Showing posts with label Futurama. Show all posts
Showing posts with label Futurama. Show all posts

September 6, 2013

Збогум Futurama

Good news, everyone! Futurama заврши. Барем засега. По втор пат. Тоа значи дека сме поштедени од теророт што го приредуваше втората половина од последната сезона. Со исклучок на неколку добри епизоди, другите не успеав ни да ги догледам до крај. Одлуката на Comedy Central ми изгледа како правилна, зошто серијата почна да заличува на некоја зомби верзија на себе. 


Алал за финалето. Камо среќа пола од епизодите да беа бар приближно вакви. Можеби не беше како оргиналното финале, меѓутоа успеа да ги покрие сите елементи на кои се потпира серијата. Ако нешто Futurama знае феноменално да го изведе, тоа се приказни со патување низ време. Речиси сите епизоди на таа тема се класици, а верувам дека и оваа веќе може да ја ставиме на таа листа. Една од ретките епизоди откако серијата почна да се прикажува кои вредат да се изгледаат повеќе пати. Јас сум задоволен.

Мислам дека е време да се остави Futurama на раат. Да се даде шанса и ова поглавје да отстои. Можеби ќе блесне како оргиналните сезони. Најверојатно не, ама нема потреба од ништо ново во следниве неколку години. Што фали на Drawn Together, на пример? Не дека нема место и за Futurama меѓу сите овие срања денес, ама не заслужува да е на ниво со истите. И јас се радував кога решија да ја оживеат повторно, само што некако не се снајде баш во денешно време. Едноставно старите сезони се толку култни што споредувањето со нив е неизбежно. Ако не можеш барем приближно да им се доближиш, не се ни обидувај.

Екипата од Planet Express ќе промрда уште еднаш, во епизода на The Simpsons. Ако е ова исто две секунди како Adventure Time во една од последниве епизоди на Futurama, фак оф.

July 9, 2013

Futurama го допре дното

Пробував да се убедам дека вториов дел од седмата сезона на Futurama не е толку ужасна. Пробував. Никогаш до сега не сум изгасил две епизоди по ред, на пола. Откако серијата се врати по години пауза, ја бранев од сите негативни критики, ги правдав просечните епизоди, давав време да блесне како во најдобрите денови, и ете - падна на дно.


Во последните сезони има епизоди кои може комотно да се носат со тие пред прекинот. Дури и кога ќе понудеа нешто што не беше баш најдобро, пак се осеќаше онаа стара Futurama. Овие од вторава половина се катастрофа. Никаков хумор, потполно без шарм и со неинвентивни и заморни приказни. Дијалозите ми се како на друг јазик, ништо не доаѓа до мене. Како да гледам на некој неразбирлив јазик. Гледаш дека визуелно нешто интересно се случува, ама не успеваш да разбереш што. Не е до мене сигурно, зошто Futurama секогаш ми се забавни. Треба да е сериозно лошо да не догледам епизода.

Веројатно откако луѓето од Comedy Central што ги влечат конците виделе каква е состојбата на Futurama (и рејтинзите секако), решиле дека ова срање мора да сопре. И, искрено, подобро така отколку да ги гледам како се влечат по под. Срамота е Futurama вака да замине повторно во историјата. Првиот пат имаше по што да се сеќаваме, за жал овој пат ќе остават горчлив вкус.

Ќе продолжам да гледам и понатаму. Чим изгасив две епизоди, ќе изгасам уште неколку додека ја чекам добрата што можеби малку ќе ме убеди дека серијата заслужува иднина.

June 23, 2012

Почна новата сезона на Futurama

Good news, everyone! Почна новата сезона на Futurama, со две епизоди една по друга. Уште лани тоа го сфатив, неделната доза на Futurama во лето е крајно освежувачка. Веќе има доволно анимирани серии од овој тип преку цела година, така што вака е сосема океј. 


Futurama веќе се адаптираа на денешницава уште лани, без воопшто да го изгубат сјајот на првите сезони. Некаде ќе запнеа, но генерално истераа одлична сезона. Минатата сезона веќе има епизоди кои ќе заминат во историјата како класика.

За поздрав е и тоа што решиле да го прифатат мимот (доколку го изговараш "меме", размисли дали двојката по Англиски во школо ти е заслужена) со Фрај кој стана популарен во меѓувреме. Така и ја отворија сезонава. Двете епизоди беа супер, имало и подобри, но овие се таман за стандардот на Futurama. Втора е за нијанса подобра од првата, барем мене ми беше позабавна. Без многу спојлери, повеќе нека биде како тиз - Futurama во таа епизода ја нудат нивната верзија на 2012 глупоста, односно крајот на светот во 3012.

Седмата сезона ќе има 26 епизоди, со пауза од неколку месеци по првите 13.

September 11, 2011

'Реинкарнацијата' на Futurama

Колку убав завршеток на новава сезона на Futurama. И покрај тоа што критиката не е баш позитивно настрона према новиве епизоди, мене сезонава ми беше супер. Да, имаше некои слаби моменти, но и епизоди кои беа инстант класика. Дури и последнава епизода спаѓа во таа група.

