September 24, 2011

Person of Interest: Прва епизода

Конечно нова, интересна серија што ќе ја следам сезонава. Квалитетот на ваквите драми, последниве години значително е опаднат, па ова доаѓа како пријатно освежување. Иако идејата не е воопшто нова, на пример, серијата многу позајмува од The Minority Report, има доза на оргиналост, а и ликовите се доволни добри за да ја возат како што треба.

Главната причина поради која што се решив да и дадам шанса на првата епизода е Мајкл Емерсон (Бен од Lost). Типот е генијален, а улогата тука е баш скроена за него. Бен го глуми господинот Финч, сомнителен милијардер, кој има создадено софтвер што идентификува луѓе поврзани со некако криминал, што допрва треба да се случи. Освен името на личноста која е инволвирана, другите детали не се познати. Не се знае дали е жртва или сторител на некакво кривично дело, ниту па е познато кога точно и каде ќе се случи тоа. Софтверот е инаку развиван после 9/11, каде што Владата решава да превземе дополнителни мерки за безбедност, со тоа што ќе ги идентификува потенцијалните терористи.

Финч го најмува Џон Рис (го глуми Џим Кавизел), бивш ЦИА оперативец кој е прогласен за мртов и живее во бегство, да му помогне при спречување на криминалот кој треба да се случи. Рис е добро обучен за акција на терен и неговите физички квалитети тамански се вклопуваат со идеите на Финч. По Рис инаку трага и полицијата, откако брутално ќе истепа неколку курнази во метро.

Person of Interest
е дело на Џонатан Нолан, што доволно говори за квалитетот и ветува многу. Единствено нешто што може, а се надевам дека нема да посмета, е Џеј Џеј Абрамс како извршен продуцент. Знаеме по што е познат Абрамс и колку може да заебе, па се надевам дека е потпишан само колку да се крене рејтингот на серијата и дека неговиот придонес е минимален.

Во секој случај, пилотов беше одличен. Тимот го реши првиот случај, ништо спектакуларно, но има огромен потенцијал за добри приказни. Очекувам многу поголем заплет во иднина, нешто што ќе ме натера да ги бројам деновите до следната епизода. Ако ништо друго, мило ми е што го гледам Мајкл Емерсон пак. И да, имаше неколку неизбежни Lost референци. Веројатно тоа е клетва што ќе ги следи сите актери од таа серија. Не ми смета, воопшто.

Person of Interest се прикажува во САД во четврток, а тука епизодите ќе ги имаме во петок сабајле.

Види такоѓе:

September 23, 2011

League of Legends Log #5: Прва партија Dominion

Пред некој ден, Riot Games го отворија новиот Dominion мод за бета тестирање. Новата мапа The Crystal Scar е достапна по неколку саати дневно, па ете денес успеав и јас да начекам.

Модот е супер. Има детално дизајнирана мапа, со доволно простор за борби, куп power-ups, кратки патеки, грмушки од каде што противникот може да попие сачекуша и нормално крипови, на кој ретко некој им обрнуваше внимание партијава. Dominion е сепак повеќе сконцентриран на брзи млатњи, нели, колку повеќе непријатели се мртви, толку побрзо се освојува база. Адреналинот рипа уште на почеток, зошто хероите се директно трети левел и со доволно злато за пазарење. Цело време мора да си растрчан по мапата, зошто секоја секунда може да направи разлика.

Викаат дека Французите се лоши играчи. Меѓутоа, додека не ти се погоди цел тим со нубови од Полска што се откажуваат среде партија, ништо не си видел. Дури полошо од кретен што играше со Teemo и нареди 15-16 печурки во нашата база на Summoner's Rift! Енивеј, како за прва партија беше супер. Наскоро почнува и втората компетитивна сезона на League of Legends, па ќе биде уште поинтересно кога ќе се играва мапава во ranked.

September 22, 2011

Новите DC: Batman #1, Nightwing #1 и Catwoman #1

Еве ја и новата тура на тазе DC изданија. Оваа недела, како што очекував, си добив три исклучително добри стрипови, кои со нетрпение ќе ги чекам секој месец.

