators (2010)

Откако видовме како франшизата го допре дното со ужасните Aliens VS Predator филмови, следеше пауза по која конечно пристигна филм кој го враќа серијалот на корените. Продуциран од Роберт Родригез, во режија на Нимрод Антал, годинава излезе Predators.

Приказната е базирана на сценарио на Родригез, напишано уште пред петнаесетина години, кое до скоро фаќало прашина во некоја фиока во Холивуд бидејќи тогаш буџетот потребен за таков филм бил невозможен.

Дејствието во Predators се одвива во џунгла на планета која Предаторите ја користат за традиционален лов. На планетата се донесени моќни луѓе од Земјата, платеници, научник, Јакуза член, Дени Трехо, руски командос, затвореник осуден на смртна казна и афрички екстремист кои се пленот на Предаторите. Тимот го предводи Адриен Броди, веројатно најпромашениот актер во целиот филм, а и во било кој друг филм во кој се појавува. Откако тимот ќе сфати дека се на друга планета и дека се ловени од моќни суштества, го среќаваат Лоренс Фишбурн, преживеан од претходен лов кој неколку сезони престојува на планетата.

Predators е вистинскиот правец за продолжување на франшизата и одлично функционира, дури повеќе ми се свиѓа и од двојката, со Дени Гловер и Јамајканците. Иако ликовите тука се генерички, супер се погодени за ваков филм. Доволно насилство и вадење р'бети и черепи со раце во преубавата природа на планетата, сцени наменети за возрасна публика, што е сосема во ред за Предатор филм. Кога ќе омекнеш ваква акција, се вика AVP и е тотално срање. Како што објаснува Морфеус, Предаторите учат за оружјата против кои одат да ловат, и следната сезона се враќаат со адаптирани штитови за истите. Во филмов, овие Предатори, немаа одбрана против ножеви и слични сечила, па дури и рачни бомби. Е, тука негде на десет минути пред крајот, филмот се сјеба скроз. Од тука надоле, следуваат спојлери.

Русинот успеа да раснесе еден од Предаторите со две рачни бомби и направи експлозија каква што би направила со неколку C4 експлозиви. Неколку минути покасно - Адриен Броди се обидува да убие Предатор со десетина исти такви бомби, и без било какви спектакуларни експлозии, Предаторот е само отфрлен на страна како да скокнал на трамболина, спремен да се тепа со прљавиот Броди со голи раце. Како во секој модерен амерички филм, нашите изгубија, така да на крај останаа само Броди и девојката (веројатно и пожарот го изгасија), па фалеше уште романтичен залез и некое винце од Лоренс Фишбурн.

Океј, крајот на страна, филмов е стварно неочекувано добар. Режијата е феноменална, локациите без разлика колку CGI и да беа, беа преубави, актерите погодени (освен Броди, бољи Кристијан Бејл да беше), а Предаторите баш какви што треба да бидат, без некои експериментални додатоци и банални промени. Дури не беше ни битно како стигнаа луѓево на планетата.

Јас би гледал втор (четврт?) дел од ова.

December 10, 2010

League of Legends Log #2

30 / 13 / 13

Деновиве фатив 30-ти level, што значи од сега ќе можам да играм и ranked партии. Од последниот пат кога пишував за League of Legends, имаше неколку patch-ови, нови херои и неколку измени на старите. На пример, Corki е целосно nerf-нат, спеловите му се значително ослабнати сега, па дури имаше измена и на ultimate спелот кој што сега наместо мета, има цела стрела која го одредува правецот на гранатите што Corki ги испукува.

Со Corki се простив и моментално најмногу ги играм Malzahar и Mordekaiser. Malzahar е можеби најдобриот спел-кастер во играта моментално. Со добра комбинација на руни и распределба на masteries, може да биде непобедлив. Единствено малку има проблеми со маната, меѓутоа лесно успевам да го изрегулирам со Malefic Visions спелот, руни за регенерација на мана и фини склопки.

Mordekaiser е еден од најкорисните тенкови во играта. Покрај тоа што во одредени ситуации може сам да бутне кула (30% од демиџот што го прави со спелови, му создава дополнителен штит) и без проблем да преживее во 3v1 ситуации. Првпат во League of Legends играм тенк и за среќа лесно се навикнав и сконтав што како функционира. Освен тоа што може да направи огромен melee демиџ (доколку не е тенк), има и одличен AoE спел што совршено доаѓа до израз во одредени ситуации кога се чистат крипови пред кула или се пробива патот до непријателската база. Следните руни што ќе ги купам, ќе бидат наменети за Morde.

Неделава има супер ротација, баш хероите што сакав да ги пробам уште кога почнав да играм, ама никако не беа free-to-play. Во следниот лог ќе пишам нешто повеќе. Ranked уште не стигнав да играм, зошто интернетов ми е ужас цела недела, а не ми се напушта таква партија ради лаг.

December 7, 2010

Family Guy: It's a Trap

Како што реков, Family Guy: It's a Trap се појави некоја недела пред официјалниот датум на издавање. Последната пародија на МекФарлејн на Star Wars, баш во духот на претходните. Во ползечкиот текст, сатирично објаснува како студиото му ги наметнало продолженијава по одличниот Blue Harvest и ја предупредува публиката дека ова е направено чисто само заради пари, па гледачите да си ги намалат очекувањата. Цар е МекФарлејн, човекот може било што да направи да звучи и да изгледа смешно.

