December 31, 2008

Out with the old...

Не памтам кога последен пат волку бргу ми поминувало времето. А, сепак, кога ќе погледнам назад низ изминатава година, ми се случија толку многу работи, шо не би можел да ги сумирам во еден пост.

Големи промени на личен план. Сменив факултет и конечно ми се осветли академскиот статус, а и успешно се борам со прокрастинацијата што ме успоруваше толку време. Дури и на музичко поле позитивни ствари. Албум со Nanohex, неколку изданија Machinesaw (плус настап на Constructor Fest) и Hibakusha Records, за што допрва доаѓа денот.

Колку филмови излегоа годинава, а? И тоа добри филмови, некои уште од лани ги чекав. Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull, The Dark Knight, Iron Man, WALL-E, Forgetting Sarah Marshall… Успеав да најдам време да изгледам (скоро се) Stargate, 24, Terminator: The Sarah Connor Chronicles, The Office (каква серија!) и нормално The Big Bang Theory. Дури и МакТрек повторно е активен и го ажурирам колку што можам почесто и колку што ми дозволува слободното време.

Пак сум заразен со Magic: The Gathering, скоро година откако почнав да сум поредовен на турнири и ми е поинтересно од било кога. Вчера во “Гоблин” пред-новогодишен Unhinged драфт, се собравме голема багра, кој беше, знае колку добро си пројдовме. Во февруари нова едиција, втората од Shards of Alara блокот, едвај чекам.

За роденден си ја поклонив Lord of the Rings трилогијата (на хартија ја немав), и почнувам со читање за две недели, да ми завршат последниве колоквиуми и да си седнам на раат. Почнав да играм и Baldur’s Gate: Dark Alliance 2, а треба уште неколку игри да довршам. Добра е, слична со првата за PC што беше. Денес симнувам и Battle For Middle Earth.
Што друго? Ах, да. Препорачувам празничен маратон со Bad Santa, Mickey’s Christmas Carol (и другите), Home Alone, How The Grinch Stole Christmas

Тука некаде ќе скратам, доволно беше за годинава. Не направив празничен дизајн на Crapwerk, ме мрзеше, иако имав нешто у план. Здравје, догодина. Тоа е тоа, среќни празници на сите и убав помин вечер.

П.С. Transformers: Revenge of the Fallen слики. Јеее...

December 19, 2008

Crapwerk Sci-Fi Special #2

Деновиве значително ми се редуцирани обврските што ме спречуваа да седнам и да искуцам асален пост на Crapwerk, па решив конечно да го продолжам Crapwerk Sci-Fi Special-от, односно рецензиите на култни СФ филмови од Б-продукција снимени во осумдесетите и девеесетите, златната ера на ваквите филмови.

Долго размислував кои филмови да се содржат тројката која следи подолу и решив да се одлучам за филм кој е еден од најпознатите претставници на овој жанр и два други кои воопшто ги немав гледано до пред некое време. Да почнеме...

Class of 1999 (1990) Приказната иако е уникатна, голем дел на елементите во филмов се позајмени од The Terminator и Mad Max 2: The Road Warrior. Од 1992 година, низ средините училишта во САД, почнува да владее општ хаос, предизвикан од опасни криминални банди составени од ученици кои се во постојани вооружени пресметки. Во 1999, бордот за заштита во образованието со помош на компанија за производство на киборзи, вметнува тројца професори (киборзи, да) кои имаат за цел да ги превоспитаат непослушните средношколци кои се пукаат наоколу облечени во кожи и возат автомобили како во The Road Warrior. Професорите-киборзи работата си ја "сфаќаат" многу посеризно, па завојуваните банди ќе мора да се здружат за да преживеат. Супер е филмот, има доволно акција, глумата не е толку очајна и е лесен за гледање. Го препорачувам на сите СФ фанови. Дефинитивно најдобриот филм од оваа тројка на рецензии.

