October 11, 2009

Warcraft III на Garena

Wacraft III: The Frozen Throne играм со години, а никогаш не сум играл на Garena, Battle.net или нешто слично. Играм онака, аматерски, во LAN или против компјутер. Денес инсталирав Garena, баш да видам како се игра Warcraft "професионално". Лесно се наоѓа друштво за играње, повеќе се игра тимски 2 на 2, 3 на 3, меѓутоа има и соби за еден на еден. Изиграв три партии, првата со рендом армија, ме даде со Undead, ме решија од двете страни за помалку од 10 минути, еден со Human армија, другиот со Demon Hunter. Колегата од тимот (некој копиљ од Полска) се исклучи додека ја рушеа мојата база, па дека имаше Night Elves пробав нешто да се спасувам, али џабе. Играат тука, не се заебаваат.

Втората партија си играв со Night Elves, мојата раса, 3 на 3 партија и тепавме. Се погодив со тип што играше Undead во тим, па лесно влеговме во база со Фрост Вирмови и Кимери. Најинтересно е 3 на 3, на поголеми мапи, да можеш одма да завземеш рудник и да се развиваш на раат. Третата партија онака, бев на лошо место на мапа, па го изедов прв. :)

Гледам има фори некои што не сум ги знаел. За градење на база, редослед на војска, херои... Така да, читање туторијали не помага, Garena бара само вежбање. Ќе видиме деновиве тоа.

October 9, 2009

V: Нова инвазија

На Земјата никогаш не и се доволни инвазии од вонземјани. Неисцрпна тема, одамна присутна и милион пати интерпретирана на различни начини. Дури и V. Станува збор за римејк на серија од 80-тите, со вонземјани кои доаѓаат на Земјата со навидум добри намери, за потоа да се испостави дека се всушност lizard people кои и не се баш пријателски расположени.

Серијата обработува една од поидиотските теории на заговор за расата на луѓе-гуштери кои според Дејвид Ајк, го контролираат светот. Пред неколку години гледав некои документарци поврзани со типов, и неговите идеи се во најмала рака смешни. Друг пат за него, сега сакам да кажам нешто за серијава. Очигледно, ABC си планираат уште една серија која ќе ја пополни дупката после Lost. Сметам дека FlashForward има поголем потенцијал да го стори тоа, отколку V, пред се поради посвежата тематика и интересот на публиката. Вонземјаните не се толку популарни како порано.

Во V, вонземски бродови се појавуваат над поголемите главни градови низ светот. Вонземјаните велат дека се спремни да ги потпомогнат луѓето, со цел да ја стекнат нивната доверба, додека тајно спремаат инвазија и превземање на Земјата. Дел од луѓето се исплашени, додека останатите ги прифаќаат вонземјаните и се спремни да живеат со нив.

Знам дека звучи интересно. Старата серија (има и филмови, и мини-серијали) ја немам гледано, ама сум читал нешто порано. Новава почнува со прикажување на 3-ти ноември. Има интересен кастинг, а автор е типот на The 4400, Скот Питерс. Не дека не знае да направи серија, туку незнае да го задржи вниманието на публиката. The 4400 пропадна, а типов е инволвиран и во најлошите сезони на The Outer Limits. Ќе видиме, очекувам добра-пилот епизода, ако ништо друго.

На официјалниот сајт има трејлер, слики и други информации.

October 8, 2009

Трејлер за римејкот на A Nightmare on Elm Street

Колку и да е трагично, изгледа единствен спас за оживување на култните слешер серијали од 80-тите се римејциве, откако ги усраа со идиотски продолженија како Jason X, Halloween: Resurrection и последните Hellraiser филмови.

На ред е A Nightmare on Elm Street. Истата судбина како филмовите погоре. Трејлерот се појави пред некој ден, може да се ѕирне на линков. За разлика од Friday the 13th римејкот, работен од истава екипа, ова ми делува како поверно на оргиналот од 1984. Или бар трејлерот е така склопен да ја наведе публиката на тоа. Не ми се свиѓа новиов Фреди Кругер (Џеки Ерл Хејли), за мене Роберт Инглунд е Фреди.

Филмов излегува на 30-ти април 2010. Има време, до тогаш треба да видиме уште неколку дебилни продолженија, како Saw VI на пример...

October 4, 2009

World of Warcraft викенд: Назад на OmegaWoW

Не планирав да се враќам на blizzlike сервер, а уште помалку на OmegaWoW откако ми го скинаа златото, ама ете ме пак. И тоа на OmegaWoW. Добив назад се, освен златото, ама што ќе правам без тоа. Си направив Dwarf Warrior, моментално 16-ти левел, плус имам 400 и кусур vote points, така да, ете ми опрема/злато. Не дека неможам да ги потрошам за паладинот, туку сакам да играм Алијанса, а џуџињава ги немам играно многу одамна. Сега се левелирам во некои зони кај што не сум стапнал повеќе од година и ми е ептен интересно. Плус на OmegaWoW квестовите работат супер, па нема проблем за фаќање левели. Дроп рејтот е ептен Blizzard, собрав некоја опрема колку да не умирам брзо, плус торбици неколку, па поените од гласање ќе ги трошам понатаму. Ќе се моткам што е можно подолго низ Азерот, малку да избегам од шемата што ја цепам последнава година, со левелирање во Беренс/Ешенвејл/Танарис. Ми здосадија тие места веќе.

Neverendless-WoW се сјеба тотално, паѓа на секои 10 минути, ни новиот хардвер не им помогна, па ќе сределе во текот на неделата. А, таман го кренав Night Elf друидот на 27-ми левел. Додека не го средат како што треба, ќе си играм на OmegaWoW. И, кога нема да ме мрзи да се левелирам, зошто сега ми е најбитно убаво да го видам Нортренд, а не на instant 80 сервер. Или ритејл.

Проблемот е што уште неделава ќе имам слободно време да играм WoW на два сервери...

October 3, 2009

Пет минути од 2012

2012 е еден од најисхајпаните филмови годинава, базиран на исто така исхајпан настан кој наводно треба да се случи на 21 декември 2012 година. Во некоја друга прилика ќе пишам повеќе за календарот на Маите и неговото завршување во 2012.

Значи, според толкувањата на календарот на Маите, крајот на светот ќе се случи баш на датата погоре, исто како што, нели, имавме крај на светот на почетокот на 2000. Филмов ги раскажува настаните на 21-ви декември 2012, за време на глобалната катаклизма. Веќе сме виделе купишта вакви филмови, така што овој не нуди ништо ново, освен поквалитетните специјални ефекти. Во овие пет минути од филмот кои вчера се појавија по разни сајтови и блогови, го гледаме уништувањето на Калифорнија и дел од изјавата на гувернерот (тип што го глуми Шварценегер). Не ми е јасно само како луѓево успеваат цели пет минути да се буквално чекор понапред од бранот кој го руши градот и да се извлечат без влакно да им фали. Добро е што сум навикнат на вакви претерувања кај овој тип филмови, па и не ми пречи баш многу.

Филмот излегува во ноември. Се надевам дека ќе го донесат во Рамстор, да немора да чекам уште месец дена за подобра снимка.

Еве ги петте минути од 2012.

September 30, 2009

Селење на Neverendless-WoW

Да, зошто мојата кариера како Blood Elf Paladin на OmegaWoW заврши откако го апдејтуваа серверот на 3.1.3 верзија и избришаа се што имав. 72 левел, без никаква опрема, без злато, без ништо...

Neverendless WoW е high xp rate сервер, баш каков што ми треба во моментов, зошто и немам баш многу време за трошење и левелирање на blizzlike сервери. Си направив Night Elf Druid (немам одамна играно Алијанса) и го кренав до 14-ти левел. Баш го начекав серверот во момент кога имаат технички проблеми, па сега почна да паѓа и на неколку минути. Утре ќе го мењаат хардверот и ќе биде во ред. Има околу 2000 онлајн играчи постојано, вендори што телепортираат до битни локации и нудат бесплатни бафови, гласање за опрема и минимален број на багови. Ме зачуди што работат некои квестови што не се сеќавам дека работеле на други приватни сервери. Плус, никогаш немам видено толку многу луѓе во Телдрасил како тука.

Ќе почекам до утре да го отстранат проблемот, да се излевелирам и асално да го видам Нортренд.

September 29, 2009

Family Guy: Почеток на осма сезона

Какво отварање на новава сезона Family Guy... Епизодите со наслов "Road to..." секогаш им биле меѓу најдобрите, а првава од осма сезона, "Road To Multiverse" инстантно ми стана омилена од ваквите. Нема да одам во детали, поради спојлери, туку ќе кажам само: Дизни универзумот. (океј, спојлер е)

Family Guy пичи напред и не познава граници. Сет МекФарлејн оди во крајности и знае како да испорача таков генијален хумор што се двои од било што друго денес на телевизија. Затоа е и толку успешен и стои зад моментално најдобрата анимирана хумористична серија. Сигурен сум дека следните пет сезони Family Guy ќе фура со истиот квалитет. Сезонава инаку требаше да почне со пародијата на The Empire Strikes Back, меѓутоа решија да ја одложат дури за крај, негде на пролет, заедно со пародијата на Return of the Jedi. Така ќе биде комплетна Star Wars пародијата што ја почнаа со "Blue Harvest".

American Dad прекинав да гледам негде на средина на четврта сезона. Досадно. Како МекФарлејн да си ги чува добрите идеи за Family Guy. Незнам што нуди The Cleveland Show, а не ни планирам да дознаам во брзо време.

September 28, 2009

Аниме на месецот: Bokurano

Кога го открив Bokurano, сосема случајно, и видов за што станува збор, се замислив само за количината на квалитетно аниме кое лежи закопано, неоткриено и натрупано со шунд од типот на Dragon Ball Z. Станува збор за генијална серија, речиси совршена и не ми е јасно како со години успеала да привлече внимание на толку малобројна публика. Не ме чуди како претходно немав чуено за Bokurano, а оргинално се има прикажувано во 2007.

Приказната на прв поглед делува наивно и детски. Група од 15 деца, скучуваат договор со сомнителен програмер, за учество во игра каде што ја бранат Земјата од напади на mecha роботи управувајќи со нивниот робот Zearth. Е, сега Bokurano е борба со роботи, колку што Lost е авионска несреќа на пуст остров. Bokurano е приказна за животот, пожртвуваноста, личните приоритети, завиена во чудовишниот Zearth. Уникатна СФ приказна, на моменти дури потресна и сурова. Цената која се плаќа за да се одбрани сопствената планета и животите на блиските не е воопшто мала, а е уште полошо кога се нема избор.

Малку ме разочара крајот, не очекував така да заврши, но доколку завршеше поинаку, ќе се изгубеше поентата. Сепак, крај со малку поинтензивни настани, не е лоша идеја. Bokurano има 24 епизоди, брзо се гледа, само бара малку повеќе внимание и трпение на почетокот. Пак ќе повторам, анимето не е борба меѓу mecha роботи, иако првите неколку епизоди делуваат така.

За крај, линк до најавната шпица. Песнава ми е хит откако ја слушнав првиот пат.

September 27, 2009

Transformers: Revenge of the Fallen (2009)

Да го гледав Transmorphers: Fall of Men, можеби вториов Трансформерс немаше да биде најлошиот филм за 2009. Не дека имав големи очекувања, но сигурно не се надевав на толку глупости во еден филм што трае неиздржливи 150 минути. Ефтин хумор како во Американска Пита 9, цел саат непотребни сцени, олигофренични Трансформери и никаква конзистентност во приказната, го спречуваат Transformers: Revenge of the Fall да добие и прелазна оценка. Последните 30 минути прекинав и да следам што се случува.

Ајде по ред. Има еден куп тинејџерски комедии каде што главниот лик заминува на колеџ, родителите му се со незавиден коефициент на интелегенција, па целиот хумор се базира на комбинација од овие елементи. Нема никаква поента да го гледаме истово и во Трансформерс филм. Голем дел од непотребните сцени што ги спомнав, се баш со овие очајни обиди за хумор. На другата страна се двата Автоботи што зборат на црнечки сленг, што голем број фанови, а и медиуми, ги искритикуваа дека поттикнувале расна дискриминација. Искрено, ме здоболе за тоа. Јас ќе ги искритикувам продуцентите за дебилниот потег, што го преполниле филмот со вакви идиотизми, далеку од било каков хумор. Не верувам дека за наменети за помладата публика, освен ако филмов нема некоја едитирана верзија каде што се тргнати бројните вулгарни реплики.

Кога Transformers: Revenge of the Fallen не се обидува да биде комедија, има "сериозни" сцени со Трансформери кои изгледаат како биолошки да остареле, имаат метална брада, бастун и се сенилни. Иако можат да изразуваат и силни емоции, ова не престана да ми биде чудно.

Шаја и Меган Фокс ми станаа најодвратните фаци во Холивуд, така да нема да потрошам ни збор повеќе за нив од оваа реченица. Филмов нема никаква приказна, туку е колаж од случајно нафрлани сцени, така да на секои 10 минути скока во друг хаотичен правец. Бидејќи сите ликови имаа по вкупно 8 минути време, не видовме никаков развој, а камоли Трансформери. Освен ако немало Трансформери во неколку сцени со експлозии кај што има само чад, оган и метал и едвај може да се забележи било што. Елементот за забава е сведен под нулата, не ми се верува дека нешто што е базирано на искучително забавна серија/линија играчки може да има ваков исход. За жал, ни специјалните ефекти не го вадат, денес и А1 Метео има исти такви...

Првиот беше подобар. Сега е време конечно Transmorphers да добие шанса.

September 25, 2009

Првата епизода на FlashForward

Ноќеска беше прикажана првата епизода на новата серија FlashForward. Рип со лош квалитет од епизодава почна да се врти низ интернетов уште пред една недела, но решив да почекам. Само што ја изгледав првата епизода и сум задоволен од серијава. Интересен почеток, успеа да покрене еден куп мистерии што верувам дека ќе се објаснуваат споро како во Lost. ABC добро знаат дека ваков тип на серии проаѓаат кај публиката.

За приказната пишав во минатиот пост. Сите луѓе во светот, во исто време губат свест и додека се во таа состојба, свеста им е пренесена шест месеци во иднината. Значи, секој си добива 2:17 минути флеш од неговиот живот во иднината. Кога ќе се разбудат, ќе го затекнат светот во (буквално) катастрофална состојба. Причините се непознати, а главниот лик, ФБИ детективот Марк Бенфорд, започнува истрага. Дали е таен експеримент на Владата, вонземјани, природен феномен или нешто друго, се надевам ќе дознаеме за период пократок од три сезони.

Споредбата со Lost е сепак неизбежна, бидејќи има куп референци и горе-долу работите се одвиваат со сличен интензитет баш како и пилот-епизодата на Lost. Дури има и Oceanic Airlines билборд. Ликовите делуваат стандарни за ваква серија, но мислам дека самиот концепт на FlashForward дополнително ќе ги менува и обликува, бидејќи нивните цели и мотиви допрва треба да бидат дефинирани. Вака, на прв поглед делуваат како купче ликови извадени од Lost или било која друга драма. Актерската екипа е составена од познати фаци, а камео имаше и Сет Мекфарлејн. Ме изненади кога се појави, не очекував, а сега читам дека ќе се појавува и понатаму.

Серијава носи огромен потенцијал во себе, речиси како Heroes во првата сезона, пред комплетно да заебе. Но, Lost е при крај, па мислам дека ABC нема да дозволи FlashForward да отиде во погрешна насока. Почетокот беше одличен, ајде да видиме уште една квалитетна серија.