January 23, 2009

Каде оди Lost?

Петтата сезона започна со две нови епизоди. Некако брзо ми поминаа овие месеци, можеби зошто не се оптоварував толку многу со Lost, како на пример, кога ја чекав четвртата сезона. Lost уште во третата сезона скршна од правецот и отиде во некоја недефинирана насока која некако се обидоа да ја изградат во четвртата сезона.

Ги изгледав двете епизоди, втората ја догледав прееска, зошто вчера толку бев изнервиран од првата, па прекинав со гледање. Од тука почнувам со сполјери, па тие што не гледале, нека не читаат. Немаа што, па ќе патуваат низ времето цела петта сезона, така? Немаше подобар начин да се прогура серијата од овој, нели? Веќе стана напорно за гледање. Дури и желбата да дознаам што се случува со островот и се друго што ме интересираше ми се потисна и сум комплетно разочаран. Ќе видам што ќе понуди третата епизода следната недела, па ќе видам дали воопшто ќе продолжам да следам понатаму... Lost sucks.

January 20, 2009

Runes of Magic

Да, играта е poor man's World of Warcraft. Конечно ја заиграв деновиве и почетоков е прилично интересен, а богами и спор, или па јас сум навикнат на high xp rate како на приватните WoW сервери. Значи, мало појаснување. За тие што играле WoW, Runes of Magic е бесплатна, чкарт варијанта, тотален рип-оф на оргиналот. Но, на моменти и толку слична што дури и заборавам што играм во моментот. Дури и музиката е слична.

Како што кажав, сеуште сум на почеток (пред малку фатив 9 lvl). Квестовите се исти како почетните на WoW (убиј 10 свињи, однеси му го писмото на тој и тој, итн.), па се трудам да извршувам колку што можам повеќе за побрзо да се левелирам. Немав прилика да прошетам низ околината, но од тоа што досега го видов, можам да кажам дека има голема површина за шетање и доволно е нашминкана така што не се осеќав како да тапкам во место (авторот сака да каже дека секое дрво не е исто).

Играм mage. Скоро е ист како mage-от во WoW. Пред тоа пробав knight. Иако оваа класа претендира да биде како paladin во WoW, е прилично далеку од тоа, па затоа и го баталив. Различни раси нема, има само луѓе, па веројатно ова е најголемиот минус. Можеби ќе има нова раса во некоја експанзија.

Да не го тупам, сакав само да ставам неколку скриншоти, планирам деновиве да напишам подетално за Runes of Magic. Ја играм US верзијата, има доста народ и може да се симне од тука. Бесплатна е, нормално, дело на група ентузијасти кои работат посветено и секојдневно има нов patch со куп ситници и поправени багови.

Селцето од кај што почнува играта...

Elwynn Forest, нели?

Ноќ. Местово е нешо слично како Goldshire.

January 17, 2009

2HG и Conflux спојлери

Само што се вратив од 2HG (Two-Headed Giant) турнир. За неупатените, тоа е формат на Magic: The Gathering каде што се игра во тимови, односно двајца на двајца. Првпат играв 2HG и сум тотално заљубен во форматов и се надевам дека Гоблин екипава ќе организира пак во брзо време. Со колегата игравме агресивни декови, goblin и rogue декови. Ја изгубивме само првата партија (од четири), поради моето лошо влечење на карти на почетокот. Како и да е, ова беше еден од најдобрите турнири на кои што сум учествувал.

На крајот на месецов, излегува и нова едиција, втора од Shards of Alara блокот, под името Conflux. Продолжение на приказната со нови карти, од кои ќе ми требаат само две (по четири од секоја) за да склопам нов, компетитивен goblin дек. Единствениот проблем е наоѓањето на тие карти, бидејќи ќе бидат rare и верувам дека и цената ќе им биде поголема. На сајтот на Wizards of the Coast веќе има visual spoiler и може да се погледне на овој линк.

Клипови од петтата сезона на Lost

Петтата сезона ќе започне со прикажување на 21.01, во среда, што значи дека во четврток сабајле првата епизода веќе ќе ја има за симнување. Иако серијава веќе не е тоа што беше, мора да ја догледам и да видам до каде ќе оди. Финалето на четвртата беше интересно и донесе изненадувачки крај и не остави да чекаме повеќе од пола година. Се надевам само дека нема да има толку голема пауза измеѓу оваа и следната сезона, која би требало да биде и последна (некаде во 2010 година).

Ќе мора уште еднаш да ја гледам последната епизода од четврта за да се потсетам на некои детали. Пред некое време излегоа неколку кратки видеа од петтата сезона, кои и не откриваат баш многу, освен неколку ликови кои првпат ги гледам. Поделени се во две пакетчиња, па клик тука за даунлоуд на првиот, и тука за даунлоуд на вториот пакет.

January 15, 2009

Bolt

По WALL-E, најдобриот анимиран филм кој излезе минатата година, директно од кујната на Дизни (без Пиксар).

Болт е кутре, кое заедно со девојчето Пени, е дел од популарна акциона серија каде што го толкува главниот лик - куче херој. Фората е во тоа што Болт незнае дека е актер, бидејќи за да се зголеми неговиот перформанс, продуцентите одлучиле да снимаат со скриени камери и го оставаат да верува во неговите супермоќи. Рејтингот на серијата опаѓа, па одговорните одлучуваат да направат пресврт во приказната по што Болт е раздвоен од личноста која најмногу ја сака - Пени. Бидејќи верува дека таа е навистина киднапирана, тргнува да ја бара и излегува од студиото каде што го поминал целиот живот снимајќи ја серијата.

Од тука некаде почнува филмот, кој навистина ми го направи денот, без разлика на тоа што беше предвидлив и не понуди нешто којзнае колку ново. Сепак, ликовите се одлично изградени, покрај Болт, тука е и мачката Митенс (гласот на разумот) и дебелиот хрчак Рино кој исто како Болт, не прави разлика помеѓу фикција и реалност. Анимацијата е беспрекорна, за тоа воопшто и не треба да се дискутира. Како што технологијата оди напред, ќе добиваме уште подобри анимации. Обрнете внимание на гулабите.

Освен неподносливиот глас на Пени, другите се супер. Гласот на Болт го позајмува Џон Траволта. Оценката би била 7/10.

Следен анимиран филм на листата за гледање ми е Igor.