May 11, 2013

Нови MMO игри на Marvel и DC

Годинава Мarvel и DC ќе понудат две нови мултиплеер онлајн игри, бесплатни, со микротрансакциски модел. Конкурентните стриповски гиганти објавуваат игри кои се различен жанр, па на играчите е да одлучат кој сетинг повеќе им одговара. 


Marvel Heroes моментално е во фаза на отворена бета, баш овој викенд. Последниот пред да биде официјално објавена на почетокот на јуни. Marvel Heroes е класична акциона RPG игра, во стилот на Diablo и Torchlight и е дело на ветеранот Дејвид Бревик, додека за приказната е задолжен Брајан Мајкл Бендис. Играчите ќе може да одберат херои од огромната палета на Marvel, истите да ги собираат за својата колекција и за некој долар да купуваат различни костими. Играта ќе содржи познати локации од Марвеловиот универзум каде што ќе може да се пресметуваме со најгнасните негативци предводени од Doctor Doom.

Моментално во бетата се достапни 26 херои за играње, а за официјалното лансирање се најавени уште неколку. За нестрпливите достапни се Founder пакетичња кои доаѓаат со бонус херои, костими и овозможуваат предвремен влез во светот на Marvel Heroes.


Infinite Crisis е MOBA игра базирана на истоимениот популарен серијал на DC. Играта ја развива Turbine, компанијата која стои зад Lord of the Rings Online. Моментално нема потврден датум на излегување освен тоа дека ќе биде оваа година, а во тек е регистрација за отворено бета тестирање. Хероите и негативците со кои играчите ќе може да играат припаѓаат на повеќе универзуми од мултиверзумот на DC, што значи дека ќе има различни верзии на еден ист херој. 

Покрај класичната мапа од DotA и League of Legends, Infinite Crisis ќе содржи и уште неколку други, со различен гејмплеј и стратегија. Претпоставувам дека ќе вадат по неколку нови херои месечно, зошто во моментов во затворената бета достапни се само 12, од кои 3 се различни верзии на Бетмен. Доколку успее ова, а некако ми изгледа дека ќе, MOBA жанрот ќе си добие уште една квалитетна игра.

No comments: