June 29, 2011

World of Warcraft F2P? Не.

Денес најактуелна е новоста дека World of Warcraft станува free-to-play. Кога го прочитав насловот на еден сајт, ќе се засркнев со кафето. Сите така ја пренесуваат ова вест која и не е нешто специјална.

За среќа, информацијата не е целосно точна. А, за што всушност станува збор? Blizzard нивниот trial ќе го нудат како 'бесплатна' варијанта на играта, што нели, е далеку од бесплатно. Единствената разлика што јас ја гледам тука е името на трајалот. Дали ќе се вика free-to-play, "free forever" или "Кој-не-игра-е-сељак" финтата е таа. Со ова, бесплатно ќе може да се левелира до 20-ка, златото е ограничено на 10, професиите на 100, а исто така нема пристап до пошта, аукција и чет. Разликата е тоа што временски не е ништо ограничено, значи играчите ќе може да бидат 20-ти левел до крајот на светот.

Зошто тогаш толкава галама околу ова? Јас би рекол, фин маркетинг Blizzard, да. Само што е некако алармантно што на ваков начин решиле да ја продаваат играта. Точно е дека губат играчи, се појавија многу игри, некои успешни, некои не, ама сега изборот е поголем. Чуден ми е потегов што го прават, мрчаторот во мене сака да каже дека веројатно и самите они се свесни дека играта одамна не им е тоа што беше. Сепак, ќе стојат цврсто уште неколку години, така да џабе ќе зборам. Додека не почнат да спојуваат сервери, не е толку страшно, нели?

Добрата работа е што веројатно WoW никогаш нема да биде бесплатна. Под бесплатна мислам на лошо имплементиран микро-трансакциски систем што ги јаде игриве од внатре, како пример, LOTRO. Иако голем дел од содржината е бесплатен, клучните работи би чинеле многу повеќе (месечно) од самата месечна претплата. Плукам на овој модел. Затоа зборам дека единствената бесплатна игра е League of Legends. Освен денови слободно време, со ништо друго не сум платил за играње.

Инаку, насловот нема врска со постов, ставен е така со надеж дека ќе извади некој од памет, ко мене што ми се деси. :)

June 28, 2011

Кога Torchlight II? Кога Diablo III?

Torchlight II

Годинава очекував барем една од игриве. Runic упорно ја поместуваат датата (беше пролетва, па јули, па крај на годинава), додека Blizzard не ни имаат дата. Се надевав дека летово ќе може да се игра Torchlight II, особено по сите најави за новите додатоци, како на пример co-op преку LAN, зошто од Diablo III нема никаков глас.

Runic од некоја причина ја одложуваат играта и стварно се надевам дека ја прават уште подобра од тоа што треба да е. Верувам дека сфатија за каква игра се гладни играчите и дека нема да промашат. Доколку е базирана на формулата од првата игра, со успешно имплементирани нови работи, гарантирам дека нема да има никаков проблем. Од скриншотите и видеата од разни гејмерски саеми и конвенции, Torchlight II изгледа сосема на место. Се надевам дека и приказната ќе биде на истото ниво.

Blizzard не згрешиле до сега и чекањето знам дека ќе се исплати. Ете, ќе си земам за право да ја приложам StarCraft II како доказ. Мислам, Blizzard се, сериозни се и не си дозволуваат да разочараат. Од Diablo III за среќа има квалитетни видеа, каде што убаво се гледа што може да се очекува овојпат. Преубаво дизајнирана игра, џам графика и детални анимации. Diablo како франшиза веќе си има приказна далеку поопширна од онаа на Torchlight, мислам, многу повеќе од два реда изговор за трчање низ пештери.

Ми се игра dungeon crawler. Единствено овој жанр RPG игри денес би бил добар ако ги оставиме ММОRPG-ата настрана. Баш пред скоро зборев дека денес останатото е тапа, ете и после The Witcher 2 можам да го кажам истото. Јебига, повеќе сакам изометриска камера и хек ен слеш, него конфузни контроли, беспотребни опции и ужасен гејмплеј. И искрено се надевам дека жанров ќе живне малце, ако не после Torchlight II, тогаш после Diablo III...

