Одамна се спремам да напишам нешто за случувањата со Star Wars и Disney и неделава конечно имам добра причина за тоа. Изминативе неколку месеци Disney почна да ја "зачистува" франшизата, правејќи пат за нивното молзење кое допрва треба се случува. Ја укинаа The Clone Wars по петтата сезона, ветувајќи дека ќе добиеме завршеток на серијата во форма на неколку епизоди кои би требало да се појават наскоро. Потоа ги затвори LucasArts оставајќи неколку игри да висат во воздух, меѓу кои и онаа што мене ми изгледаше крајно занимливо, 1313. Иднината на игрите е неизвесна, се чека дали некој друг девелопер ќе ја превземе. Ќе бидам најсреќен и ако дефинитвно се откажат од Star Wars: Detours.
Она што мене ми личи најзагрижувачко е тоа што се планираат повеќе Star Wars филмови базирани на посебни ликови кои би требало да излегуваат секоја година, измеѓу новите епизоди на сагата. За Star Wars Episode VII, потврдени се Кери Фишер, Марк Хамил и (веројатно) Харисон Форд кои ќе си ги репризираат улогите кои ги прославија (или им ги уништија кариерите на првиве двајца). Тоа се можеби добри вести, доколку некој мисли дека овие тројца може да ги носат ликовите приближно како некогаш. Лично, повеќе од една минута не би сакал да ги видам. Ако веќе е одлучено за продолженија, оставете ги ликовите таму каде што припаѓаат - во оргиналната трилогија. Лукас се обиде да ги поврзе трилогиите со тоа го исфорсира секој ебен лик во приквелите и јасно ни е колку лошо излезе тоа.
Меѓутоа, најстрашното нешто за Episode VII е што Џ.Џ. Абрамс е потврден како режисер. Мислам, од толку режисери, искусни и млади чие време допрва доаѓа, некој решил дека баш Џ.Џ. Абрамс е тој што треба да ја води франшизата. Сериозно? Нели веќе упропастува други "гиковски" влажни сништа? За да биде уште потрагично, Дејмон Линделоф почнува да фигурира како еден од можните сценаристи. Дејмон факинг Линделоф. Не знам, мене уште ми горчи од очајното сценарио на Prometheus. Очигледно Disney се свесни дека било што Star Wars е сигурен профит, па играат на "звучни" имиња кои апсолутно не значат квалитет.
Сепак, побитно е во која насока ќе ја тераат приказната, а има многу. Претпоставувам дека на крајот ќе се одлучат за нешто свежо, баш какво што треба. Иако нема да биде ни приближно до оргиналната трилогија, шансите да ги срамни приквелите се некако поголеми. Дури и со шабан како Џ.Џ. Абрамс. Освен ако не си скроз мајстор, па да се посереш комплетно до степен да Џар Џар Бинкс добие оскаровска вредност. Моментално не би се кладел на ништо, да оставиме настаните да си се развиваат. Има време до 2015.
Во меѓувреме, една фина вест. Мислам, фина во споредба со мраковиве што ги верглам погоре. Есента 2014 ќе видиме нова анимирана серија, Star Wars: Rebels, сместена меѓу двете трилогии! Пред еден месец имаше шпекулации за серија Reclamation, со приказна измеѓу оргиналната трилогија и оваа што доаѓа, ама изгледа ништо со тоа. Можеби и тука ќе го видиме Вејдер, а не во Episode VII. Disney не се откажува од него, а серијава е одлична шанса да продадат некоја играчка, без да ја серат оргиналната трилогија во филмовите. Измеѓу приквелите и оргиналната трилогија има дваесетина години и простор за приказната која ќе ја наследи The Clone Wars. Со надеж дека ќе се сконцентрираат на нови ликови и дека ќе го избегнат Хан Соло. Не е тешко, остајте првото појавување да го има во кантината на Татуин.
Disney се огромна корпорација и често знаат што прават и што носи профит. За бренд како Star Wars, нема дискусија исто, само полека. Ќе донесе пари и квалитет. Дајте ни го тоа. Вие сте единствената надеж...