It's a Trap започнува како и претходните, каде што во куќата на семејството Грифин снемува струја и Питер почнува да раскажува за Star Wars. Голем дел од заебанциите се насочени кон самиот Return of the Jedi, за кој МекФарлејн исто смета дека е најслаб од оргиналната трилогија. Ликовите се тие од претходните две пародии, а се појавуваат и некои ликови од American Dad! и The Cleveland Show на што Стјуи забележува дека ги искористиле сите битни ликови од Family Guy, па сега мора да позајмуваат од другите серии на МекФарлејн.

Најмногу се смеев на начинот на кој беа прикажани Евоксите (мечките од The Cleveland Show). Сите сме свесни за тоа какви се и што се Евоксите, па МекФарлејн решил да ги прикаже на малку побрутален начин, што значи не се баш толку невини плишани мечиња како во Return of the Jedi. Дури и Хан Соло надоместува за малиот недостаток на акција и сериозност во оргиналниот филм ("I want to take off your helmets, go outside, and dig your own graves with them"). Можеби една од најсмешните сцени во целава оваа Family Guy сага. Покрај тоа, го имаше најдоброто препукување меѓу МекФарлејн и Сет Грин (Крис Грифин), нормално, онаков пријателски добронамерен ремет, само што тоа што го кажаа и не беше далеку од вистината. Тука ќе сопрам со спојлери и слично, зошто нема поента да се раскажува, треба да се гледа. Го има по торенти и слично, лесно се наоѓа.

Значи, уште една феноменална пародија, која воопшто не заостанува зад првите две. Питер кажува дека ова е последниот дел од Star Wars, додека новата трилогија ќе им ја препушти на The Cleveland Show. :) Нормално дека не, ама беше смешно што ја спореди трилогијата со ова. Се надевам дека Family Guy ќе продолжат со други вакви пародии на познати филмови, па дури и навистина The Cleveland Show да понуди своја верзија на новата Star Wars трилогија.

Види такоѓе:

December 6, 2010

Таксират 12 Aftermath

Два дена после Таксират 12. Можам да кажам дека ова беше најдобриот Таксират од оној со Laibach. Да бидеме реални, фестивалов во последниве неколку години стана прибежиште за бивши ѕвезди и has-been музичари. Годинава за среќа можевме да видиме нешто поактуелно, како на пример Gentleman, кој беше пресуден за моето присуство во гужвана на Саем. А, гужви секаде. На влез, на шанк, пред гнаснине клозети... Веројатно никогаш нема да се научиме на култура и бон-тон, па така да освен другото, Таксират совршено го отсликува менталитетот на овие простори.

Сепак, тоа ќе го оставам на страна и ќе се сконцентрирам на музиката. Отидовме директно на Gentleman, како би ги избегнале досадните три саата со лоша музика. Со исклучок на Smut, нормално, ама они беа први. Gentleman беше најинтересното што можеше да се види во саботата и како што реков, најинтересното од Laibach навака. Gentleman беше дојден да си го промовира новиот албум, Diversity и како што предвидов, првиот дел од настапот беше крајно досаден и тупаџиски. Настапот му го спаси изведбата на мојата омилена "Serenity", верзија блиска до оргиналната, за разлика од некои други песни каде што забегуваше со непотребно експериментирање. Очекував многу повеќе, а верувам дека можеше многу подобро. Како и да е, убаво беше да се види и Gentleman во живо, што е ретка прилика тука кај нас.

Gentleman, не на Таксират.

Manu Chao некогаш може да биде интересен, онака успат кога ќе пуштиш нешто дома, додека поголемиот дел од времето го тупи до бескрај. За жал, тоа беше случај и во саботата. Предолг настап, еднолики песни и чат-пат некој интересен момент, но недоволен за комплетно уживање. Тогаш се повлековме во другата хала, кај што беше далеку поинтересно, иако беше полно со тојфори, мочки, повраќаници и сељаци.

Земавме малку воздух и назад на Дубиоза. Дубиоза ко Дубиоза, не знам по кој пат ги гледам и секогаш се добри во живо. Одлично го измешаа новиот албум со старите ствари, се изнарипавме на "Firma Ilegal", "Kokuz", "Blam" и грлово веќе втор ден ми е отидено у курац од урлање и дишам ко Вејдер.

Onyx ги пропуштив. После Дубиоза имав сила само за да излезам надвор и да барам такси пола саат. Како што кажуваат тие што останаа, партал направиле. Не сум фан на Onyx, ама немаше да биде лошо да се видат. Значи, интересен Таксират, со до сега, можеби најзвучен лајн-ап. По некое чудо, годинава нигде ги немаше Hladno Pivo. Некако ми се резидент на вакви ивенти. Среќа што Литиум (или по ново Пасворд Продакшн), решија да не поштедат и од нив годинава.

Прашање: Дали кога Т-Хоум ќе бидат спонзори на фестивалов, ќе се вика Т-Аксират?

December 3, 2010

Први впечатоци од Lord of the Rings Online

Вчера почнав да играм Lords of the Rings Online. Играта од скоро е бесплатна, значи не се плаќа за даунлоуд и нема месечна претплата, туку сега функционира со микротрансакции. Е, сега има некои ограничувања, на пример, видов дека треба да платам за да играм одредени класи, за слотови за торби, monster play... Најглупавото е веројатно тоа што во бесплатнава верзија не можеш да имаш повеќе од 2 gold, ама со оглед на тоа што тука 1 gold = 1000 silver, претпоставувам дека не е огромна пречка. Тоа е сега, не може "преку lembas погача" (ха-хаааа).