June 27, 2011

Benderama

Good news, everyone! Futurama минатата недела ја продолжија сезоната со две нови епизоди. Искрено, мене сезонава ми е супер. Освежени се после филмовите, одлично си тераат и веќе почнаа со 'класици' што ќе останат. Последнава епизода (затоа и насловот на постот таков) и "A Clockwork Origin" беа најдобрите од тековната сезона, како да ги извадиле директно од старите. Баш деновиве ги гледам и старите сезони и не приметувам голема разлика.

Spoiler alert

Доколку некој мислеше дека неможат да се носат со времето, ете, новиве епизоди го докажуваат спротивното. Ликовите се баш такви какви што ги сакаме и знаеме, а сценаристите успеваат да го одржат хуморот на ниво. Друга добра работа е тоа што Futurama ќе оди редовно до септември, па така да ете што ќе ја пополни дупката до новите сезони на сериите на Сет МекФарлејн.

Кога сум веќе кај анимираниве серии, да кажам и дека South Park имаа феноменална епизода, последната. Или денот ми се погоди така? Енивеј, епизодата била замислена како неофицијално финале на серијата, во случај Треј Паркер и Мет Стоун да решеле да сопрат. Веројатно не е точно ова, зошто после епизодава изјавиле дека ќе продолжат со нови епизоди.

И South Park немаа лоша сезона, иако крајно го тупат последниве неколку години, па затоа и престанав редовно да ги следам. Сепак, знаат да погодат нешто добро од време на време.

June 21, 2011

Game of Thrones: Крај на прва сезона

Вчера ја гледав последната епизода од првата сезона на Game of Thrones и сеуште неможам да се приберам. Прво, да кажам дека уште пред месец дена, ми направија спојлер за тоа што се случи во претпоследната епизода и баш ми е жал што не ми беше некое изненадување. Сепак, не знаев за настаните во финалево и ми е мило што тоа остана неиспојлерирано (ако ова е збор уопште).

Како и да е, сите десет епизоди од Game of Thrones беа феноменални. Приказна, сценарио, костимографија и најбитното, кастингот - апсолутно совршено и без ниту една маана. Ретко кога нешто ќе си го оправда хајпот, па дури и ќе постави нови граници. Токму тоа и се случи со серијата. Ги надмина сите мои очекувања и сега ме тера летово да ги прочитам и книгите, зошто втората сезона доаѓа дури следната година.

Постов и нема смисла понатаму без спојлери, кои во никој случај не планирам да ги споделам, затоа ќе завршам тука зошто онака сакав само да ја изразам мојата љубов и почит према Game of Thrones и хејтот за Џофри. Браво HBO за серијава, одамна се чекаше нешто волку квалитетно.

И за крај нели, Winter is coming! :)

June 12, 2011

RIFT викенд

Daily raid rift во Shimmersand.

Пред некој ден пак се претплатив на RIFT и ќе играм до следниот месец. Најбитното е што ќе играм на нов монитор, на пропер резолуција.

Додека паузирав месец и нешто, играта направила огромен напредок на повеќе полиња и тоа е секако за поздрав. Кога ќе ми текне низ што се помина. TRION покажаа дека не се плашат од конкуренција и цврсто стојат на нозе. Иако им требаше малку време, конечно почнаа да ја слушаат заедницата и да го остварат тоа што го бараат играчите. Самите рифтови станаа подинамични, еве секој ден налетувам на различен рифт, со различни предизвици. Инвазиите се исто така поинтересни, не се толку случајни, напротив, сега одат повеќе во прилог со приказната и светот. Мислам дека конечно играва го постигна она што се обидуваше од самиот почеток, да обезбеди нешто ново и различно од другите MMO-а. Првпат во MMO да осетам како светот е постојано во движење, цело време нешто ново се случува, за разлика од другите игри каде се е статично и одамна запрело (тебе ти зборам, World of Warcraft).

Foul Cascade на expert ниво.

Првпат имав прилика да трчам expert инстанца. Има нова опција што некако недостасуваше, Looking For Group (LFG) каде што системот автоматски групира пет играчи во случајна инстанца. Иако не е новост, голем дел од останатите ММО-а веќе го имаат ова, одлично се најде, бидејќи скратува време, особено за тие што не се во гилдови. Кога сме кај тоа, додека сум бил на пауза, гилдот во кој бев се растурил, па сега целата екипа е по разни гилдови. Денес најдов нов гилд, па деновиве кога ќе сум слободен ќе видам како изгледаат и рејдовите во RIFT.

Моментално ги пробувам и другите класи. Паладинот е интересен, ќе пробам да го излевелирам колку можам месецов. Инаку, цената на играта исто така падна, Offgamers ја нудат многу ефтино, а ваучер за еден месец играње е 550 денари. Барем толку беше кога јас го платив.

И, за крај, пак ќе кажам дека RIFT е моментално најквалитетното MMO што постои.

June 11, 2011

Paul (2011)

Со нетрпение го чекав Paul, зошто верував дека ќе биде еден од најквалитетните филмови за оваа година. Верував во Сајмон Пег и Ник Фрост, зошто дечките до сега не потфрлија. Paul е скроз друг муабет. Ќе се обидам без спојлери подоле.

Сајмон Пег и Ник Фрост се туристи од Британија, дојдени во САД за Comic-Con и посета на сите места поврзани со НЛО феномени, како Розвел, Областа 51, итн. На нивното патување, го среќаваат Пол, вонземјанин кој се обидува да си го спаси газот од експериментирање, откако со властите споделил голем дел од неговото знаење.

Пол е цар, и покрај бројните референци до американската поп-култура, е единственото нешто што вреди во филмов и го прави интересен. Референците се присутни во секоја втора реплика и ситуација, само Star Wars референци имаше десетина, можеби и повеќе. Од друга страна, Paul изобилува со глупости, до таа мера што на моменти е неподнослив. Како на пример, девојката од семејството креационисти, откако Пол буквално ќе и го докаже спротивното, ќе се претвори во најлошо напишаниот лик во последниве неколку години. Толку исфорсирани вулгарни реплики одамна немам сретнато. Немаше апсолутно никаква потреба ликот да забега во таква насока и секоја реченица да биде кованица од неколку . Затоа и сум разочаран од сценариото на Пег и Фрост, сметав дека не можат да паднат (толку) ниско. На моменти ме фаќаше срам од тоа што го гледам и упорно ми ја вреѓаше интелегенцијата. Очекував многу, многу повеќе. Се обидувам да сфатам што беше поентата. Јасно ми е мене колку е апсурден креационизмот, ја поддржувам критиката што сакале да ја упатат, беше смешно на почеток, а после беше жално.

За жал, филмот нуди еднократна забава и тоа онака, просечно, што исто ми се фаќа дали сум го гледал или не. Без глупоста што ја спомнав погоре, ќе беше многу подобро и на друго ниво. Што сакале да постигнат со таков клозетски хумор, не ми е јасно. Веројатно и се свесни дека само Американци се смеат на такви глупости.

И ете, потрошив пост на глуп лик, знам. Што да правам кога ми го упропасти цел филм...

June 4, 2011

Star Wars: Dark Empire (стрип)

Како што и претходно имам пишувано, да се најде нешто квалитетно во 'проширениот универзум' на Star Wars е вистинска реткост. Особено во книгите и стриповите издадени по, и за време на приквел трилогијата.

Dark Empire е првиот дел од истоимената трилогија, чиј прв број е издаден во декември 1991 од Dark Horse Comics. Приказната во Dark Empire се протега низ шест броја, по 30-тина страници, каде како сценарист се јавува Tom Veitch (познат по многу Star Wars стрипови), додека цртежите се на Cam Kennedy.

Dark Empire е вистинско уживање. Од самото сценарио и приказната, до оние текстови на крајот од секое издание кои се одлично стокмена мала енциклопедија за ликовите, локациите и се останато од Star Wars универзумот кое што се спомнува во стрипот. Дејствието започнува шест години по Return of the Jedi, односно смртта на Дарт Вејдер и битката на Ендор. Лук е веќе сериозно оформен како Џедај, а Хан Соло и Леа очекуваат дете. Империјата сеуште не е целосно поразена, а се појавува и нова закана во форма на оружје за масовно уништување, World Devastators, за кои се вели дека се поопасни и од било кој Death Star. Императорот се враќа назад посилен од било кога, развивајќи моќ со која може да ја пренесе сопствената свест во неговите клонови (не тие клонови од The Clone Wars, него Палпатин клонови). Лук, соочен со воскреснатиот Император, решава да ја прифати Темната Страна и судбината на неговиот татко.

