September 29, 2014

The Simpsons Guy, заедничката епизода на ...океј, во насловов е..

И покрај ривалството кое трае(ше) со години, главно предизвикано од обвинувања дека едната страна ја копира другата, дочекав да гледам Family Guy / The Simpsons кросоувер епизода. Во ниту еден момент не се посомневав дека ќе успее, и покрај тоа што трејлерот што излезе пред месеци, јасно ми даде до знаење на што ќе се базира. Познати финти од двете серии, референци кон некои класични, незаборавни моменти и ситуации, мета-заебанции и нормално реметење за сличностите и потенцирање каде се разликуваат. 

Не добив ништо повеќе или помалку од тоа што го очекував, а тоа што го добив одлично функционира. Забавни 40тина минути, кои веројатно засекогаш ќе бидат запамтени во историјата на телевизијата. А, со оглед на рејтингот и заработката која ја донел на FOX, ништо чудно да се случи некогаш пак во иднина. Сепак, мислам дека ова би функционирало вака добро само еднаш.


Family Guy, иако домаќини на оваа заедничка епизода, се случајни гости во Спрингфилд. Средбата на двете семејства, на почетокот изгледа среќно, секој ќе се поврзе со некој член од другото семејство, барем додека не испливаат некои карактеристики на ликовите кои ќе го затераат односот во некоја друга насока. Со самото тоа што дејствието е сместено во Спрингфилд, на моменти доминираат ликови и ситуации од The Simpsons, меѓутоа сценаристите не пропуштиле да донесат уште по некој лик од сериите на МекФарлејн, па дури и од други анимирани серии на FOX. Нормално, не се сите, имаше некои што сакав да ги видам, но со оглед на тоа што вниманието требаше да биде свртено кон двете фамилии, нема простор за фаќање кусури.

Некаде на пола, доаѓа до кулминација на форите околу ривалството, споредбите и копирањето идеи, каде што конечно ликовите седнуваат во судница пред лик за кој други би рекле дека е "предок" на двете серии. Тука некаде епизодата стана "самосвесна" и експлодираше со мета-хуморот и поенатата дека споредбите треба да престанат. Двете серии се доволно различно созреани, па дури и Family Guy да почнале како копија (со што никако не се сложувам, барем не после толку пати прегледување), одамна идентитетот им е зацврстен поинаку. Да, можеби The Simpsons имаат поголема публика и популарност, но тоа не значи дека другиве се во сенка на тоа. 


Сцената на крајот, иако претпоставувам дека беше неизбежна, секогаш ми делува како да е само колку за да пополни време. Беше интересно првите неколку пати, океј? Но, како и за еден куп моменти во епизодава, секогаш кога ќе се спремев да промрчам за нешто што е очигледно зошто е тука, ќе се појавеше некој лик преку кој сценаристите ќе ми кажеа "океј е, знаеме" и малку ќе ти ја размрдаат перспективата. Самото ова е толку мајсторски направено што ете, ќе се воздржам од некои мали ситни замерки. 

Дали со ова значи дека сериите се "смирија"? Дали воопшто некогаш биле стварно толку "скарани"? Веројатно не. На крајот од денот, профитот и рејтингот е битен на FOX, макар би имале и три различни серии со истите ликови. Тоа што останува на телевизија, не останува (само) поради креативноста. Двете серии си ги имаа своите добри и лоши денови. Family Guy, последниве сезони се катастрофални, веќе не ги ни следам редовно, додека The Simpsons ми се некако пак симпатични, можеби поради тоа што конечно последниве години некако дојдоа во чекор со времето и хуморот што го носи.

September 28, 2014

Првата сезoна на Halt and Catch Fire

Цело лето немав изгледано серија, бар не асално, со завршена сезона на тацна. Halt and Catch Fire улета неплански, како препорака од другарите и колеги програмери и веројатно е најпотценетата нова серија. Иако е на AMC, има исклучително квалитетна продукција, талентирана актерска екипа и интересна приказна, немав видено никаков маркетинг/хајп за серијава, третманот што го добива ме потсеќа на непреболената Rubicon. AMC изгледа финансиите за маркетинг ги фокусира само на одредени серии, не знам врз база на што, со што на вакви ремек дела им се заканува неславна судбина. Штета. Меѓутоа, и покрај тоа што ја држат HCF во сенка на Mad Men и The Walking Dead, и покрај слабиот рејтинг кој можеше да значи укинување, серијата ќе добие втора сезона следната година.