Cyborg (1989) Некаде во периодот околу овој филм, започна ерата на доминација на Жан Клод Ван Дам. Типот буквално владееше со светот, сними купче добри филмови и потоа кариерата почна да му оди во надолна линија, за денес воопшто да не постои на сцената. Во пост-апокалиптична иднина (а каде на друго место?), владее чума која прети да ги уништи и оние малкумина кои некако успеале да преживеат. Научниците се блиску до откривање на лекот кој е единствен спас за човештвото и решаваат да искористат жена-киборг која треба да пренесе битна информација за тој лек до главното седиште на групата која се бори за опстанокот на луѓето. Ван Дам е на мисија да го заштити киборгот од банда која сака да го искористи лекот за сопствени цели. Филмот е одличен, но мене Universal Soldier (следува рецензија во следниот Crapwerk Sci-Fi Special) е далеку подобар. Cyborg има уште неколку делови за кои ќе пишувам во иднина.

Eliminators (1986) Од постерот и името, очекував филм каде што банда од "елиминатори" прави пуздер во пост-апокалиптична иднина. Едвај го најдов на солидна VHS снимка и навистина очекував добар филм. Наместо тоа, добив хаотична приказна која претпоставувам ја смислувале додека го работеле филмот, куп неповрзани ствари и 40 минутна сцена каде што главниот протагонист (пилот кој по авионската несреќа, го прават киборг) бега од пијана група на реднеци која го брка со чамец по вода. Тука некаде прекинав да го гледам, зошто нема никакви "елиминатори", уште помалку некаква поента, а елементот за забава комплетно отсуствува. А, пред да го гледам, зборев колку ќе биде ирелевантен рејтингот што го има на IMDB... За малку ќе заборавев, Денис Корзби (Таша Јар за Star Trek фановите) е во главна улога тука.

December 17, 2008

Magic: The Gathering на Саем

На Новогодишниот панаѓур ќе има Magic: The Gathering дешавки, почнува овој петок и ќе трае до 29-ти декември. Веројатно најголемиот настан ќе биде квалификацискиот турнир за Grand Prix-от што ќе се одржи во Ротердам на почетокот на 2009. Подолу е мејлот што денес го добив од ГОБЛИН.

Почитувани,

Доста беше работа и учење! Време е да се опуштиме за новогодишните празници! А како подобро отколку со играње Magic!?
Затоа Ве покануваме од петок (19.12.) па се до понеделник (29.12.) на Новогодишниот панаѓур, каде Гоблин ќе има свој простор, во Халата 4 на Скопското сајмиште. (во прилог ви го праќаме целосниот распоред на турнирите на Саем)

Magic забавата почнува во недела, со првиот од низата Grand Prix Trial турнири од новата сезона.
Со победата на Финецот Анти Малин на Светското првенство во Мемфис беше спуштена завесата на сезоната 2008, а новата 2009 кај нас почнува со квалификациите за Grand Prix Rotterdam. Првиот Grand Prix турнир од 2009 ќе се игра со sealed deck, што значи дека и GP Trial-от во недела ќе биде со истиот формат.
Веќе е најавено учество на неколку играчи од Грција, па засукајте ги ракавите и да покажеме колку знаеме!

Журката продолжува во текот на целата предновогодишна недела. Најразлични друштвени и стратегиски игри ќе бидат отворени за ваша забава.
Не само што во секое време ќе можете да дојдете и бесплатно да ги играте сите игри и бесплатно да учествувате на Friday Night Magic турнирот, туку вашето присуство ќе биде и наградено! По еден бустер ќе добие секој што ќе дојде на Скопското сајмиште пет пати.

Повелете, ве очекуваме!

