Showing posts with label TRON. Show all posts
Showing posts with label TRON. Show all posts

June 19, 2012

Фин почеток на TRON: Uprising

Без многу галама, конфети и трепкачки банери, почна TRON: Uprising. Случајно видов дека излегле две епизоди и додека се освестам дека конечно почнало ова, излезе трета. 18 планирани за првата сезона, секој четврток по една. Цело лето. Првата епизода е всушност колаж од десетина кратки сегменти поврзани меѓусебно, доволни да постават основа за приказната. 


TRON: Uprising го следи Бек (Елајџа Вуд), програма од Гридот, кој крева востание против Clu, под менторство на оргиналниот Трон (гласот е на Брус Бокслајтнер!). Мислам, ништо посебно, класична херојска приказна за наменета за деца, тајни идентитети, тинејџерски маки... Така почна, а и некако е логичен почеток со оглед на целната група на која се сервира. Што не значи дека нема да се развие во нешто посериозно, како што беше случајот со The Clone Wars. Нешто што ќе може повеќе да ги заинтересира и малку повозрасните деца.

Спомнав дека Ланс Хендриксен е гласот на негативецот Теслер? Гласот на Гридот? Триша Хелфер! Проверена екипа, се гледа дека Дизни се потрудиле да најдат звучни имиња кои ќе привлечат публика и не се некој лукзус.

Анимацијата е 2D, со аниме шмек. Мислев дека TRON: Uprising подобро ќе изгледа како The Clone Wars, ама и вака е супер. Ако знаеш да го доловиш амбиентот од TRON: Legacy, не е битен стилот на анимација. Дури и музиката е инспирирана од онаа на Daft Punk. Блиску до тоа, но доволно различно за да намалат трошоци.

Мене ме имаат како редовен гледач. Дури и рекламите што изрипуваат од нигде на среде епизода стигнуваат до мене. И, друга работа. Серијава, или ја сакаш или не ја сакаш. Исто како и со филмовите. Не е ништо повеќе, ни помалку од нив.

March 5, 2011

TRON: Legacy (2010)

Колку е добро кога ќе се воодушевиш од нешто за кое си имал минимални очекувања. Баш тоа е случајот со TRON: Legacy. Веќе се навикнав да гледам лоши продолженија, римејци, оптеретување на CGI, аватари и слични други глупости без малку душа и сјај во нив, така што воопшто немаше да бидам изненаден ако ова беше случај и тука. Сигурно некој и за Legacy ќе го каже истото, немам ништо против, затоа што целата работа околу доживувањето на филмов е тоа како ќе си се спремиш за него. Плус, после напорна недела, ДВД рипот ми дојде како 10-ка по Математика 2.

Веројатно предуслов за да бидеш импресиониран од овој филм е љубовта кон оргиналниот TRON од 1982. Мене TRON: Legacy ме доби на носталгија. Уште од самиот почеток, филмот на крајно наивен начин, директно чепка во детството на неколку генерации, без многу да се труди да биде она што некогаш претставувал неговиот претходник. Затоа и TRON: Legacy не е никаква револуција во жанрот или начинот на кој се прават филмовите денес, туку само ја користи топлата вода за да прикаже еден свој, освежен, уникатен стил.

Друг услов е да се сконта светот во кој се случува. Ако фатиш да бараш логика во технологијата која се користи во приказната, заеби. Не е ништо пореален од било кој друг филм каде што физички влегуваш во факин виртуелна реалност! Затоа, нема смисла да се доведуваат во прашање тие "ситници". Филм е, научна фантастика се вика жанрот. Плус е за деца. И за големи деца.

Покрај тоа што TRON: Legacy е визуелно ремек-дело, на мое големо изненадување, има солидна приказна и фино сценарио, кога ќе се земе во предвид дека главната моќ на филмов се токму специјалните ефекти. За нив нема што многу да се збори, треба да се види. Отишле до таму, што го има и Џеф Бриџис компјутерски подмладен, баш така како што би изгледал неколку години после оргиналниот филм. И, што е уште поневеројантно, сеуште е истиот Флин, дури и во повозрасната "верзија". Тој е ликот, и е одлично развиен, во склоп на ситуацијата во која се наоѓа во TRON: Legacy, односно заробен со години во Гридот по инцидент со програмите кои егзистираат во тој свет, предводени од Clu.

Овој пат, главниот херој во игрите на Гридот, е неговиот син, Сем Флин, опен-сорс софтвер ентузијаст и искусен моторџија. Сем завршува во виртуелниот свет, откако ќе добие порака од татко му, дваесетина години од неговото исчезнување. Гридот не е ништо како порано, сосема е обновен и многу поопасен од што бил. Сем, заедно со програмата Кора (Quorra) ќе се обиде да го извлече стариот Флин од срањето во кое е западнат. Да не пишувам спојлери, ќе се префрлам на музиката...

За музиката во филмот задолжени се Daft Punk, кои и не ги варам баш најдобро. Сепак, франзуциве успеале да направат саундтрек кој инстантно влезе во мојата топ листа на најдобра филмска музика. Денес е цел ден ми е на рипит, а верувам дека така и ќе остане во наредниве неколку денови. Совршенство. Одлично се вклопиле во целиот концепт на филмот, а дури и се појавуваат во една сцена. Сериозно, браво.

Не верував дека баш TRON: Legacy ќе биде еден од најдобрите филмови што излегоа во 2010. Забавен, опуштен, ќеифски за гледање и со закон музика. Искрено, сакам да видам (нова, стариот TRON на страна остајте го) трилогија од чудово, се разбира доколку е во духот на овој филм, без непотребни забегувања. За среќа, наредната година ќе излезе и серија, TRON: Uprising, со дејствие сместено помеѓу двата филма. Таман ако укинат The Clone Wars, ова супер ќе ми дојде. Ќе пишам нешто повеќе, кога ќе има детали.

"The Grid. A digital frontier. I tried to picture clusters of information as they moved through the computer. What did they look like? Ships, motorcycles? Were the circuits like freeways? I kept dreaming of a world I thought I'd never see. And then, one day... "

November 8, 2010

Загревање за TRON: Legacy

Јебига, колку и да се држев настрана од новиов TRON: Legacy, хајпот некако ме стигна. Ваков маркетинг не сум осетил од The Dark Knight.

TRON: Legacy е тотално непотребно продолжение на култниот TRON, кој своевремено има направено револуција на поле компјутерска графика и специјални ефекти. Успехот на TRON се должи на до тогаш невидената реализација и огромниот раст на популарноста на игрите, додека денес навистина нема некоја поента таков филм. Меѓутоа, видовме се и сешто, продолженија кои најмалку требаше да се случат, така што Legacy нема проблем да пројде. Ајде, на WarGames имаше продолжение пред две-три години, wtf?

Дизни цеди пари од се за кое што ги има правата. Овој пат таргет група се старите фанови и новите деца, додека тогаш поголемиот дел од публиката биле гејмери. Игрите направија значителен напредок во изминативе дваесетина година, но сеуште немаме таква виртуелна реалност како што тогаш мислеле дека ќе има. Поради тоа, TRON: Legacy нема да понуди некаква визија за иднината на игри, туку повеќе ќе биде како омаж, или ако повеќе сакате, лесни пари.

На страна барањето поента во TRON: Legacy, јас верувам дека филмот ќе понуди супер забава за едно гледање. Подоле има неколку видеа:

Тизер трејлерот од Comic Con | Официјален трејлер | You're here

Очигледно, во САД денес е супер да си фан на филмов, зошто се отвара TRON продавница и ствари како ElecTRONica...