LOTRO е класична MMORPG игра, сместена во огромниот свет на Толкин. Споредбите со World of Warcraft се неизбежни, иако се работи за различен lore. Уште ми е тешко да се навикнам на менијата, термините и се она што е поразлично. Класите се сосема други, има минимални сличности, меѓутоа си ја вршат работата во играта. Играм Elf Lore-master, најблиску до mage од тоа што можев да го играм бесплатно, а дури повикува и гавран и си има посебни магии за него. Зоните се преубави, графиката беспрекорна (шиба на машинава), ефекти, светло, сенки - топ. Очајно ми треба wide-screen монитор.

Таман викендов ќе играм ова, зошто нема абер од мојот closed-beta key за RIFT, a баш денес ги отворија серверите и почна бетата. Инаку, RIFT е веројатно играта што ќе стои една скала под WoW. Тоа што може да се види од видеа и скриншоти, изгледа зачудувачки добро. Се надевам дека деновиве ќе стигне beta key и за тоа, па ќе може и тоа да се проба.

За крај, карактерот во LOTRO ми се вика Zearthex и играм на Evernight серверот.

December 2, 2010

Осврт на Star Wars: The Force Unleashed II

После долго време чекање, литро лиги од трејлерите и еден лош стрип измеѓу, конечно е време да се дискутира за самата игра. Star Wars: The Force Unleashed II беше неизбежно продолжение на сега веќе култната The Force Unleashed што излезе пред две години. Играта за среќа, овој пат, речиси во исто време излезе и за PC со што сите без PS3 бевме поштедени од чекање.

Играта е evil in disguise. Почнува одлично, ветувачки, за после едно-две нивоа, да разочара. Многу пати кажав дека во оргиналот, тоа што најмногу ме привлече беше генијалната приказна која беше одлично расакажана преку не-толку-многу оргиналниот гејмплеј. Приказната делуваше сомнително уште од самиот почеток. Марек се враќа како клон, создаден на Камино (доколку има трет дел ова, нема да ме зачуди ако го вратат Марек како лошиот брат близнак). Бидејќи клонот ги има сеќавањата на оргиналниот Марек, прво што се обидува да направи, е да ја најде Џуно, девојката од првиот дел. Не дека имам проблем со вакви романтични саб-плотови, меѓутоа тука играта како целосно да се потпира на тоа. Освен тоа што Марек цело време кенка по Џуно, друго ништо не видов. Рам Кота, слепиот Џедај е заробен во гладијаторска арена на Cato Neimoidia, и втората мисија се одвива токму таму, каде што Марек треба да го ослободи и играта да продолжи со своето досадно дрвење.

Рам Кота е комплетно усран. Знаеме дека е слеп и дека е Силата му е прилично многу наклонета, но не и дека слеп човек може толку јасно да те води низ цела игра. Од трејлерите (уште од првиот што излезе) најмногу се радував на Дегоба и делот со Јода. И ова е една од стварите убацени колку да ги има. Вкупно на Дегоба поминав една минута, сосе трчање неколку метри и cut-scene и продолжив комплетно разочаран. Зошто воопшто Марек оди на Дегоба, кога не дознава ништо ново и интересно (за играчите)? Како што реков, плитко, колку само да го има.

Понатаму веќе не ни следев. Проаѓав репетитивни нивоа, млатев Стормтрупери и роботи од Империјата што се тепаат со досадни комбоа, скокав чат-пат и ги правев истите работи, пак, пак и пак. Нивото со моторите на бродот ме напна максимално, зошто ги претрчував истите ходници постојано, иако играта некако сакаше да ми ги протне како нови. За споредба, првата имаше преубави нивоа, различни планети, а на крај заврши со Death Star.

Гејмплејот не е ништо поразличен, само што тука, онака симболично, Марек има по еден лајт-сејбер во рацете. Скоро истите финти од првата, само со два сејбери што воопшто не прави разлика. Ме занима во тројката со што ќе држи третиот сејбер, онака симболично, нели. Штета, играва требаше да биде тоа што веројатно не беше возможно. Целата мала франшиза што почна со The Force Unleashed можеше многу подобро да испадне и да биде дефинитивната алка која ќе ги поврзе двете филмски трилогии.

Играта не успеав ни да ја довршам до крај. Застанав негде на пола од последното ниво и немаше смисла да го играм истото што го играв претходните нивоа. Да биде уште полошо, играта е прекратка. Само што се заиграв, видов дека не само што не сум на почеток, туку сум при крај. Uninstall.

Десктoп "Слобода"

Дел од десктопот на студент кој го положил најтешкиот испит во неговото досегашно студирање. ;)

December 1, 2010

Prison Break: Втора сезона

Со Prison Break се случува она што најчесто се случува со серии кои непланирано продолжуваат со нови епизоди и сезони (многу сакам да кажам Lost во моментов, ама не). Серијата на почетокот била замислена како мини-серија, меѓутоа наидува на интерес кај публиката, па така е продолжена како цела една сезона. Бидејќи гледаноста е огромна, логично е да се продолжи и со втора сезона. За жал, сценаристите очигледно немале баш идеја за тоа како би терале понатаму.

