Поради тоа што живееш во диктаторски банана резерват каде што "културата" што ти се сервира не ти е баш пријатна, и си навикнат да те одминуваат артисти и бендови кои се редовни во комшилукот, некогаш мораш да се однесеш до таму за да осетиш дека и ти си дел од нешто нормално. По скоро седум саати возење со најспориот автобус во светот, сосе детален претрес на истиот на граница, стигнувам попладнето во Софија. Ме пречекува
Бојчо, другар (и мојот матичен лекар) што последниве години живее и работи таму. Се шетаме низ книжари, продавници за играчки и ланци на ресторани за брза храна што ги нема кај нас, додека се хајпаме за
концертот на
The Four Owls и
Dope D.O.D. што го чекаме два месеци.
Почетокот на ивентот беше закажан за 21:00, па се нацртавме пред клубот нешто после тоа, со намера да не сме први и да фатиме барем малку од локалната поддршка. Надвор имаше народ, се слушаа рапови од внатре, решивме да влеземе. Не само што бевме први, туку бевме и три саата порано дојдени.
"Mixtape 5" има две простории за два посебни ивенти во исто време, ама гледам дека концертите се одржуваат таму каде што бевме и ние. Веројатно поради поголемиот капацитет. Не сконтав што има во другиот дел, ама имаше различна музика и публика. Металско-рокерска. Клубот е огромен, таму каде што се одржуваше концертов, просторот е колку три пати нашето "Кастро". Дури и потсеќа на "Кастро". Не само поради сличните настани, тука целиот амбиент е таков, како во најдобрите денови од најдобриот, никогаш непреболен клуб во Скопјево. Има вентилација и клима низ цел таван, така што и при волку гужва (околу 400 луѓе, ако не и повеќе), се дишеше комотно и беше пријатно со долги ракави ако стоиш во место.
Дојден сто години пред време, веќе почна да ме пука сафра и се прашуваме дали концертот ќе биде како приватна забава, зошто немаше ни четириесет луѓе внатре и надвор. Саатот е веќе 23:00 и подиумот е празен, додека домашни диџеи вртат олдскул рап. Го оставам Бојчо внатре и излегувам на цигара да пцујам и пробам да не задремам. Приметувам познати фаци надвор што се шетаа и внатре претходно. Сфаќам дека е
BVA со
Dj Madnice, и возбуден како тинејџерка пристапувам да изреспектирам. Муабетиме кратко, се чудат дека сум патувал за концертот, правиме фотка и влегуваме внатре зошто почнуваат за кратко, на полноќ. Трчам со информацијата према Бојчо и му се курчам со сликата. Другиве можеби не би ги познал без маски, ама
BVA ми е најдобар од Бувовите, му ги запратив соло стварите и
Brothers of the Stone, па знам како изгледа без маска.
Адреналинот ми е веќе до критична точка, клубот е преполн со луѓе кои дојдоа кратко пред
The Four Owls да стапнат на бина. Бугарскиот диџеј ги препушта дековите на
Madnice, и почнува
"Taking Flight", интрото од првиот албум. Излегуваат еден по еден, публиката збеснува, збеснуваме и ние во делириум. Како девојчиња. Не ми се верува што гледам пред мене, колку се добри во живо, како летаат пердуви во публика и која енергија ја има во клубот. Не верувам дека самите тие очекуваа ваков одзив и пеење на нивни песни. Додека се освестам од бунилото, веќе грми
"Silent Flight", а уште практично не се почнати. Два саати. Два ебени саати не се симнаа од сцена. Ги пројдоа скоро двата албуми цели, и на крај секој Був си испичи по една соло песна. Ги знаев само на
Fliptrix "Wylin Out" и
"Insomnileptic" на
BVA. Издржаа цели два саати, моќно и професионално. Имаше еден многу ситен "инцидент" со
Verb T некаде на крај. Во среде рецитирање, се повлече настрана, се потпре на ѕидот со полу извадена маска, и иако колегите приметија дека нешто не е во ред, умешно го покрија додека на две песни го снема од сцена. Се врати, се фрли во публика, го кренаа назад и се позаебаваа дека е сепак добар човек. Многу јак момент, што зборува многу за единството на бендот.
Verb T успеа да се освежи и до крај да искине како претходно.
Прегладнети од рипање и пеење два саати, се упативме до МекДоналдсот подоле да се натовиме ко свињи додека почнат Dope D.O.D. Скоро е три саат по полноќ. Се враќаме во хистерична атмосфера, настапот само што почнал, а обезбедувањето веќе е на бина до Skits Vicious и Jay Reaper и спречува луѓе од публика да се качуваат горе. Грми цел клуб во еуфорија многу поинтензивна од таа претходно, а баш се чудевме како Dope D.O.D. ќе успеат да го надминат тоа што го направија The Four Owls. Настапот беше сосема различен. Од најрап што може, со акцент на вештини за римување и фанки бум-бап мелодии, влеговме во ебан пекол. Отсуството на Dopey Rotten поради здравствени причини воопшто не направи разлика во настапот кој на моменти изгледаше како настапине на Продиџи од средина на девеести. Ја полеваа збесната публика со алкохол, фрлаа чаши и точеа на тие што без последици успеваа да им се доближат. Палеа вутра, поделија џоинти во публика... па обезбедувањето им ги вадеше од уста на луѓево напред и ги носеа така запалени кај диџејот. Па, пак ги враќаа назад. Се вртиш околу и гледаш дека секаде околу тебе чадат луѓево. Во клуб во кој не беа дозволени цигари, гореа дваесет грама трева во исто време. И, покрај добрата вентилација што ја спомнав се направи магла, па може мирисав така весело до граница.
Dope D.O.D. се монструозни во живо. Иако на секои две-три песни одеа да се "одморат" позади сцена, додека одеа студиски снимки и видеа, издржаа и они два саата. Спектакуларно и насилно. Ништо слично немам осетено во клуб, а сум бил на ствари.
Dopey не се осети дека го нема, можеби затоа што е најтапа од сите тројца. Башка, многу подобро звучи "
What Happened" кога публика го урла неговиот дел. Озвучењето беше исто така најдоброто клубско што сум го искусил. Басовите на
"Dirt Dogs" се осеќаа во гради и стомак. Прошетаа низ цела дискографија, пропуштија еден куп ствари што сакав да ги чујам во живо, ама повеќе беше за шоуто отколку за сетлистата. Чим тоа што свиреа од
Ugly EP-то новово ми беше добро, задоволен сум. Завршија со шуткање и wall of death на најдосадните ствари од
SOAD, RATM и
Limp Bizkit, не знам како ова им е дел од настапот, ама го прoјдовме и тоа. А, да. Оддадоа и почит на фан од Софија кој починал некој ден пред концертот.
Концертот на
The Four Owls и
Dope D.O.D. ми е најдобриот музички ивент што сум го искусил во последниве неколку години. Ме освежи до степен да можев, ќе донирав серотонин кај што е потребно. Не знам на што ќе треба да отидам следно за да ми ги надмине импресиите. После настапот на
Dope D.O.D. имавме прилика со Бојчо малку да се подружиме со
BVA и
Fliptrix, да ни потпишат и дискови, да се сликаме за успомен и дуго сеќање... Сосема кул фаци, спуштени на земја, целосно посветени на тоа што го работат. Почит!
За крај, фала до Бојчо и брат му за гостопримството,
Phat Bride за одлично огранизираниот настан и дечките од
DJambore.com што ми дозволија да искористам нивни фотки за постов. Се гледаме на некој следен концерт.
Mos Def е во јуни.