Batman #1 е насловот на кој најмногу му се радував. Прво, Бетмен е, а второ еден од авторите е Грег Капуло. Од сите изданија, ова најмногу го чекав. Грег Капуло е без дискусија еден од најдобрите во занаетот и тоа го докажува и тука. Ако некој е мајстор за вакви мрачни цртежи, тоа е Капуло. Ова е Бетмен во неговото најдобро издание, од цртањето до сценариото на Скот Снајдер. Дечково докажа дека знае да напише квалитетен стрип уште во Swamp Thing #1, нешто за кое не стигнав да пишам, но ќе склопам некој пост кога ќе излезе и вториот број. Мајсторски скоцкан Бетмен, мрачен и ладен, баш како што му прилега.

Приказната отвара во Аркам, место кое совршено одговара и се вклопува во новиот почеток. По кус преглед на добро познатите негативци и еден момент кој ме остави без здив, видовме и како изгледа новата пештера на Бетмен, заедно со неговите играчки. Надвор од костимот, Брус Вејн се обидува да му даде нов, пожив изглед на Готам, обидувајќи се да му го отстрани темниот и маглив превез. Следува говор на Брус Вејн, на кој уште еднаш му аплаудирав на Скот Снајдер. Крајот нуди едно изненадување поради кое ќе ги броиме деновите до следниот број. Совршено и строго препорачливо!

Во Nightwing #1, го гледаме Дик Грејсон (оргиналниот Робин), созреан и прероден, откако поминал време во костимот на Бетмен. Колку-толку, сум запознаен со таа приказна, така што брзо се вклопив во тоа што следеше. Тој живее во сржта на криминалот, Дик Грејсон, само што започнува со новиот живот, налетува на циркусот каде што загинале неговите родители. Покрај тоа што е соочен со духовите на минатото, некој се обидува да го ликвидира, истовремено обвинувајќи го за убиство кое не го сторил.

Во Nightwing #1 ми се поврзаа некои ствари со Batman #1, незнам дали приказната во иднина ќе се поклопи, но од тоа што видов до сега, одлично би било да е така. Ветува сериозно добар заплет ако испадне така. Цртањето е прва лига, исто и сценариото. Новиве на DC, барем првите броеви од тоа што читав, се речиси без маана. Најтвинг е стварно интересен лик, на кој одамна му спремам маратонско читање.

На крај од тројкава за оваа недела, да кажам нешто и за Catwoman #1. Никогаш не сум читал ништо, ама ликот ми е добро познат. Од љупопитност, го грабнав првиов број и ме изненади. Ме фати скроз неспремен! Кетвоман е предобро нацртана, детално е спазен секој атрибут, нели. :) Вака добро нацртана девојка не сум видел во стрип одамна. Браво! И го доловиле сексипилот, баш ко што треба, поразлично од Мишел Фајфер, но со ист интензитет.

Што прави Кетвоман? Бега од луѓе на кои им направила нешто што не смеела, станот и кренат во воздух, па пробува да преживее и да најде некоја "тезга". Завршува на забава на руски мафијаши, каде што се вплектува во уште поголеми срања. Си има и момент со Бетмен, кој некако ми изгледаше неизбежно во првиот број. Ќе следам Catwoman и понатаму, иако од приказната не очекувам премногу. Незнам до кај ќе го носат ликот, не ни верувам дека може многу, ама па од друга страна, визуелниот момент вреди.

Следната недела треба да излезе последната тура на први броеви, меѓу кои и Batman: The Dark Knight и еден наслов на Кевин Смит кој страшно ме занима што e. Останитите кои планирам да ги читам се Flash #1 и Superman #1.

Види такоѓе:

September 20, 2011

Thor (2011)

Тор, како супер-херој, низ стриповите на Marvel секогаш го среќавав попатно, во некој друг наслов. Никогаш не ми беше доволно интересен за да седнам да читам некое посебно издание, најмногу поради тоа што е истиот Тор од Нордиската митологија и фолклор. Кога беше најавен филмот, седнав и пролистав неколку броеви (Ragnarok аркот) и пак ништо. Минимален интерес за ликот. Целата идеја дека 'бог' како Тор може да опстои рамо до рамо со останатите ликови во Марвеловиот универзум некако тешко ја прифаќав. Истото мислење го имам и за Кралот Намор и слични ликови кои некако ми се вишок во целиот тој универзум.

Океј, да се вратам на филмот. Пред да го гледам филмот, го гледав цртаниот, Thor: Tales of Asgard. Фино склопено, меѓутоа ме остави рамнодушен и не ми направи многу разлика. Од филмот исто така не очекував многу, причината поради која што сакав дa го гледам е The Avengers, да видам како ќе го убацат ликот. Во сите рецензии беше фален и кренат до небо, добиваше пофалби од секаде. Искрено, не верував дека е стварно толку добар, додека не го изгледав...

Thor е неверојатно добар филм и најубавото изненадување на филмската сцена годинава. Чиста десетка, без размислување. Режија, фотографија, кастинг... продукциски пука од квалитет. Крис Хемсворт е скроз погоден за ликот, барем мене ме воодушеви, а колку е близок до стрипот воопшто не ме интересираше. Дечкото знае да глуми, добро се снаоѓа во улогата, која мислам дека му е прва ваква посериозна. Один е Ентони Хопкинс, одличен избор. Рене Русо како Фрига. Единственото нешто што ликов ми го покажа, е тоа колку остарела Рене Русо, ништо повеќе. Онака, мала улога, дали Рене Русо или било кој друг, немаше да смени многу. Типот што го глуми Локи првпат го гледам тука и супер е. Ме убеди дека е гадно копиле. За Натали Портман имам многу да зборам, па ќе пробам некако на кратко. Она е топ глумица, има талент, одлично изгледа и сето тоа. Ама, во секој втор филм е последниве години и ми станува досадна. Покрај тоа, никогаш немало хемија помеѓу неа и актерот со кој глуми љубовна врска и тој случај ќе го забележам и тука. Крајно неубедливо, можеби и најлошиот момент од цел филм е токму врската меѓу Тор и нејзиниот лик. Некогаш мислев дека е до Хајден Кристенсен, ама не. До неа е. Тоа нормално не го оспорува фактот што Хајден Кристенсен е катастрофален актер кој покрај тоа имал и лошо сценарио. Океј, океј, за Тор... Има и по некој спојлер подоле, инаку.

Азгард изгледа преубаво. Беспрекорен CGI. Токму тоа што дејствието поголемиот дел од филмот се одвиваше таму, беше пресудно за моето уживање и високата оценка. Приказната е следнава. Народот на Один војува со Jötunheimr. Многу години претходно, Один го краде нивниот извор на моќ кој останува недопрен се до крунисувањето на Тор, како крал на Азгард. Темпераментот на Тор за малку ќе предизвика нова војна, по што тој е прогонет на Земјата, лишен од неговата моќ и Мјолнирот. Тор треба да покаже да е вреден за чеканот, за да ја врати моќтта која меѓудругото, му е потребна за спас на Азгард од војната која му се заканува. Мјолнирот, кој исто така сега се наоѓа на Земјата, е главен интерес на S.H.I.E.L.D. Локи, воден од љубомората и гневот према Тор, се обидува да го убие користејќи го металниот џин што блуе оган, Destroyer, моќно оружје создадено од самиот Один. Локи почнува да создава хаос на Земјата, по што Тор решава да се жртвува за да ги спаси луѓето, одлука која му ја враќа моќтта и Мјолнирот со кој на крај излегува како победник.

Marvel со филмов докажаа дека нудат строго квалитетни адаптации кои можеби ќе го направат The Avengers најдобриот филм следната година. Ги пројдоа сите херои кои ќе се дел од Авенџерс тимот, дури и Hawkeye, кој имаше мала улога тука. Со ваков кастинг и квалитет каков што видовме во последниве адаптации, јас сакам да видам беспрекорен The Avengers кој заслужува да трае барем три саати. Еве и линк до едно видео поврзано со муабетов.

Види такоѓе:

500 постови на Crapwerk...

And all I got was this lousy t-shirt. :)

Како да: Warcraft III со 1920x1080 резолуција

Warcraft III: The Frozen Throne, барем верзијата што јас ја имам, нема опција за резолуција која одговара на мојот монитор. Најдов решение кое овозможи играта да изгледа подобро од било кога и решив да го споделам, во случај некој друг да има потреба од истото. Преку Registry Editor, резолуцијата може да се смени по желба на корисникот.