Втората сезона ги раскажува настанати кои следат по бегството на крајот од првата сезона. Сега сите што успеаа да избегаат, ги бараат закопаните пари на Д.Б. Купер. Сите елементи кои ја правеа добра прва сезона, пред се, Фокс Ривер затворот, ги нема. Тетоважите на Скофилд се тука колку само да ги има и згора на се, по него тргнува и агент кој успева да ги дешифрира и да го предвиди патот на браќата до Панама. Мораа и Сара некако да ја пренесат во втора сезона, значи Сара ја изгуби работата во затворот и отиде во илегала заедно со останатите. Нормално, и Белек е отпуштен, па сега и он ги бара 500.000$ на Купер.

Ужасно напишани епизоди, глупи заплети и милион беспотребни ствари. Исфорсирано до максимум. Пола од епизодите ги заспивав и едвај ги догледував. Брканица низ цела Америка, упорно сите се наоѓаат на исто место во исто време, ликовите се сменети од корен и ретко кој се однесува барем слично како што му прилега на карактерот. Како да е скроз различна серија.

Да биде најсмешно, на крај сите се најдоа во Панама и завршија пак во затвор. Само што сега Мајкл е во затвор, а Линк ќе се обидува да го извади. Ја почнав и третава сезона, првите две епизоди се интересни, малку претерaни, ама во секој случај многу подобри од се што видов во втора сезона. Ме чуди како успеала серијата да опстои и четврта сезона.

November 29, 2010

Ирвин Кершнер (1923 - 2010)

Почина и Ирвин Кершнер, режисерот на најдобриот Star Wars филм, The Empire Strikes Back. Не е на арно ова, блогов денес ко некролог е.

Лесли Нилсен (1926 - 2010)

Денес почина еден од најдобрите актери кога станува збор за комедија и човек кој зрачеше со необична харизма каде и да се појавеше. Израснавме со неговите пародии, Naked Gun серијалот, Airplane!, Spy Hard, Repossessed, Wrongly Accused, Dracula: Dead And Loving It...

Во неговата 60 годишна кариера сними многу филмови, а последниве години за жал стана стандарден дел од дното на жанрот кој најмногу му одговараше, со промашувања од типот на _____ (внеси збор) Movie.

R.I.P.

November 24, 2010

4 Години Crapwerk

Четири години Crapwerk... Обично секоја година се мислам да напишам нешто поспектакуларно во врска со тоа и на крај завршувам со листа на избрани постови искуцани од последниот родеденден до денес. Па...


* * *

Каде е Lost? Последната сезона на Lost беше ивентот што ми ја обележа изминатава година. Ги следев сите епизоди на Crapwerk, па еве ги тука.

November 21, 2010

Нова ММО игра: Nadirim

Nadirim e нова browser-based MMORPG игра инспирирана од Arabian Nights приказните. Минатиот месец требаше конечно да започна closed-beta тестирањето, ама за жал, упорно се одложува. Регистрацијата е сеуште во тек, достапна на овој линк.

Nadirim ќе биде бесплатна, иако очекувам да воведат микротрансакции како кај повеќето игри од овој вид. Од тоа што може да се види од скриншотите и промо видеата, играта има преубава графика, детално изработени мапи и неверојатно многу потсетува на Age of Empires II. Значи, таква камера, ситни херои... Баш ме интересира како тогаш ќе се спроведе combat системот.

Најавени се пет класи: Nomad, Sage, Warrior, Caravan Master и Ruffian, секоја со уникатни способности и вештини. Играта покрај PvE, ќе има и PvP систем, нормално и можност за формирање на групи и гилдови.

Nadirim ми изгледа многу интересно и далеку попрофесионално од сличните бесплатни игри. Сакам да ја пробам, затоа и се надевам на beta key-от. Веројатно до крајот на годинава ќе може да се игра.

November 20, 2010

Првата епизода на The Walking Dead

Како и со се' останато изминатиов месец, каснам и со The Walking Dead серијата. Долгоочекуваната адаптација на стрипот на Роберт Киркмен (еден од креаторите на Haunt, Marvel Zombies и Ultimate X-Men) започна неодамна да се прикажува на американската кабловска телевизија AMC. Да, истата телевизија каде што до скоро се прикажуваше Rubicon, пред да биде укината.

Стрипот уште не ми дошол на ред за читање, така што нема да правам споредби со серијата, и ќе се обидам да ја оценам таква каква што е. Зомбија отсекогаш биле кул и речиси секоја приказна во која што се нашле била солидна, освен во случај кога се работи за некој нискобуџетен металски хорор од Д категорија.

Изминативе месеци The Walking Dead крена огромна прашина, по блогови, сајтови, форуми, твитери и сегде кај што би можела да се најде потенцијална публика. Имајќи го тоа во предвид и моите очекувања за оваа серија беа големи. Тоа што не очекував од The Walking Dead е да биде премногу драма за мој вкус. Настрана од зомбијата, се останато во првава епизода е некако споро, половично и на моменти досадно. Незнам какво е сценариото во стрипот, меѓутоа во серијата и не е баш на некое завидно ниво.