Тоа што најмногу ме фацинираше во Dark Empire е атмосферата која е претерано блиска до оргиналната трилогија. Нарацијата е слична, приказната има класични елементи кои комплетно се вклопуваат едни со други и ликовите се тие, со одреден прогрес како што сме виделе во филмовите. Муабетот ми е дека доколку некогаш Лукас се решел за снимање на нешто по RotJ, ова би била совршената приказна. Без многу отскокнување од изворниот материјал, баш е некако логичниот продолжеток. Лук и Леа со единствените Џедаи, Сит лордови и слични измишљотини воопшто не постојат, а Темната Страна не зборува за црвени сејбери, force lightning и вилани чие име има префикс 'Darth'. Иако ова е една посебна тема која може да ја обработам во иднина, на кратко ќе кажам само дека дел од Темната Страна во оргиналната трилогија е претставен со механичките импланти на Вејдер. Нели, кога Оби-Ван кажува дека е повеќе машина отколку човек, звучи како и тоа да е директен продукт на Темната Страна? Слично нешто се случува и со Лук во Dark Empire. Да, темава дефинитивно ќе ја покријам во иднина.

Значи, заклучокот е дека стрипов е вреди да се прочита, а исто така и да се поседува на хартија. Јас го читав во електронска верзија, ама гледам дека комплетната DE трилогија е нешто помалку од 20 долари, па може да се набави во блиска иднина. Деновиве ќе ги читнам и другите два дела, па ќе пишам.

Види такоѓе:

June 1, 2011

Бесплатна игра на годината: League of Legends

Без двоумење, можам да кажам дека од сите бесплатни сериозни онлајн игри, League of Legends е упорно на првото место. Од моментот кога почнав да играм, Riot Games, компанијата која стои зад LoL, не сопре ни еден ден со развој на нивната игра. На две недели вадат нови херои и скинови, постојано ги балансираат старите, имаат секојдневна интеракција со заедницата и очигледно немаат намера да сопрат.

Последниве неколку месеци, самите играчи се задоложени за создавање на новите херои, преку тема на форумот каде што може да се предложи или да се гласа за херој. За разлика од другите игри кои се рекламираат како бесплатни, League of Legends е навистина бесплатна. Иако функционира со микро-трансакции кои нормално, се опционални, нема ништо во самата игра кое би им овозможило на играчите кои платиле да имаат некаква предност. Значи, главната разлика меѓу оние кои плаќаат и оние кои не, се скиновите, односно изгледот на херојот. Останатите работи кои може да се купат од продавницата на Riot се некои руни, пакетчиња за поголем XP и нормално херои, но истите се купуваат и со поени кои се добиваат бесплатно, со секоја изиграна партија и се лесни за собирање.

Друга работа која ја двои играва од останатите "бесплатни" е тоа што развивачите навистина се грижат за играчите, ги слушаат фалбите и поплаките и соодветно одговараат на истите. Не сум сретнал ниту една бесплатна игра во која заедницата има толку фер треман. Дури и при најмал проблем со серверите, што е навистина реткост, Riot Games се трудат да им надоместат на сите играчи преку мали, симпатични награди.

Од скоро, воведоа и нов начин на казнување на играчите кои не се однесуваат културно во самата играта, ги напуштаат партиите и влијаат негативно на тимот, преку систем кој се вика Трибунал. Сите играчи може да учествуваат во Трибуналот, каде што им се понудени профили на пријавени играчи и самите одлучуваат дали ќе ги казнат или ќе им простат. Секој играч дневно може да обработи десет пријавени играчи, каде што може да се види зошто одреден играч е пријавен и како се однесувал во играта.

League of Legends се избори и за место на WCG, така што на крајот од првата сезона, најдобрите играчи ќе може да се натпреваруваат за фонд од 100000$.

За регистрација на нов акаунт, може да се искористи овој линк.