Претпоставувам нема потреба да објаснувам како се отвара Registry Editor, па тој чекор ќе го скокнам. Патеката е следнава:
HKEY_CURRENT_USER > Software > Blizzard Entertainment > Warcraft III > Video
Во reswidth се внесува вредност по желба, во мојот случај 1920. Се селектира decimal и OK. (скриншот) А, во resheight се внесува 1080, исто decimal и OK. (скриншот)

Warcraft III сега автоматски ќе стартува со подесената резолуција. Во видео опциите на самата игра, нема да биде понудена за избор, така што при промена од таму, пак ќе мора да се поминува низ истото.

Тоа е тоа, прилично е едноставно.

September 17, 2011

The Clone Wars: Почеток на четвртата сезона

Сезонава на серии што редовно ќе ги гледам, почна со Star Wars: The Clone Wars. Серијава успеа да доживее четврта сезона, што е секако супер, зошто квалитетот растеше со секоја епизода од минатата сезона. Како и претходните сезони, и оваа отвара со дупла епизода. 

Целата епизода се одвива под вода, на планетата Мон Каламари, дом на Адмиралот Акбар кој тука е млад капетан. На планетата покрај неговата раса, живее и друга водна раса, Кворените. Кралот на Мон Каламарите е убиен, а на негово место доаѓа млад принц, со кој Кворените и не се баш задоволни, па помеѓу двете раси избива војна. Мон Каламарите бараат интервенција од Републиката, додека Кворените се подджани од Сепаратистите на чело со Дуку. Војната оди толку далеку што Мон Каламарите се приморани да побараат помош од уште една водна раса - Ганганите. 

Знаев дека епизодава е за расата на Акбар и се појавува Џар Џар Бинкс, и искрено очекував да биде многу полошо, со оглед на тоа што како основа е земен лик кој денес служи како мета за интернет ремет, и цела раса чиј Џар Џар има оставено лузна на комплетната нова трилогија. На мое изненадување, епизодата е супер. Визуелно е преубава, се ѕверев ко забаваче на некои сцени, приказната е интересна и покрај тоа што Џар Џар си има моменти со "Ани". Првиот дел од епизодата е затоа подобар, зошто Ганганите се појавуваат на кратко, и тоа во вториот дел. Дури имаше и момент кога ги истовараат од бродот, кој ете ќе признаам дека беше... многу океј. Поради добрата музичка подлога, ваљда. Не, озбилно, режијата им е сериозно добра во последниве епизоди и знае да воодушеви. Значи, немаше потреба Мон Каламарите, барем сите по еднаш да викнат "It's a Trap!" за да ми ја направат епизодата интересна.

На крајот, има опасен привју за тоа што ќе се случува сезонава. Веројатно ова ќе биде таа сезона каде што повеќе ќе се сконцетрираат на Анакин и она што го прави да премине на Темната Страна. Вака супер си тераат. Само да не направат епизода со мал Хан Соло и евокси и ќе ги следам колку и сезони да се.

September 16, 2011

Новите DC: Batman & Robin #1

Стигна нова тура од рибутот на DC Comics! Третата недела донесе уште нови изданија, меѓу кои и првиот број на новиот Batman & Robin. Интересно издание, како што очекував, со сигурност ќе го читам и понатаму.

Бетмен има нов Робин, неговиот син Демиен. Бетмен за последен пат се решава да ја обележи смртта на неговите родители, на местото каде што биле убиени. Уличката каде што Вејнови се убиени, наскоро треба да биде реконструирана, и Брус решава да го однесе неговиот син за да им оддадат почит. По ова, Брус се решава наместо нивната смрт, да го слави денот на нивната венчавка. А, за малиот, Вејнови се само правливи слики кои висат на ѕидовите, како што и самиот кажува, притоа заборавјќи дека токму нивната смрт е причината поради која неговиот татко е Бетмен, а неговото постоење и улога се поттикнати од истата таа причина.

Покрај тоа што малиот Робин не знае да цени одредени вредности, носи и некои одлуки кои би можеле да го загрозат неговиот живот, а и на Бетмен. Врската меѓу нив двајца ми е најинтересна од целиот наслов и ме интересира до каде ќе стигнат вака. Демиен е избувлив и премлад за да биде Робин, иако има некои физички квалитети со кои би можел да ја носи наметката. Во овој број, се појавува и нов негативец, Nobody, за кој повеќе ќе дознаеме понатаму. За жал, не успеав да дочитам Batman R.I.P. па целата оваа ситуација со синот на Бетмен не ми е сосема јасна. До вториот број на Batman & Robin имам време да го пролистам и тоа.

Во турата од оваа недела, само овој наслов ми беше доволно интересен за да го читам. Е, следната недела веќе има повеќе кои ги чекам со нетрпение, Batman #1, Nightwing #1 и Catwoman #1.

September 14, 2011

Holy Bat-Toons!

Бетмен како лик има доживеано еден куп адаптации, меѓу кои и неколку цртани серии. Мојот избор секако паѓа на Batman: The Animated Series, култната серија од раните 90-ти која доживеа неколку сезони (вкучувајќи ги и тие под името The New Batman Adventures), собра четири Emmy награди и послужи како подлога за најдобриот Бетмен анимиран филм до денес, Mask of the Phantasm. Кевин Конрој остана најдобриот актер кој го позајмувал гласот на Темниот Витез, а Марк Хамил е сеуште ненадминат во изведбата на Џокерот.

Подоцна следува Batman Beyond, серија работена од речиси истите луѓе (како Пол Дини, Брус Тим), сместена во истиот тој универзум кој го постави TAS. Првата сезона на Batman Beyond ја изгледав конечно, пред некој ден. Секогаш ми делуваше примамливо, но идејата за пензиониран Брус Вејн упорно ме одбиваше од серијата. Откако изгледав, сфатив колку не сум бил во право.

Beyond почнува во 2019 година, каде што Брус Вејн (гласот го позајмува Кевин Конрој) не е веќе млад за да биде Бетмен. И покрај тоа што има технолошки, многу понапреден костим, физички не е доволно моќен да се бори. Поразен, посегнува по пиштол кој го вперува во својот непријател, кршејќи го кодексот на Бетмен кој го негува уште од самиот почеток. Вака почнува првата епизода, која подоцна се префрлува во уште подалечна иднина каде што Брус Вејн е сосема остарен, се движи со бастум и живее во изолација. Алфред е одамна починат, а исто и Гордон. Неговата гигантска фирма е предводена од нови луѓе, на чело со главниот негативец во првата сезона - Дерек Пауерс. А, Готам е загушен од криминал поради отсуството на Бетмен, на улиците беснее банда The Jokers, инспирирана токму од Џокерот. Брус Вејн ќе налета на Тери МекГинис, млад дечко чиј татко е убиен од Дерек Пауерс. Тери е темпераментно, но чесно дете, со физички преизпозиции да млати криминалци и слично како и Брус Вејн, бара одмазда за смртта на неговиот родител.

Сосема случајно, Тери открива дека Брус Вејн е легендарниот Бетмен и решава да го "позајми" последниот костим. Брус подоцна сфаќа дека Тери може да се носи со улогата на Бетмен и се поставува како ментор, кој го води речиси низ секоја мисија. Односот меѓу стариот и младиот Бетмен е тоа што ја прави серијата толку интересна, покрај низата негативци и приказни кои следуваат понатаму. Иако дејствието се случува во иднина, не е претерано СФ со забегана напредна технологија,а уште помалку наивно и детски (освен кога е, јебига цртан за деца е). Серијата е доволно мрачна и сериозна поголемиот дел од времето, што ја прави интересна за сите возрасти. Ја прекинав првата сезона за да гледам The Batman, па кога ќе изгледам уште нешто од тоа, ќе продолжам...

The Batman е серија од 2004, која ги раскажува раните години на Брус Вејн како Бетмен. Бетмен се смета за легенда низ Готам, станува мета на многу криминалци, а полицијата не му е баш наклонета. Оваа серија е сосема различна од претходните две за кои зборвував, работена е од друга екипа, актерите се други, а приказните се нови и свежи и од ново претставуваат некои добро познати ликови. Така што ја имаме првата средба на Бетмен со Џокер, Пингвин, Кетвоман и останатите. Цртањето е различно, па ми требаше неколку епизоди за да се навикнам. Серијата е понова, има помодерни приказни и Бетмен користи некои понапредни гаџети.

Приказните во првава сезона се океј, само што на моменти има некои непотребни забегувања кои воопшто не прават смисла, дури и на деца не би им биле занимливи. Како на пример, пиштолот на Џокер што ги 'сместува' луѓето во огромни картонски кутии кои изгледаат како големи карти за играње. За среќа, ваквите моменти се ретки, а остатокот од серијата си е баш како што треба. Првава сезона е супер, на крајот имаше интересен пресврт со кој го убација Клејфејс во приказната. Ѕирнав нешто и од втора сезона, таман е, се појави и Ридлер како негативец.

И двете серии се добри и би му биле интересни на секој Бетмен фан. Глупо би било да ги споредувам зошто секоја си е убава на свој начин. Во секој случај, не ја надминуват The Animated Series, но вредат за потрошеното време.

Види такоѓе:

September 11, 2011

'Реинкарнацијата' на Futurama

Колку убав завршеток на новава сезона на Futurama. И покрај тоа што критиката не е баш позитивно настрона према новиве епизоди, мене сезонава ми беше супер. Да, имаше некои слаби моменти, но и епизоди кои беа инстант класика. Дури и последнава епизода спаѓа во таа група.

"Reincarnation" е поделена на три сегменти, секој со посебна приказна и стил на цртање, кој комплетно отскокнува од стандарниот. Три сегменти од епизодата, ги обединува Дијамондиумската комета, која на одреден начин е присутна во секоја од приказните. Првиот дел, "Colorama" е омаж на раните црно-бели цртани. Еден куп Дизни и Бети Буп референци, не само со стилот на цртање, туку и со дијалозите, музиката и се останато. Сегментот има посебен шарм, а љубовната приказна го прави уште посимпатичен.

"Future Challenge 3000" е вториот дел, комплетно претставен во 8-битна графика и автентична музика, елементи кои одлично ја доловуваат атмосферата од старите игрици. Интересен омаж на тоа време, надополнет со директни референци до некои познати наслови од тоа време. На крај, следува третиот и последен сегмент, за нијанса послаб од останатите два. Иако си имаше добри моменти, "Action Delivery Force" делуваше малку, сосема малку исфорсирано. Или, па ја бев уште под влијание на првите два и некако слабо го примив (that's what she said). Нацртан е во аниме стил, ама некако му фалеше целосна јапонска синхронизација. Фарнсворт беше легендарен со изгледот и гласот, а Бендер успеа да покаже со прст кон неколку клишеизирани аниме роботи. Приказната од последниот сегмент беше некако просечна, ама како целина "Reincarnation" е феноменална епизода.

До следната сезона, ќе се изгледа уште еднаш оваа. Првата половина од седмата сезона ќе се емитува следната година, додека за другата половина ќе почекаме до 2013.

September 8, 2011

Новите 52 на DC Comics

DC Comics месецов прават огромен чекор, ресетирајќи ги нивните стрипови, кои сега почнуваат од број еден. Вкупно 52 наслови. Слабо пратам DC изданија, читам нешто повремено, па ова е одлична прилика одредени стрипови да се фатат со ред. 52 е навистина голема бројка, повеќето не ме интересираат, па планот ми е да читам Бетмен, Супермен, Најтвинг и евентуално нешто што никогаш не сум го пипнал, а ми изгледало привлечно, како на пример, Swamp Thing.

Енивеј, новава линија би требало да биде поеднакво интересна за нови и стари читатели. Се започна крајот на август со Justice League #1, издание потпишано од легендарните Џеф Џонс и Џим Ли. Лично, не сум фан на Justice League, поради многу причини, една од нив е Вондер Воман, херој што секогаш ми бил прв на листата на најнеинтересни супер-херои. Сепак, изданието кое ја стартуваше 52-ката на DC, морам да признаам дека беше квалитетно напишано и феноменално нацртано. Средбата на Бетмен со Грин Лантерн е без дискусија епска ("So, you're not just a guy in a bat costume, are you?") и го прави цел број вреден за читање. Иако не ми е во план, може и понатаму да разгледам некоја од следните приказни на Justice League.