Серијата го следи Рик Грајмс, локален заменик шериф во мало место во САД, кој после одреден период поминат во кома, се буди среде зомби апокалипса. Дали некој приметил колку неприродно се однесуваат ликовите во филмовите кои се затекнале среде некој ваков настан? Мислам, зомбија се, ало? Баш поради ова Shaun of the Dead е најдобриот зомби филм некогаш снимен (настрана раните остварувања на Џорџ Ромеро). E, сега. Шерифот се буди од кома и воопшто не се труди да дознае што навистина се случува. Разбирам дека шокот е голем, ама wtf? Сите некако се мирни, едвај паничат и понекогаш се однесуваат како никогаш претходно да не чуле за зомбија. Тоа ме тера да помислам дека зомбијата воопшто не се дел од фикцијата во самите филмови. Како тотално да се избришани од универзумот во кој е сместен филмот.

Друго, преголем акцент на емоции кај ликовите, дури и кога најмалку треба. Сфатив дека ова е пред се драма, само што навистина нема потреба од толкава театралност. И да, шерифот личи на Благоја Грујовски, една причина плус што ја прави The Walking Dead уште почудна серија. Ликовите моментално ништо не ми значат. Со ништо не се потрудија да го заслужат моето внимание. Од друга страна, режијата и фотографијата се одлични. Се осеќа некоја стриповска атмосфера. Зомбијата се добро направени, баш такви какви што треба да бидат, без непотребно експериментирање.

Иако е рано за краен заклучок, ќе кажам дека серијата не ме чепна нешто којзнае колку. Првава сезона ќе има само шест епизоди, значи ништо страшно, па ќе видиме понатаму. Во меѓувреме, ќе прочитам нешто од стрипот, колку да имам претстава што точно (ќе) гледам.

November 19, 2010

It's a Trap трејлер

Family Guy ја најавуваат новата Star Wars пародија, It's a Trap. It's a Trap (работниот наслов беше We Have A Bad Feeling About This) е пародија на Return of the Jedi и последна од трилогијата. Официјално, ДВД-то треба да се појави во декември за Божиќ, а неофицијално ќе го има порано низ варез мрежата нешто порано.

Колку што може да се види од трејлерот, повторно ќе гледаме добра епизода. Има и нови ликови од другите серии на Мекфарлејн, American Dad и The Cleveland Show.

Се надевам дека овие специјални пародии не запираат тука и дека ако не видиме Family Guy верзии на новата Star Wars трилогија, ќе видиме нешто друго, како Back To The Future или Indiana Jones. Клик тука за трејлерот.

Види такоѓе:

November 16, 2010

Најава: Paul (2011)

Од дуото што успеа да го направи најдобриот зомби филм по серијалот на Ромеро, Shaun of the Dead, на почетокот на следната година, пристигнува Paul. Paul е комедија за двајца гикови (Ник Фрост и Сајмон Пег), кои патувајќи низ САД, налетуваат на Пол, вонземјанин од Area 51.

Со оглед на тоа на кои добри наслови се потпишани Пег и Фрост, очекувањата за добар филм ми се оправдани. Британциве се здружиле со актуелни имиња од холивудскиве комедии, па гласот на Пол го позајмува Сет Роген, а во филмот се појавува и Бил Хејдер. Покрај нив, тука е и Сигурни Вивер. Каде без Сигурни Вивер?

Верувам дека на сите ни е преку глава од Сет Роген, ама и покрај тоа ова ми личи на добра комедија. Двајцава британци знаат да напишат филм и нема шанси да промашат. Првиот трејлер за Paul е достапен на овој линк. Едвај чекам да излезе филмов.

Star Wars: The Force Unleashed Volume 2 (графичка новела)

За играта сеуште немам ништо да кажам, зошто уште дреме на хард-диск и чека да најдам време да ја инсталирам и конечно да видам што има да понуди. Dark Horse Comics неодамна го издаде новото продолжение на Star Wars: The Force Unleashed, сместено на осумдесетина страници.

Уште на почетокот се осеќа голема разлика меѓу првата и оваа графичка новела. Тогаш имаа солидна приказна и на убав начин го преточија тоа во стрип. Значи, беа запазени битните ликови, развојот на настаните и некако повеќе одеше во комплет со целата The Force Unleashed приказна. Овој пат, имаме оскудно раскажани глупости и некомплетна приказна која е непотребно сконцентрирана на Боба Фет. Да биде уште полошо, пробуваат да го демистифицираат Боба Фет со што се урива целиот негов мит. Мислам, сите знаеме дека Боба Фет е толку кул баш поради начинот на кој е претставен во оргиналната трилогија. Немаше потреба и тука да се чепка човекот под зар'ѓаниот шлем. А, да не спомнувам дека и Јода и Боба Фет се тука присутни само колку да ги има...

Цртањето е одлично, тука немам замерки. Сценариото е тоа што малку шашаво и делува пишувано онака, ден пред да оди на штампање. Зачудувачки, од истиот автор е. Се надевам дека се работи само за лоша адаптација...

Доколку графичкава новела требаше да биде некаков вовед во целата приказна, заринка уште пред да почне. Рано е уште да и пресудам на приказнава, треба прво да ја (почнам и) завршам играта и да ја прочитам книгата. Меѓутоа, после ова некако ќе испадне дека е поисфорсирана од што мислев. Играта е тоа што е, сме играле многу такви игри. Мене ме занима приказната.

November 14, 2010

Канџија!