Големото финале на предновогодишната прослава ќе се случи во сабота (27.12) со неверојатен Giveaway турнир, на кој првопласираниот играч ќе добие два бустери + Eventide маица + Dual Deck holder + Ajani Vengeant promo + Demigod of Revenge promo!!! За сите останати има голем број награди (во attachment), а секој учесник ќе ја прослави Новата година баерм со по 2 бустери и Foil promo prerelease карта!


Среќна Нова
и првиот бустер во 2009 нека ви биде Mythic Rare,

Поздрав од Гоблин екипа

December 12, 2008

NBA Live 09: Where bullshit happens

Деновиве играм NBA Live 09 на PS2. Океј е тоа што решија да ја извадат и за конзола што наскоро ќе биде прегазена од новата генерација играчки конзоли, но за жал, воопшто не успеа да пројде кај мене. Пред се, затоа што е 95% NBA Live 08 завиткана во друга опаковка, со сменета позадина на менијата и ситни измени на составот на тимовите. Воопшто не се потрудиле да понудат нешто ново, освен неколку невпечатливи ситници кои не верувам дека му значат на некого.

Разбирам колку е снагата на PS2 и дека неможе подобра графика од таа што е, тоа воопшто не ми пречи. Ми пречи тоа што неможеле да почекаат за името и дресовите на Oklahoma City Thunder (за неупатените, новиот НБА тим), тимот во играва ниту име има, ни лого, ништо. Црни дресови со бели букви и бројки. Знам се што направиле е ситни измени на NBA Live 08, ама имаа цело лето за да поправање на вакви грешки. Кој дозволил вакво нешто да биде пуштено во продажба? EA Games ги сметав за посериозна компанија. Не се само Thunder, Пет Рајли е тренер на Мајами (си замина уште во април годинава), Ајверсон не е во Детроит, итн...

На NBA Live 08 не успеав да ја изиграм цела сезона. Прво ја играв на PC и тоа лошо кракнатата верзија (првата што излезе) кај што не работеше save-от, а на PS2 играв други игри. Сега почнав пак и дефинитивно ги носам Heat во плеј-оф. Веројатно ќе си го вратам и дебелиот Шек, некако ми фали. А, кога сум веќе кај Heat (вистинските, не во играта), да ги пофалам дека се подобри од претходната сезона и почнаа да ме убедуваат дека цврсто ќе шибаат кон плеј-оф. Зошто навистина сакам да окапувам со чипс и Пепси до сабајле во Вејд дресот. :)

За NBA Live 09, толку. Среќа што е без пари, да платев, никогаш немаше да ги прежалам парите. За XBOX и PS3 гледам има некои patch-ови, да си симнеш дресови и сл, ама требало на време да мислат за тоа. И онака плескам NBA на PS2, па ќе ми биде исто дали е 08 или 09.

December 6, 2008

Затворени приватните World of Warcraft сервери

Од пред два дена, почна затварањето на поголемите приватни (читај: пиратски) World of Warcraft сервери, кои им овозможуваа на илјадници играчи да уживаат во играта бесплатно. Причината е очигледна. Јас со играње прекинав уште летоска, и планирав да почнам пак кога приватниве сервери ќе ја кракнеа и новата експанзија Wrath of the Lich King.

Огромен број на играчи од приватните сервери се префрлуваа на официјалните, така што после ова верувам дека ќе има многумина кои ќе почнат да ги полнат џебовите на Blizzard. Не се жалам, среќен што можев да играм без пари, но немам намера да почнам да плаќам. Сè уште се наоѓа по некој помал сервер, но верувам дека и тие ќе бидат искоренети за многу краток период.

Повеќето се комплетно исклучени, на BurningWoW сè уште стои сајтот со образложение за затварањето:

"We are sad to inform all the community here that we have been served with a DMCA notice and will be ceasing operation of the servers effective immediately.

As some of you may of noticed, a handful of other private servers have also been hit with this notice, so it is not just us and it is widespread. So far it seems isolated to the hosting provider being used by us and those other servers, but other servers may end up receiving the same notice as well.