"Reincarnation" е поделена на три сегменти, секој со посебна приказна и стил на цртање, кој комплетно отскокнува од стандарниот. Три сегменти од епизодата, ги обединува Дијамондиумската комета, која на одреден начин е присутна во секоја од приказните. Првиот дел, "Colorama" е омаж на раните црно-бели цртани. Еден куп Дизни и Бети Буп референци, не само со стилот на цртање, туку и со дијалозите, музиката и се останато. Сегментот има посебен шарм, а љубовната приказна го прави уште посимпатичен.

"Future Challenge 3000" е вториот дел, комплетно претставен во 8-битна графика и автентична музика, елементи кои одлично ја доловуваат атмосферата од старите игрици. Интересен омаж на тоа време, надополнет со директни референци до некои познати наслови од тоа време. На крај, следува третиот и последен сегмент, за нијанса послаб од останатите два. Иако си имаше добри моменти, "Action Delivery Force" делуваше малку, сосема малку исфорсирано. Или, па ја бев уште под влијание на првите два и некако слабо го примив (that's what she said). Нацртан е во аниме стил, ама некако му фалеше целосна јапонска синхронизација. Фарнсворт беше легендарен со изгледот и гласот, а Бендер успеа да покаже со прст кон неколку клишеизирани аниме роботи. Приказната од последниот сегмент беше некако просечна, ама како целина "Reincarnation" е феноменална епизода.

До следната сезона, ќе се изгледа уште еднаш оваа. Првата половина од седмата сезона ќе се емитува следната година, додека за другата половина ќе почекаме до 2013.

June 27, 2011

Benderama

Good news, everyone! Futurama минатата недела ја продолжија сезоната со две нови епизоди. Искрено, мене сезонава ми е супер. Освежени се после филмовите, одлично си тераат и веќе почнаа со 'класици' што ќе останат. Последнава епизода (затоа и насловот на постот таков) и "A Clockwork Origin" беа најдобрите од тековната сезона, како да ги извадиле директно од старите. Баш деновиве ги гледам и старите сезони и не приметувам голема разлика.

Spoiler alert

Доколку некој мислеше дека неможат да се носат со времето, ете, новиве епизоди го докажуваат спротивното. Ликовите се баш такви какви што ги сакаме и знаеме, а сценаристите успеваат да го одржат хуморот на ниво. Друга добра работа е тоа што Futurama ќе оди редовно до септември, па така да ете што ќе ја пополни дупката до новите сезони на сериите на Сет МекФарлејн.

Кога сум веќе кај анимираниве серии, да кажам и дека South Park имаа феноменална епизода, последната. Или денот ми се погоди така? Енивеј, епизодата била замислена како неофицијално финале на серијата, во случај Треј Паркер и Мет Стоун да решеле да сопрат. Веројатно не е точно ова, зошто после епизодава изјавиле дека ќе продолжат со нови епизоди.

И South Park немаа лоша сезона, иако крајно го тупат последниве неколку години, па затоа и престанав редовно да ги следам. Сепак, знаат да погодат нешто добро од време на време.

July 1, 2010

Futurama се врати!

Good news everyone! Како што беше најавено лани и се зборуваше цела година за тоа, Futurama е повторно тука, на програмата на Comedy Central (во превод: на цела варез мрежа, достапна за нас). Некаде кон крајот на минатата година, се збореше дека ќе има измени во актерската екипа и дека гласовите на главните ликови ќе ги позајмуваат нови актери, што за среќа се среди со некој милион плус на сметката на оргиналните актери, така што си ја добивме Futurama целосна назад.

Првиве епизоди ме воодушевија. После филмовите, сепак се надевав дека ќе видиме нешто добро во новава сезона, бидејќи тој формат на една епизода некако повеќе оди во прилог на сценаристите. Филмовите беа досадни. Преџвакани. Неинвентивни приказни, досадни фори... Последниот не ни успеав да го изгледам до крај. Е, новава сезона е нешто друго. Добриот хумор и атмосферата од претходните сезони се присутни, а сепак делува свежо. Серијата никогаш не изгуби од квалитетoт, незнам зошто воопшто ја прекинаа. Мило ми е што повторно серијава блеска како порано и едвај ги чекам новиве епизоди.

June 11, 2009

Futurama се враќа!

Good news, everyone! Futurama следната сезона ќе се врати на Comedy Central со нови 26 епизоди! По четирите долгометражни филмови кои беа издадени директно на ДВД, конечно се сетија дека серијата и е потребна на публиката, а со новите епизоди Futurama ќе добие и нови фанови.

Значи, по шест годишна пауза (никогаш не ми беше јасно како можеа скинат толку добра серија), Futurama повторно на телевизија. Подобри вести деновиве, амин. Редовно си гледам Futurama секоја пролет, маратонот со рендом епизоди за годинава ми заврши, па конечно сега ќе седнам и ќе ги изгледам филмовите на раат, зошто само првиот го имам гледано.

По враќањето на Family Guy и Futurama, мислам дека редно време е да се направи нешто во врска со Firefly...