Канџија е новото име на мојата листа на балкански хип-хоп што можам да го слушам, заедно со Бед Копи, Марчело и Едо Маајка.

Дечкото доаѓа од Хрватска, кине бољи и од Едо, и лани го избаци првиот албум, насловен како Narodnjaci. Закон флоу, одлични текстови и џам продукција. Кога не се заебава, е сериозен ко Марчело и знае како се сервираат политички свесни рими. Пред албумот има едно демо, JEA кај што има трака со Тимбе и Ајзак од Бед Копи.

Не следам рап, ама од време на време ми налетува нешто добро, па така и Канџија улета, со спотот за "U trendu". Narodnjaci е моќен албум, полн со емоции, заразен од прво слушање и достапен за даунлоуд на овој линк. (апдејт: мртов е линкот, снајди се)

November 12, 2010

Prison Break: Прва сезона

Не знам како сум успеал толку години да се држам настрана од серија каква што е Prison Break. Ете, некако се наместиле работите да ја пропуштам, па морав дури сега да надоместам за тоа. Хајпот одамна пројде, сите ја изгледаа и знам дека е исто како да пишувам за ланскиот снег, но тоа е тоа. Подолу следи нешто накратко за Prison Break, со спојлери сведени на минимум.

За неколку дена, ја изгледав првата сезона и можам да кажам дека е пример за совршено реализирана приказна, ретко добра, како првата сезона на Lost и Firefly. Моментално ја гледам втората сезона, уште сум на почеток, меѓутоа ни отприлика не успева да го достигне квалитетот на првата.

Иако сите веќе знаат што е целиот муабет околу Prison Break, ќе сумирам во кратки црти. Линколн Бароус, жртва на политички заговор, е наместен за убиство кое не го извршил и се наоѓа во затвор каде што чека да седне на електрична столица. Во затворот доаѓа брат му, Мајкл Скофилд, со план за бегство и целата мапа на затворот која е умешно истетовирана по неговото тело. Мајкл уште од првиот ден во Фокс Ривер затворот започнува да работи на реализиација на планот, ги наоѓа луѓето кои би му биле од корист и го спрема бегството кое ќе го спаси животот на неговиот брат. Мајкл успева да ги спроведе сите точки од планот, меѓутоа по пат се соочува со разни непланирани проблеми, како на пример затвореници кои случајно дознаваат за бегството и стануваат дел од тоа. Како што се шири кругот на луѓе, така и се комплицираат работите.

Prison Break постојано држи во неизвесност, напнати моменти и е прилично тешка за предвидуање. Затоа се гледа брзо и мило ми е што сум немал потреба да чекам нова епизода секоја недела. Многу е позгодно кога се гледа во еден здив. Всушност, приказната е многу едноставна, исто и планот на Скофилд, меѓутоа сценаристите се потрудиле да изгледа којзнае колку заплеткано. Втората сезона, за споредба, е премногу исфорсирана и нема никаква тензија, има милион досадни моменти, глупи претерувања и ситуации во кои ќе си помислиш дека сите ликови едноставно ги следи лоша среќа.

Настрана од браќата, сите ликови во првата сезона се одлично напишани, па затоа е лесно да се приврзеш и да се грижиш за нив. Тоа ми е најбитно кога гледам филм или серија, така што Prison Break комплетно го задоволи тој услов кај мене. Развој во секоја епизоди, без филери, без ништо, првата сезона е маестрална. Колку е да е лошо понатаму, серијава веќе влезе во мојата топ листа на омилени работи за гледање.

Вторава сезона ја гледам онака, од љубопитност, на моменти делува како сосема друга серија, меѓутоа ќе догледам и ќе пишам нешто повеќе.

November 8, 2010

Загревање за TRON: Legacy

Јебига, колку и да се држев настрана од новиов TRON: Legacy, хајпот некако ме стигна. Ваков маркетинг не сум осетил од The Dark Knight.

TRON: Legacy е тотално непотребно продолжение на култниот TRON, кој своевремено има направено револуција на поле компјутерска графика и специјални ефекти. Успехот на TRON се должи на до тогаш невидената реализација и огромниот раст на популарноста на игрите, додека денес навистина нема некоја поента таков филм. Меѓутоа, видовме се и сешто, продолженија кои најмалку требаше да се случат, така што Legacy нема проблем да пројде. Ајде, на WarGames имаше продолжение пред две-три години, wtf?

Дизни цеди пари од се за кое што ги има правата. Овој пат таргет група се старите фанови и новите деца, додека тогаш поголемиот дел од публиката биле гејмери. Игрите направија значителен напредок во изминативе дваесетина година, но сеуште немаме таква виртуелна реалност како што тогаш мислеле дека ќе има. Поради тоа, TRON: Legacy нема да понуди некаква визија за иднината на игри, туку повеќе ќе биде како омаж, или ако повеќе сакате, лесни пари.

На страна барањето поента во TRON: Legacy, јас верувам дека филмот ќе понуди супер забава за едно гледање. Подоле има неколку видеа:

Тизер трејлерот од Comic Con | Официјален трејлер | You're here

Очигледно, во САД денес е супер да си фан на филмов, зошто се отвара TRON продавница и ствари како ElecTRONica...

October 22, 2010

League of Legends Log #1

Едвај две недели пројдоа откако почнав со League of Legends и сум тотално навлечен на играва. Најзаразно нешто за играње по World of Warcraft во последниве години, а и многу подобра од DotA.

