Океј, завчера решив да видам што е толку посебна новата експанзија
Mists of Pandaria. Ми го испраа мозокот со
ивентот, очигледно. Башка, после долго време пак сум во играта со другарчињата од маало. И, во кратки црти - Пандарија апсолутно владее! Каде да почнам?
Blizzard решиле да пуштат срце и да понудат Пандарени и на тие што уште не ја купиле експанзијата. Со тоа што, недостапна е Monk класата како и оној дел од континентот за 85-90 левел.
Си направив Shadow Priest. Не сум ја играл класата сериозно, а и мислам дека тоа немаме во маалската екипа. Почетната зона е феноменална. Преубаво изгледа, квестовите се разноврсни и интересни, приказната е закон, а има и музика што комплетно се вклопува во целиот амбиент. Мислам дека никогаш до сега немам направено толку скриншоти од било која друга зона. Приказната почнува на остров кој плови низ океанот, бидејќи е всушност грб од џиновска желка која се вика Shen-zin Su. Таму се наоѓа и храмот во кој Пандарените ги тренираат боречките вештини. Местото е во духот на кинеската/азиската митологија и култура. Од вегетацијата, до животинскиот свет и градбите. Иако се вклопува во рамките на WoW, на моменти изгледа како да играш сосема друга игра.
И, приказната што е? Почнуваш со краток тренинг и вовед од онаков стереотипен стар учител за кинески борчки вештини и си "избраниот" што треба да ги среди фрките со четирите елементални духови. Да не навлегувам во детали, квестовите со елементалите се сериозно добри. Откако ќе го победиш најголемото зло на островот, почнува еден од најдобрите моменти што сум ги видел во играва. Патот те води до самиот Shen-zin Su, кој се жали дека има трн кој го загрозува неговото постоење. Трнот е всушност брод кој се забил во брегот, и кој војната помеѓу Хордата и Алијансата ја довел до хармоничниот дом на дебелите панди. Тука квестовите се надоврзуваат на
синематикот со која беше најавена експанзијата. По низа квестови од Хордата и Алијансата, доаѓа момент кога играчот ќе мора да се одлучи на која фракција ќе се приклучи, бидејќи нели, Пандарените се неутрални. Одбрав Хорда и се најдов во Оргримар каде што Гарош Хелскрим ми приреди топло добредојде ("Ако брат ти се приклучил на Алијанса, ќе мора и него да му го одереш крзното").
Она што ме изненади кај Пандарија е влијанието кое го има врз играчите. Од класичните серковци што хараа пред месец дена нема ни трага. Насекаде расположен народ сите возбудени од новите ствари, нешто приближно до најдобрите денови на
WoW.
Cataclysm за жал исфрустрира огромен број луѓе, нешто што сериозно се одрази на заедницата. Овие три дена е баш пријатно, се надевам дека така и ќе остане.
Левелирањето е брзо, моментално сум 24 левел, а вкупно играв неколку саати. Квестовите во Azshara со Гоблините се врв, едвај чекам да видам како е во другите зони каде што имаше големи промени со минатата експанзија. Талентите се можеби упропастени, меѓутоа сега за сега не ми се одразија на гејмплејот.
Останувам во Азерот уште една недела. Таман ММО фикс додека не излезе 1.11 печот на
RIFT. После тоа ќе си се удомам пак таму, зошто се претплатив на една година минатата недела. За
Torchlight II уште ништо не стигнав да пишам, зошто уште не ни играв ко што треба. Саат време не се важи. А, добра е. Ептен е добра.