 "Let's cook, bitch"

HCF е ладна, мрачна драма сместена во раните 80-ти, кога една мала компанија од Тексас влегува во трката за доминација на пазарот со персонални компјутери (да, само што напишав персонални компјутери, ко некој македонски портал што преведува статии, ама бар не е "сметачи"). Во Cardiff Electric, компанија за системски софтвер, доаѓа нов заебан лик. Џо МекМилан, директно од IBM и со малиот тим, практично од двајца луѓе, се обидува да понуди револуционерна машина на пазарот, малку... нелегално.. базирана на BIOS чипот на IBM. Да не навлегувам понатаму во детали, нека остане нешто на имагинацијата на тие што никогаш нема да ги гледаат овие 10 феноменални епизоди.

Некои би ја опишале како хибрид помеѓу Mad Men и Breaking Bad, а јас донекаде и би се сложил, иако имам изгледано само неколку епизоди од првава. Со самата режија и фотографија, па дури и делумно ликовите, не е тешко да се сконта од каде продуцентите црпеле инспирација. Во првата епизода има и сцена која изгледа како да е излезена од Breaking Bad, на пример. Насекаде има моменти кои укажуваат дека серијата е на AMC, и без да го видиш логото доле на апсолутно легално симнатиот торент рип. Со Halt and Catch Fire, AMC сè повеќе заликува на HBO и станува име што ме асоцира на квалитет и во иднина ќе се трудам вакви "мали" серии да ги имам побрзо на радарот. 

Тоа што е базирана на настани кои се случиле во историјата на ИТ, скроз не значи е наменета за публика од таа индустрија. А, сум приметил дека баш оваа заблуда одвлекува луѓе од серијата на кои веројатно би им се свиѓала доколку решат да дадат шанса. Тоа е исто како да мислиш дека Breaking Bad е наменета за хемичари и дилери на мет. Иако терминологијата е автентична, не е толку неразбирлива за луѓе кои не се толку навлезени. А, и па да е, сигурно не го читаш постов на папирус, може ќе те едуцира како дошло до уредот што го користиш. Не дека имам намера да споредувам, меѓутоа Silicon Valley беше многу поексплицитно фокусирана кон одредена публика од ова. Греота е HCF да не го добива вниманието што го заслужува, а уште помалку втората сезона да е последна.

September 21, 2014

Плен

Мислев да пишувам конечна пресуда за Mists of Pandaria, барем сега кога е Warlords of Draenor блиску, а некако се поклопува и со годишнината. Меѓутоа, минатата недела во WoW ми беше толку среќна, што брадавиците уште ми се наежени од пикселизираните добра со кои кодот на Blizzard реши да ми надомести за месеците изгубени на Xing-Ho. Така што, ќе ја напуштам Пандарија прескокнувајќи ги благодетите и глупостите што ги нуди. Подоле следува срклџрк наменет за другарчињата со кои играм, и нормално, уште еднаш Драган да ја направи фацата кога дозна дека Raven Lord заврши кај мене, да не речам од прва, а он го брка со години. Среќата која тој ден беше вгнездена длабоко во моите сфинктери, ја искусиле мал број играчи, затоа што маунтот, од 2007 до денес, е ебено редок. Шансата е 1.64%.


Во моментот додека го левелирам новиот мејџ на нов сервер, добивам дојава од мојот имењак и колега ворлок дека пред Sethekk Halls, каде што се наоѓа Anzu, босот од кој се добива Raven Lord, врие Алијанса. Жеден за солзите на играчите од непријателската фракција, се логирам на ворлокот и се упатувам да пролееме гномска крв низ Auchindoun. Додека стигнам, веќе беа избегани, така што се одлогирав пред Sethekk Halls и продолжив да си бркам работа со другите карактери. Неколку саати покасно, приметив кај сум, и решив додека сум тука, да влезам и да пробам. Маунтот, освен што е статусен симбол, исто така дава ачивмент по кој следат инстант честитки, пцовки и клетви од другарите и гилдот.

Мило ми е за Raven Lord, зошто ми падна сосема спонтано под г'з и немав ни помислено да го ловам. За разлика од Ashes of Al'ar или Vireous Stone Drake. Стварно, за Ashes of Al'ar, во која фаза треба да ти е карпал тунелот за да ти се посреќи?