Неделава има нова ротација на херои. Ги пробав скоро сите, најинтересни ми беа Annie, Garen и Sivir. Сепак, собрав поени и си го купив Corki. Моментално, Corki е херој што најмногу ми одговара. Има најпрактични финти, бара повеќе од кликање, ефективен е и со attack damage и ability power... Единствена маана му е тоа што е малку спор, меѓутоа го регулирам и тоа некако. За нов херој, ќе почекам до следната недела. Иако имам развиено некој скил за вакви игри уште од DotA, некако потешко се навикнувам на нови херои во LoL.

Ми се свиѓа колку се посветени Riot Games околу играва и целата заедница на играчи. Баш неделава пуштија и нов херој, Lux, а гледам дека ја прилагодуваат и приказната на светот на League of Legends со некои настани и празници (Blizzard како што прават со WoW). Деновиве актуелен е Харовингот, случување во League кое е аналогно на Халовин. Напитоците за mana, health и слично, се заменети со бомбони и овојше кои одат во прилог со Харовинг, а и големата мапа си доби нов скин.

Следниот месец ќе има комплетно нова мапа, а најавени се и нови херои. Доколку некој игра на европските сервери, нека ме побара под ник Zearthex, за 3v3 или 5v5 тим. А, за регистрација на нов акаунт, клик тука.

October 19, 2010

Крај на првата сезона на Rubicon

Заврши првата сезона на Rubicon, со тринаесетата епизода. Сценаристите успеаа мајсторски да ја заокружат приказната околу заговорот кој се расплетуваше низ овие тринаесет епизоди, на тој начин, што дури и да ја укинат серијава, публиката да биде задоволена со одговори. Има спојлери подоле.

Вил успеа да го разоткрие политичкиот заговор кој всушност започнувал од неговото работно место, каде што на аналитичарите им се нуделе сомнителни разузнавачки информации, кои тие несвесно ги обработувале во погрешен правец. Се дозна за тајна организација во САД, која монтира "терористички напади" со цел да профитира од исходот на истите, додека на луѓето одговорни за откривање на "напаѓачите" им дава погрешни информации, за истрагата да добие сосема нов тек. Референците кон 9/11 секако дека не беа случајни, само што никогаш директно не се спомна.

Крајот на сезоната, доколку е крај на серијата (искрено се надевам дека не), ќе функционира одлично како таков. Вил се бореше да преживее додека го разоткриваше заговорот, сепак е еден човек, кој никако нема шанси да тргне против целиот тој систем, кој без никаков проблем елиминира луѓе кои пречат. Тракстон, на крај доби детелина со четири листа, но не видовме што се случи понатаму. Искрено, и да нема втора сезона, јас сум комплетно задоволен со ова што го гледав до сега. А, верувам дека ако Rubicon добие втора сезона, ќе гледаме уште подобри епизоди.

Одлична серија. Си го задржа спорото темпо и напнатата атмосфера уште од старт, а со секоја епизода стануваше се подобра и подобра. Ликовите беа сосема обични луѓе, со малку несекојдневна професија, но се однесуваа нормално и реагираа на одредени ствари како вистински луѓе. Без спектакли и фиктивен хероизам. Штета што американската публика одговорна за рејтинзите и судбината на сериите што се прикажуваат денес, не е навикната на вакви остварувања. Затоа серии како The Event и V добиваат втора сезона...

October 16, 2010

Truth Unleashed

Star Wars: The Force Unleashed II излегува месецов, поточно на 26-ти октомври. Лошата вест е тоа што нема да има верзија за PS2, додека добрата е што ќе излезе и за PC. Уште подобро е тоа што конечно имам добра конфигурација што ќе ја пречека играва како што треба.

Приказната во играта е сместена неколку месеци по настаните во првиот дел и една година пред настаните во A New Hope. Како резултат на она што се случуваше во кецот, Гејлен Марек тука се враќа како клон, кој по предавството на Вејдер бега од Камино. Нормално, Вејдер го најмува Боба Фет пошто вреди и е, барем теоретски, попрецизен од стотина Стормтрупери, а меѓу другото зошто и да го нема во играва. Така, Лукас? Исто и Јода. Страшно многу ме занима како Марек ќе заврши на Дегоба. Од останатите ликови од The Force Unleashed, ќе се појават тие што преживеаа, меѓу кои и Рам Кота. Приказната во продолжениево е така напишана, за да биде разбирлива и за оние кои не се запознаени со оргиналната.

Од тоа што може да се види од трејлерите, ова некако ми мириса на убаво продолжение. Со оглед на тоа што Лукас сеуште нема муда да направи филм од оваа феноменална приказна, далеку подобра од Episode I, II и III (и VI, пошто има Евокси), ќе мора да ги сркаме игрициве уште некое време. Верувам дека Џорџ не ни почнал да го молзе и овој дел од франшизата. Покрај добрата игра, очекувам и добра книга или графичка новела. Последново го симнав, само уште не најдов време да видам дали и колку е добро. Значи, рецензија наскоро.

За крај, еве ги видеата и трејлерите од играва: Boba Fett Trailer, Game Launch Trailer, Truth Unleashed и ТВ рекламите. За рецензијата на првата игра, клик тука.

