Септември е месецот кога поголемиот дел од сериите што ги следам редовно, почнуваат со новите сезони. Минатата недела започна The Office, а оваа ги донесе новите епизоди на The Big Bang Theory и How I Met Your Mother.
The Office имаше одличен почеток на сезонава, иако по просечната петта сезона немав којзнае колку големи очекувања. Хуморот спласна, ликовите некако се истрошија, но со последнава епизода успееа да ме убедат дека сепак серијава може да испорача свеж хумор. Отварањето на епизодата е веќе класика, веднаш си најде место меѓу најдобрите отварања на
The Office епизода. Шест сезони до сега, не верувам дека
Тhe Office ќе истрае уште долго, но очекувам многу подобра сезона од минатата. Првата епизода од новава сезона може да се симне преку
овој линк.
The Big Bang Theory е релативно млада серија, сега започна третата сезона. Серијава ја следам од почетокот и веднаш успеа да ми го привлече вниманието. Не знам уште колку долго четирите физичари ќе се обидуваат да функционираат заедно со
не толку интелегентната комшика, пред да стане досадно, но сега за сега серијата е феноменална. Последнава сезона почнаа премногу да го форсираат ликот на Шелдон, многу повеќе отколку што треба, па додека им снема материјал, Шелдон ќе заврши носејќи ја цела серија на негов грб, што воопшто не ми се допаѓа. Пред и Шелдон да стане досаден, се надевам дека ќе се посветат и на развој на другите ликови, зошто веќе почна да се осеќа сенката која тој ја фрла.
How I Met Your Mother ја избегнував долго време, за летово конечно да седнам и да изгледам четири сезони за една недела. Класичен ситком, ништо што веќе не сме виделе до сега. Но, некако ликовите ми се многу посимпатични од класичните ситком ликови, ситуациите ми се многу пореални, само што со самиот концепт на серијата, знаев дека нема
How I Met Your Mother нема уште долго да трае. Петтава сезона се надевам дека ќе биде последна. Веќе немаат каде со приказната, станува монотоно, а Барни, кој што беше еден од движечките елементи во серијата, доживеа трансформација која не му прилега на ликот, меѓутоа наговестува правец кој е одличен за добар завршеток на серијава. Се надевам дека нема да има враќање назад, зошто на сите ни е здосадено да чекаме да се открие мајката на децата на Тед. :)
How I Met Your Mother можеби и нема да ја следам секоја недела редновно, зошто ми е многу позгодно да изгледам неколку епизоди по ред.
Остана уште
Family Guy наредната недела и вечерва
Flashforward.
The Clone Wars продолжува во октомври.
South Park не следам веќе цела сезона. Толку од
South Park, затупеа исто како
The Simpsons. А,
Lost, дури во јануари следната година...