We are not taking any chances and are going to be cooperative in this time, and will proceed with taking down all our WoW gaming realms. At this stage we have no intention of reviving the servers, as that would be potentially violating the conditions of the DMCA."

December 4, 2008

OGame бета тестирање

OGame неодамна го најави и обновувањето на дизајнот кој беше речиси ист од самиот почеток на играта, некаде во 2002 година. Новиот дизајн заедно со серверот (uni42) за бета тестирање беше пуштен пред малку и веќе се пополни квотата од 5000 играчи кои ќе тестираат. Од попладево следам што се случува на форумот, и после неколку неочекувани проблеми екипата од GameForge успеа да го крене серверот кој моментално работи беспрекорно. Има ситни багови, но за тоа е и бета верзијата, нели? Техничкиот дел е подинамичен, дури има и Flash.

Пред некој ден на Crapwerk ги објавив и скришотовите и трејлерот со кои го најавуваа освежувањето на OGame и мора да кажам дека во "живо" играта изгледа навистина добро и е прилагодена на Web 2.0 трендот. Сепак, мислењата на играчите се поделени, но со тек на време сигурен сум дека повеќето ќе се навикнат.

Ми се допаѓа тоа што секој дел од играта е детално разработен, па на пример, делот од планетата кај што се рудниците, се обновува со секоја нова градба. Тоа што е долу на скришотот, пред да изградам рудници, беше само празна трева и планини. Нешто слично како во Civilization II. Незнам битките какви се, се надевам дека ќе дознаам за неколку денови.

Би било добро и да вметнат нешто сосема ново, како што беше можноста за експедиција. Или барем да додадат и нешто ново, зошто сите исходи од експедицијата веќе на памет ги знам.

Претпоставувам дека тестирањево ќе трае најмалку една недела пред да го вметнат дизајнов и на другите сервери. Вчера беше отворен и uni41 кој си работи нормално, со стариот дизајн, па се регистрирав и таму. Twilight Armada алијансата е формирана и на uni41, се собравме десетина луѓе, па ако некој е заинтересиран може да аплицира за членство. Останувам да играм и на uni39. Ќе бидам и на uni42 додека трае тестирањево, немам намера да играм на три сервери, не сум до толку без живот.

December 2, 2008

Saw V (2008)

Океј, само чекав кога комплетно ќе се сјебе франшизава (ќе има уште два дела) и еве, со петтово продолжение успеаа да стигнат до работ. Saw IV и не беше толку лош, имаше атмосфера, имаше некаква поента, дури и стапиците беа интересни. Ова што пред малку го изгледав повеќе ми личи како да излегло директно од дебелото црево на Hallmark продукција.

Не е тешко да се претпостави како се одвивал муабетот меѓу сценаристите, ден пред крајниот рок за предавањето на сценариото од шеесетина страници:

"Еј, пиша нешо бе? Утре треба да го даеме."
"Ц... Не знам, еве ќе ги мотнам претходниве два-три, ќе видам шо како. Ќе му се јавам и на Captain Obvious."

Катастрофа. Знам дека им се брзало, ама барем малку труд да вложеле. Немало толку потреба секоја ситуација и можен исход од истата толку да се објаснува. Не сме слепи, а ни глупи за да сфатиме некои очигледни работи. Веројатно недостатокот на интелегентно смислени стапици се обиделе да го пополнат на ваков начин. Да, ни јас не верував дека ќе останат без идеи. Веќе досадно е, по иста шема се прави, само што е многу полошо од тоа што бев претходно навикнат да го гледам.

Продолжение на Saw се сигурни пари, па дури и кога се работи за очајно и плитко остварување како Saw V. Не знам што ќе смислат за (по)следните два, но сега веќе немам апсолутно никакви очекувања. Веќе нема кај да одат, а репетитивноста доволно се осети тука. Дури ни постерот не е кул...

Saw VI излегува во октомври следната година.