Detective Comics #1 ми е најдоброто издание од првава тура. Пресметка помеѓу вечните непријатели, Бетмен и Џокер и приказна која опфаќа огромен дел од она што го знаеме за Бетмен како лик и светот во кој егзистира. Запазени беа многу елементи својствени за Бетмен приказна. Брус Вејн треба да се појави негде како Брус Вејн, средба со Гордон кај бет-сигналот... Баш онака класична Бетмен приказна. Плус, потпишан е Тони Даниел, типот кој со Грент Морисон стои зад Batman R.I.P. и има работено на Spawn. Додека стигне новата тура DC стрипови следната недела, Batman R.I.P. ми е во план за читање, со надеж дека овој пат ќе го издржам до крај. А, да. Detective Comics #1 има едно неочекувано изненадување на крај. Баш ме интересира како ќе се одвива приказнава
понатаму.

Action Comics #1 го претставува младиот и бунтовен Супермен. Ликот тука има некои карактеристики кои некако ми се непознати, а пријатно го освежуваат ликот и му даваат малку поинаква димензија. Дури го нема ни костимот, туку е облечен во Супермен маичка и фармерки. Лекс Лутор се појавува како главниот негативец кој се обидува да ја убеди армијата колку е Супермен опасен за човештвото. Приказната е на Грент Морисон и баш сакам да видам до кај ќе забега. Откако го гледав Talking With Gods, типот ме заинтересира повеќе од било кога.

Од оваа тура, може ќе читнам уште нешто, па ќе ја скоцкам некој пост. Следната пристигнува на 14.09, а од таму прво за читање ми е Batman & Robin #1. На линков има убаво средена листа на сите изданија, а за дискусија околу истите може да се ѕирне темата на МакСтрипови форумот. Е, дури на 21-ви септември излегува стрипот за кој лично јас сум највозбуден и пресреќен што ќе го следам од прв број од новиот почеток. Batman #1, за чие цртање е задолжен еден од моите омилени артисти и еден од најталентираните воопшто, господинот Грег Капуло лично! Доколку некој се сомнева во неговите способности, може да ги провери изданијата на Spawn потпишани од него.

DC Comics веќе ме добија како редовен читател. Ова е супер прилика за сите заинтересирани да си ги почнат насловите баш од прв број, со свежи приказни кои верувам дека ќе ја држат публиката и понатаму. Ќе се обидам редовно да пишувам за новите изданија, макар и вака, од лаички аспект.

September 7, 2011

League of Legends Log #4: Brand, the Burning Vengeance

После тринаесет од петнаесет добиени партии со Brand, јасна ми е моќта на овој херој, кој неправедно го потценував. Го купив уште кога го пуштија, изиграв неколку партии и така остана заборавен до пред некој ден. Brand ретко го среќавав во противнички тим и најчесто ми бил лесен за тепање, особено кога сум играл со Malzahar. Почнав да го играм како што треба, научив што навистина може да направи и сега ми е на листата на петте најдобри херои во Лигата.

Brand, иако е добар и на средина, вистинскиот потенцијал може да се види во горната или долната линија, особено ако има поддршка од тенк или херој како Katarina или Akali. Со правилна игра која бара нешто повеќе од обично кликање, Brand може многу лесно да стане непобедлив. Спеловите се хранат со ability power, па така што првата склопка препорачливо е да биде Rylai's Crystal Scepter. Противникот ќе биде успорен секунда и пол, доволно време за комбото од спелови појачани со Blaze да биде уште поуспешно. Најчесто се случува Brand да остане сосем нечепнат во еден-против-еден борба.

Главната моќ на Brand, како што реков е ability power. Меѓутоа, ако се игра поагресивно, со спамување на спеловите, Brand знае да остане без мана, па за тоа препорачувам или руни за регенерација на мана, или друга опција, купување на Tear of the Goddess и потоа Archangel's Staff. Така ќе се реши евентуалниот проблем со маната и плус се додава ability power. Деновиве го играм и со spell vamp, чисто да видам како функционира и не е лошо, само што тој слот би можел да се искористи за нешто друго, како на пример Void Staff или Morello's Evil Tome. Се зависи од стилот на игра и останатите херои, ама генерално тој е AP билдот со кој Brand ги добива партиите. Исто така, задолжителни summoner спелови се Ignite и Flash.

Мене деновиве ми е најинтересен за играње и плус целата приказна околу него ми е тамански погодена. Оган и пламен мејџови, во било која игра да ги има, тие ми се првиот избор. И, додека сум на тема League of Legends, Riot Games го пуштија сајтот за Dominion каде што подетално е објаснето околу овој мод. Клик тука.