Ако нешто може да ми го сјебе денот, тоа е моментот кога од кино излегувам како попарен. Особено после филмови на кои сум се кладел. И, ако нешто не сакав, тоа е
Prometheus да биде срање. Не успеа ни малку да се доближи до моите очекувања, кои нели, беа напумпани повеќе од вообичаено. А, се ложам на многу ствари, и често ме купува добро осмислен
вирален маркетинг. Цел ден мрчам за
Prometheus кај стигнам, па додека е вруќо, да образложам и зошто. Прва работа, муабетот подолу е комплетно субјективен, а втора, има поголеми спојлери од оние на Елена Ристеска. Значи, доколку го немаш гледано филмот, не читај, а ако си го гледал, слободно пробај да ме убедиш колку не сум во право.
Да не испадне дека сум ептен серко, ќе кажам прво што ми се допадна. Првата сцена има интересен концепт, доволно ефективен и ветувачки. Иако самата идеја не е воопшто нова, сцената беше неверојатно моќна. Режијата на Ридли Скот е беспрекорна, како и (речиси) целиот дизајн и атмосферата низ филмот. Толку. Да преминам на делот каде што објаснувам како Prometheus испадна најголемото разочарување годинава.
Филмот почнува да смрди на само неколку минути од првата сцена. Двајца тотално нехаризматични археолози наоѓаат цртежи во пештера кои веднаш ги дешифрираат како покана за средба со оние кои ги оставиле. Уште не почнал филмот, во една реченица го поставуваат мотивот за мисијата. Мисија во потрага по "инжинерите" на човештвото. Мисија составена од група дебили, аматери, предводена од Гај Пирс лошо маскиран во старец.
Тука доаѓаме до мрзливото пишување на Дејмон Линделоф. Или Ридли Скот му ги влечел конците носејќи го Prometheus кон пропаст, или господинот со одврзани раце ја злоупотребил довербата. Дали некој воопшто го прочитал сценариото пред да почне филмот со снимање? Дали? Сериозно. Значи, ја имаш најважната мисија во историјата. Иако е спонзорирана од приватна компанија, тоа не значи дека треба да собереш група клошари од улица кои не се ни познаваат. Во обид да се референцира Alien со ваков гамад од екипаж, трпи идеја далеку поголема од таа тогаш, која заслужува барем малку поелегантен третман.
Бројот на екипажот е 17. Неколку кретени, Шарлиз Терон, Идриз Елба, азијат и андроид. Од сите нив, видовме само неколку, додека другите нелогично изгинаа на крајот за да ги спасат оние што успеаа да преживеат. И, тоа во неспектакуларна самоубиствена мисија која можеше да ја изведат еден или двајца. Очигледно Линделоф немал претстава што да прави со ликовите, и решил да ги елиминира при крај. Ова ми е познато од еден храм сместен на извесен Остров. Зошто воопшто беа таму кога никако не учествуваа во приказната? Дали самиот број на екипажот е некоја скриена порака по која сега трагаат оние кои мислат дека Prometheus е повеќе од она што можеше да се види?
Како тоа биолог на мисија во факинг вселената е дојден тука за пари, а не за пријателство? Како планираш да направиш пари доколку не соработуваш со луѓе кои се ебено битен дел од твојата печалба некаде у пизду матер, у среде свемир?! Која беше потребата од таква реплика кога и онака ликот беше апсолутно небитен, освен тоа што умре понижувачки од фалусоиден интерстеларен црв? Се извинувам ако не беше тој ликот, сите ми беа исто мутави. "Јас дојдов тука за камењата, вратете ме на бродот!" Имаш камења секаде околу тебе, алооо!
Следен шаблон. Девојка која не успева да забремени. Во истиот момент конташ дека за некоја минута ќе забремени и тоа од вонземјанин. И, сама ќе си направи царски рез, ќе се захефта и ќе си продолжи да си ја брка својата работа, како ништо да не се десило. Лик кој веројатно бил запишан како "новата Рипли" пред да почне филмот со продукција. Сериозно? Сигурни Вивер би ѝ го искорнала вонземјаниот со заби од утроба на оваа. Рипли има муда. Веројатно поголеми од тие на црнецот што ја натовари Шарлиз Терон.
Имаш ликови кои отвараат врата на опасноста што тропа, андроид кој објаснува на публиката зошто става шлем, очаен обид за пресврт (сериозно беше жив Гај Пирс, сериозно ѝ беше татко на Шарлиз Терон? Каков шок! Зошто воопшто се преправаше дека е мртов? Со која цел?) и сцена која се повтори два пати во случај да некој ја пропушти зошто не, не траеше десет минути. Зборам за мапата, нормално. Ксеноморфот на крајот ми беше смешен, баш во истиот момент станував да излезам без да гледам назад. Сигурно пропуштив уште еден куп ствари, ама па затоа спомнав што ми беше океј, останатото го отфрлам како комплетно бесмислено срање.