Патем, ова е 400-тиот пост на Crapwerk. :)

October 13, 2010

Зараза на месецот: League of Legends

На кратко, League of Legends е клон на DotA, и тоа направен од луѓето директно инволвирани во оргиналната DotA кои се собрале во мала компанија позната како Riot Games. Играта е објавена минатиот октомври и е бесплатна за играње. Потребно е само да се направи акаунт и да се симне клиентот.

LoL нуди широка палета на херои, околу 60тина. Преку една недела ротираат само 10. За купување на херој кој ќе биде постојано достапен за време на ротациите, се користи кеш или influence points кои се добиваат со играње. Моментално собирам за да си го купам Corki. Спелови, оружја, напитоци и комбинации од истите се достапни во огромен број и што е подобро за разлика од DotA, сите се купуваат од еден вендор. Дури има и комбинации кои се препорачуваат за одреден херој, што е одлично за нови играчи.

Стратегијата и начинот за победа се исти како кај DotA. Мапата што е за 5v5 е идентична на DotA мапата. Има и помала мапа, 3v3, а се најавуваат и нови. Спојувањето на играчи по случаен избор се врши со еден клик со што се елиминра чекањето и собирањето на тим. Секако, постои опција играчите сами да си направат тим и како тим да стапнат на мапите.

Една од работите што ми се допаѓаат во LoL е тоа што со секоја партија се добива XP за левелирање, па со секој левел се добива поен за talent tree како во WoW, бидејќи покрај стандардните спелови уникатни за секој херој, има уште два други кои се на самиот акаунт и доаѓаат со било кој херој што играчот ќе го одбере. Со секој левел, се отвора можноста за нови вакви два спела. Покрај нив, постои и спел за телепортирање, па нема потреба од купување на Scroll of Town Portal или нешто слично.

Значи, играта е се она што е DotA, со неколку додадени ситници и подобрувања кои не се возможни во DotA, поради ограничувањата на Warcraft III. Деновиве сум тотално навлечен на играва и моментално сум во ситуација кога кажувам дека е подобра од DotA. Нови херои, нови спелови, нова мапа, некако делува освежувачки. Сепак, задржан е филингот на DotA, намерно е така нели, за да се привлечат и тие играчи. Графиката е убава, мапите се детални и шарени, хероите се супер изработени, ефектите на спеловите исто.

League of Legends прави напредок секојдневно. Колку што видов, играта има голем број играчи кои придонесуваат на заедницата со туторијали, водичи, стратегии и се останато. Сметам дека времето на играва допрва доаѓа. Не верувам дека лесно ќе ја истисне DotA, но барем нуди соодветна замена на оние на кои им е здосадено од таа мапа.

Уште една работа за крај. Регистрацијата на нови играчи се врши и преку препорака, со тоа што се добиваат некои бенефиции во играта, па ако некој се регистрира, не е лошо тоа да го направи преку овој линк. :)

October 10, 2010

Inception (2010)

Со оглед на тоа што Нолан до сега и да нема промашено филм од тие неколку, влегов во кино со големи очекувања за Inception. Гледав да не ме стигне хајпот околу филмов, отидов само со изгледан трејлер и без прочитана рецензија.

Плотот ми беше добро познат, идејата е генијална, а со такви актерски имиња нормално е да се очекува солиден филм. Леонардо Ди Каприо, преводи група на луѓе кои се способни да влегуваат во соновите на луѓето со цел да извлечат нешто или да всадат некаква идеја. Технологијата не е битна, бидејќи беше нормален дел од светот во кој што се случуваше филмот, така да нема воопшто да зборам за тоа - сосема е во ред. Првите дваесетина минути се супер, се запознаваме со ликовите, со нивната работа и приказната се развива интересно. За жал, на крај останав рамнодушен, без прашања околу филмот и со заклучок дека гледав само еден обичен блокбастер.

Искрено, очекував малку подлабок филм, со покомплеска приказна и некаква посериозна философија. Филмот има многу слична идеја како The Matrix, поставува некои прашања за реалноста и постоењето, но го прави тоа на многу површен начин, направен да биде лесно разбирлив за секаква публика. Значи, ништо интригантно, ништо комплицирано, со линеарна приказна завиена во неколку слоеви да изгледа дека е нешто којзнае колку замрсено, но воопшто не е така. Очекував филм што ќе треба да го гледам барем уште еднаш за да разберам што се случува...

Реализацијата е одлична, со исклучок на напорните акциони сцени. Тотално беа непотребни во толкаво изобилство. Приказната ќе беше подобро раскажана ако се обратеше повеќе внимание на дијалози отколку на долги и досадни брканици низ снежни предели. Како сценариото да не страдаше и без нив... Сериозно, немаше ниту една реплика која ми остана во глава, ме натера да се замислам или ако ништо друго, барем ќе звучеше кул. А, ликовите се еднодимензионални, во ниеден момент не се загрижив дали некој ќе изгине, ќе заврши во лимбо или ќе се разбуди. Филмот си го покажа потенцијалот уште на почетокот и за жал си го сруши заедно со зградине.

На крајот, Inception е само просечен филм, забавен и ништо повеќе од тоа. Веројатно хајпот и името на Нолан си го направија своето, па филмот затоа добива толку големо внимание. Споредбите сo The Matrix ми се неизбежни, бидејќи цело време додека го гледав имаше моменти каде што лесно можеше да се улови влијанието. Не дека и The Matrix е оргинален, но барем имаше многу повеќе да понуди од ова.